Рафаел Зоехлер - When I'm gone (Кога ќе ме снема)
Никогаш не сме подготвени и никогаш не е вистинското време за човек да замине од овој свет. Кога ќе дојде, ќе помислите дека не сте ги направиле сите работи кои сте сакале да ги направите. Крајот обично секогаш доаѓа изненадно, и претставува ужасен момент за вдовиците и досаден момент за децата кои не разбираат што е погреб (фала му на Бога).