логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT672
·
АКО ОПСТОИМЕ ‒ ЌЕ ПОСТОИМЕ
Возљубени...
                   Еве нè ‒ чедата на Македонската Православна Црква, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници, за да му кажеме „да“ на животот, за да ја возгласиме светоста на семејството ‒ оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили ‒ децата, од неприфатливи и наградувачки нови идеологии.
               Собрани сме за достинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту било кога, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Па, самиот нејзин живот и начин на постоење е непрестаен бунт, но не бунт против човек, туку против злото, против гревот и против смртта, во кои, за жал, пред нашите очи запаѓа светот.
                 Единствена цел на Црквата е да го љуби и да го преобразува овој свет, но не-поистоветувајќи се со него. Затоа и не се чудиме кога светот, од своја страна, не ја прима Црквата, туку ја отфрла како нешто што му е туѓо. И не само што не се чудиме, туку и не се грижиме, знаејќи дека Самиот Христос рекол: Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето, но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази.
Затоа, не треба да нè плашат бурите кога ќе се разбранува морето на овој свет, туку, напротив, тоа треба само да нè потсетува дека овој свет не е нашата крајна цел, и да нè охрабрува, за да продолжиме кон сигурното пристаниште во љубовта на нашиот Бог. Не треба да веруваме во подобар свет, ако во него нема место за Христа! А новото руво на исконската измама е дека Црквата треба да го прекине своето патување кон есхатонот и да остане тука ‒ во времето и во историјата, бидејќи овој свет ќе стане рај без Бога, а човекот – бог без Бога, па ќе може да го пресоздава светов и веков согласно критериумите на својот отпаднат од Бога ум и спротивно на поредокот вграден во природата од Создателот.
              И, кога најдобронамерно и секогаш љубовно и ненаметливо ќе кажеме нешто, се обидуваат да нè замолчат со промена на тезите за секуларниот, односно световен карактер на државата, секогаш, како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивно на Уставот на државата, а во кој Црквата и останатите верски заедници спомнати во него, имаат свое место и свои загарантирани права. Впрочем, секуларно општество не значи и безбожно општество!
            Ние немаме ништо против секуларниот менталитет на кој било поединец, па и на самото општество, но, се прашуваме: дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот!? Имено, свесни сме за плановите, намерите и желбите на организации и движења кои до таа мера зајакнаа во нашето општество што, некои од нив, навлегоа во државните институции, та и закони ни пишуваат! Закони, токму како оние два несреќни закона за родова еднаквост и за матична евиденција, кои насила и спротивно на нашата волја не само целат да ја секуларизираат Црквата, туку и да ја присилат да зборува и да се изразува со јазикот на некаков си светски поредок кој им е туѓ на словото и на духот на Апостолите, на светите отци и на Светото Евангелие.
             Затоа што самата Црква е мајка која во болка ги раѓа своите чеда не за смрт и не за овој свет, туку за Живот вечен и за Царство Небесно, ние сосема ги разбираме загриженоста и стравот на секого, а особено на родителите, од неизвесната иднина за своите деца, за децата на нашата Македонија, ако тие два закона или некакви си нови, ним слични закони, станат обврзувачка реалност
              Ќе потсетам: Црквата живее во Дух и во Вистина! Во истиот Оној Дух што слезе на неа на Педесетницата и ќе остане во неа до крајот на вековите! Нејзиниот пат, живот и вистина е самата нејзина глава ‒ Богочовекот Христос! Тој рекол: Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи. А низ историјата Црквата пресретнала и надживеала многу идеологии и многу лажни вистини кои му ветувале ослободување на човекот. Честопати Црквата својата Вистина ја сведочела со маченичка крв, наспроти времениот карактер на вистините на овој свет. Денес, светот го окупира и покорува една нова идеолошка пропаганда, на која еве и овде, во нашето општество, ѝ го гледаме вистинското лице. Ни се подметнува поимот „род“, поим кој е свесно избран, поради тоа што во нашиот јазик и сфаќање има најчесто убав контекст, но во намерите на родовите теоретичари и идеолози тој не носи ништо добро.
                Вистината, возљубени во Господа, секогаш ослободува! Таа никогаш не покорува и не заплашува! Вистината нема потреба да граби за морална супериорност, притоа искористувајќи ги жените и децата за да биде прифатена, како што тоа го прават некои современи конвенции, налик на Истанбулската, кои, под плаштот на заштита на жената, сакаат да ни подметнат нешта кои ќе ја загрозат и повредат токму жената, која е столб на семејството, а со тоа и столб на општеството. Затоа и денес сме собрани тука: јасно и гласно да ја кажеме вистината, наспроти професионалните експерти за менување тези, кои се занимаваат со сѐ останато, а најмногу со тоа што мисли Црквата за жената, само не со заштита на женските права.
