Отец Хараламбос Пападопулос (отец Ливиос)
Знам дека често пати се чувствуваш дека не успеваш ништо. Дека пак си паднал во истата страст, истата грешка, во оние кои те прават да се чувствуваш слаб, виновен и непокајан. А си дал ветување пред Бога и пред себе. Си рекол, „никогаш повеќе нема да го направам тоа“. Си коленичел на молитва за тоа прашање со срце полно со болка, но и со надеж, дека нема повторно да се случи.
Но, пак дојде, пак ја сретна, страста, слабоста, грешката и пропустот. Чувствуваш дека ништо не се сменило, дека сѐ е исто, дека сѐ е од почеток.
Но не е така. Попусто се удираш себеси, па дури и посурово од сите џелати и мачители. Знаеш што? Твојот поглед е најсуров.
Кога се наоѓаш на некој пат и се движиш, тоа значи дека си стигнал до целта. Може да паднеш, да се повредиш, да се извалкаш, па и да се изгубиш, но не престанувај да бидеш на патот. Светиот Златоуст еве што вели: не е најстрашно да паднеш, туку да останеш долу.
Advertisements
Report this ad
Колку егоизам е потребен за да посакаш да стигнеш веднаш на крајот, уште пред да почнеш да се движиш. Не гледај што можеш и што поднесуваш секогаш, туку што и како би требало да бидеш. Не гледај што си, туку што треба да бидеш. Тоа е симбол на смртта. Тоа е сигурен неуспех.
Кога те имаат врзано со јажиња, а тоа се страстите, не може да се ослободиш веднаш. Но секој пат кога се бориш и се подвизуваш, дури и да не се имаш ослободено, ќе го разлабавиш барем малку стегањето, јажињата ќе станат поудобни. Значи си стекнал малку слобода. Но ти не го гледаш тоа. Не го чувствуваш? Чувствуваш дека си ист па и полош. Зошто?
Бидејќи не си научил да ги цениш простите лекции, бавните чекори, хармоничниот ритам. Сакаш познати и чудесни нешта, сакаш високи и величествени, сакаш да не болуваш и да не плачеш, сѐ да биде безболно и многу брзо, како твоето јадење, твоето пиење, твојот мобилен телефон, твоето возило, твојата љубов.
Не сфаќаш дека нема значење патувањето, туку патот. Оти тоа те поучува.
Оти еден пад може да ти даде многу поголема полза, отколку една твоја „добродетел“.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Јуни 2023 лето Господово