Во денешното празнично Евангелие слушаме дека Христос побара и јадеше „парче риба печена и мед со саќе“ (Лука 24,42). Зошто се наведува овој детаљ? Според црковното предание, овој детаљ има многу значајно алегориско значење.
Што се однесува до рибата, знаеме дека иако живее среде соленото море, нејзиното тело не е солено, туку слатко. На сличен начин и Христос, кој живееше среде „соленото море на гревот“ на овој свет, не направи ниту еден грев, и во устата негова немаше лага (Иса. 53,9).
Исто така, Христос остана побезгласен и од риба кога ги претрпе спасителните страдања и ги прими нечуените измачувања и неописливи хулења. Што се однесува до медот и восокот, знаеме дека медот е сладок а восокот е за осветлување, затоа и се сметаат како символ на духовната радост и просветлување кои Христос им ги предава на верните после Неговото Воскресение. Исто така симболизираат, како прво, исцелувањето на големата горчина од гревот која ја символизира жолчката што му ја дадоа при неговото страдање, и второ, растерувањето на густиот мрак на гревот кој го симболизира мракот кој настана при при Неговото распнување.
Протоереј Георгиј Д. Драга
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Православна светлина бр. 42