Ко на пустина жител, а и трезвен првоборец,
тајник созерцателен бидна,
Јосиф, отче преподобен.
Со бдение, со молитви и пост,
небесните ги прими дарови.
Затоа моли се ти за нас,
зашто со вера смело воскликнуваме:
слава на Тој што т’осветли со сјај,
слава на Тој што те овенча,
слава на Тој што низ тебе
и нам ни дава благодат.
(тропар на преподобен Јосиф Исихаст)
Деновиве, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на светиот Старец Јосиф Исихаст, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат книгата „Житие, песнено последование и молебен канон кон преподобниот и богоносен отец наш Јосиф Исихаст“, во издание на Манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, и е посветена на светиот Старец Јосиф Исихаст.
Во поновата издавачка дејност на богослужбени текстови на македонски литературен јазик, овој скромен труд е прво издание, каде што, како додаток, Песненото последование и Молебниот канон се нотирани со источно-православна (византиска) музичка нотација.
НА ХВАЛИТНИТЕ СТИХИРИ
Глас 4.
На безмолвие чуварот,* богомудриот Јосиф свет,*
песни славни, дојдете,* принесете му,*
стремејќи кон подражание* на подвиг и трудови,*
и пречесниот свет збор* да го следите одлучно,*
вечно жителство* и застапништво од него барајќи,*
како потпора да биде* низ сите плотски боренија.*
Отче Јосиф преподобне,* на небесата човеку,*
и на Утешителот* чисто ѕеркало,*
ти низ подвизите постана,* со тоа што пострада*
и низ многу тешка страст,* за да можеш, преподобне,*
отче свештени,* да им помагаш сега ти на сите*
и молејќи се со смелост* кон Оној Кој те обогати.*
Тајновидец на благодат,* боговидец те спознале,*
штом со медот од тебе* се нахраниле,*
и од подвизите млекото,* и одат по патот твој*
мачен, тесен и со скрб,* и те следат, преблажене;*
пат си водешт кон* живот вечен и зерцање на светлост,*
себлагомудра на Христа,* на Богочовекот, премудре.*
...
И сега: богородичен, истиот глас:
Тебе Те ублажуваме,* Богородице Дево,* и Те
прославуваме* ние, верните, како што треба,* градот
Ти неколеблив,* стена Ти неразрушива,* непрекидно
претстателство,* и прибежиште на душите наши.*
Извор: МПЦ-ОА
28-ми август 2018 лето Господово