             Со векови, во својот поглед кон жената, Црквата стои со свештен трепет. Жената, во учењето и животот на Црквата, не само што не е немоќна, туку напротив, токму таа во Своите кревки мајчински раце Го држи Оној што ја одржува во постоење сета вселена ‒ семоќниот Бог. Пред таа сила треперат и ангелите и луѓето! Токму таа на Своите гради Го храни како мало дете Оној што дава храна на секое тело. Токму жената, и особено жената мајка, ја дава надежта на светот ‒ љубовта. А љубовта секогаш е несебична, жртвено себепринесувачка, и токму поради тоа, во нашата претстава, жената е икона на љубовта, и затоа, да не дозволиме мајчинството да биде осквернето со ничии новоисковани поими. Велат дека ќе ја ослободат жената од стегите на Црквата и од прангите на патријархатот, а во реалност ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи, кои никогаш нема да бидат жени во вистинската смисла на зборот, и токму на тој начин му даваат легитимитет на насилството врз жената.
                  Жените во Македонија, верувам, не сакаат таква лажна еднаквост и такви лажни права, и не сакаат да ги ослободувате од Црквата, бидејќи токму во Црквата ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни, успешни и реализирани жени, кои во Црквата доаѓаат радосно и слободно, и во ова време сè повеќе гледаат во мајката Црква сигурно засолниште од овој заразен бунт против поредокот востановен од Создателот. Впрочем, еве, голем дел од вас - жените, и вечерва сте тука, дојдени од сите краеви на Македонија, за да посведочите дека не го сакате ропството што некој го нарекува слобода ‒ ниту за себе ниту за своите деца. Па, токму во вас, возљубени баби, мајки, сопруги, сестри и ќерки, ја чуваме надежта за подобро утре, поради тоа што секогаш кога било најтешко, а тоа е тогаш кога треба да се стои стамено под крстот, жените стоеле и достојувале и во Евангелието Христово, и во историјата на нашиот македонски народ и кај сите богољубиви народи. Затоа и веста за радоста на Воскресението е дар за сиот човечки род најпрво пренесен токму преку жените. Оттаму, во свеста на Црквата жената е Богородица и апостол на Воскресението и на вистината за Христа.
                     Возљубен верен народе: Самиот Господ Христос порачува: Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е џарството Небесно. Но, оваа идеологија, несомнено, е една од најтоталитарните што ги видело човештвото досега, и, речиси, како ниедна друга во историјата се има насочено директно против оваа Христова заповед и против децата. Па, ако децата се иднината на светот, тогаш кој друг сака човекот да нема иднина, ако не оној за кого знаеме дека е непријател од почетокот.
Но, сведоци сме, веќе неколку години, за реформите што се направија или се прават во образовниот систем и кои галопирајќи трасираат пат за таканареченото родово сензитивно образование, кое треба да кулминира со сеопфатно сексуално образование. Во нашите училишта без согласност на родителите се делат наставни листови кои промовираат хомосексуалност и истополови бракови... Апелираме да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и со сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото лишување на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. И, конечно, до кога нашите деца ќе учат од учебници чии што содржини се диктирани од туѓи држави и од туѓи центри? А што да се каже за веронауката во нашето образование?! ‒ Дваесетина години се потценети и предметот, и предавачите, и Црквата со верските заедници и сите ние. Само во Македонија, за разлика од повеќето земји во Европа, кон која стремиме, како и од сите поранешни Ју републики, само од македонското образование, со мали исклучоци е „избркан“ Господ. Ете таков ни е односот кон верата и кон Бога!
                         Но, најголемиот дар Божји, даден на човекот, е токму слободата. Во неа слободно и непринудно избравме да ги љубиме Бога и човекот, не исклучувајќи ги и непријателите, коишто, впрочем, ни се непријатели затоа што тие нас нè сметаат за свои непријатели, а не затоа што ние ги сметаме нив за наши непријатели. Ние сега сме доведени во состојба да се бориме за правото на мислење, правото на говор и правото слободно да ја браниме својата вера. Знаеме многу добро чии слуги сме и кој е нашиот Господ. Робови на луѓе не можеме и нема да станеме, особено не тогаш кога се подготвува пат за нови „вери“ и нови „богови“, кои во одредени свои постапки, како што гледаме на многу места од светот, се однесуваат тоталитаристички. Верата ќе опстои до крајот на вековите и силните на денот нема да ја надвладеат, но ние мораме да останеме верни на учењата што ни ги пренесоа нашите предци.
                Затоа, возљубени присутни ‒ чеда на Македонската Православна Црква, на Католичката црква, на протестантските цркви и на Еврејската заедница, ве замолувам вас и сите луѓе со добра волја, непоколебливо да опстојуваме во нашата праведна борба за одбрана на семејството и за запазување на ликот Божји во човекот. ‒ Дај Боже да опстоиме, за да постоиме!
                      По молитвите на Мајката Божја ‒ Пресвета Богородица, на светиот Климент Охридски и на сите светии ‒ така нека биде! Амин!

TVIT673


Г.г Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски

 29.06.2023 лето Господово

 Tiveriopom.mk

 

Друго:

Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени: Протест против законите за родова еднаквост и матична евиденција

https://mk.voanews.com/a/7160761.html

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная