† УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - Каменско во Охрид, 2018
„Мноштвото апостоли, на Сион собрани, со свои зборови го придружуваа божествениот и свет ковчег, викајќи: Каде одиш сега, Скинијо на живиот Бог? Не престанувај да бдееш над оние што пеат со вера: Ние, избавените, Го воспеваме единствениот Создател, и Го превозносиме во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).