Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција (29.06.2023 18:07)
Со благослов на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 29.6.2023 година, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по завршувањето на Вечерната богослужба и на Молебниот канон кон Пресвета Богородица, се одржа сенароден собир против содржината на двата закона: за родова еднаквост и за матична евиденција. На овој масовен собир, народот едногласно и категорично се спротивстави на овие закони и на нивното имплементирање. Следствено, истиот помина во мирна и достоинствена атмосфера.
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7834