Старец Емилијан Симонопетриски
Во ред, имаш страсти, но имаш и добродетели.
Имаш неверие, но имаш и вера.
Имаш морална расипаност, но имаш и морални начела.
Зошто ова не го земаш предвид?
Само на едно да внимаваш, да не станеш мрзливец, и да не се плашиш да ги преземеш своите одговорности. Немој да седиш и да велиш, ја имам оваа или онаа страст, па зарем јас сум христијанин? Ништо не правам во мојот живот…
Така ќе завршиш во униние, ќе ти попуштат нервите, и ништо не ќе можеш да направиш. За брзо време ќе ја напуштиш духовната борба и тогаш стануваш предавник!
Затоа, кога ти доаѓа мисла на твоите страсти, сети се дека имаш и добродетели.
И најголемиот криминалец, ако си го преиспита својот живот, ќе најде дека Бог му има дадено многу добри работи.
Нема да нѐ удават само нашите страсти, гревови, нашето неверие, нашата гордост, ѓаволот, но нас нѐ гуши, нѐ убива нашето предавство на волјата, нашето одлагање“.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев