Поуки од свети Макариј Велики (1)
Душата, која вистински Го сака Бога и Христа, ако направи илјадници праведни дела, со ненаситен стремеж копнее кон Господа, мисли дека уште ништо добро не направила; ако го измачи своето тело со пост и бденија, останува со чувство како уште да не започнала да се труди за придобивање добродетели; ако се удостои со различчни духовни дарови или со откривање и на небесните тајни, поради својата неизмерлива и ненаситлива љубов спрема Господа,