логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Беседа на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф – по повод патрониот празник Свети Климент Охридски, чудотворец

Нашиот архипастир

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Помнете ги вашите наставници што ви го проповедаа словото Божјо
и имајќи го пред очите крајот на нивниот живот,
подржувајте ја верата нивна!
(Евр. 13,7)
Драги браќа и сестри,
Денес го славиме споменот на свети Климент Охридски. Овој празник е од особено значење за нас како верници на нашата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, бидејќи со својата рамноапостолска дејност свети Климент како гласник на предвечната премудрост и вистина неизбришливо се вгради во целокупната црковна историја.


Свети Климент Охридски слободно може да се нарече втор апостол Павле за Македонија. Во својата богата дејност најмногу настојувал да всади во луѓето вистинско христијанство. Успеал да го всади евангелието во црквата, во просветата, во образованието, во книжевноста, во државодворството и во општествените односи. Се трудел морално да ја препороди секоја човекова личност и да воспостави високоморален поредок во сите сегменти во животот на својот народ. Во сите сфери ја сеел љубовта, која ја имал во изобилие кон Бога и кон сите луѓе и народи. Ние во свети Климента како наш патрон и чувар – ја наоѓаме основата на нашиот јазик, просвета, црква, култура, книжевност, творештво и дух.
Поради ова, сто го сторил светиот Климент, нашиот патрон и заштитник во својот живот како епископ многу бргу по неговата смрт е канонизиран за светител. Тој според својот живот и дело се покажува дека е една од најголемите свети личности за Православието и светител, кој треба да ги обединува сите православни христијани.
Размислувајќи со каква поука да Ве посоветувам денеска – јас не би Ве советувал ништо повеќе од она што го кажал нашиот Просветител пред 1101 година. Читајте ги неговите дела и мошне ќе научите. Тие негови светли зборови и поуки до сега не успеал никој да ги надмине. Неговите беседи изобилуваат со поуки, кои се живи и за нас денес. Во една своја беседа, поучувајќи нѐ вели: „Браќа, да не бидеме мрзливи, и ние, кога имаме таков милостив Господ, туку да отфрлиме од себе секаква злоба, завист, клевета, срамни дела и недолични постапки, и со чиста совест да дојдеме во Божјата Црква и, со страв стоејќи во неа, да бараме прошка на гревовите и вечен живот, за да бидеме достојни да пристапиме кон пречистите тајни на телото и крвта Христови. Зашто тоа дело Божјо (светата Причест) нѐ прави достојни заедничари на Царството небесно“. Свети Климент како епископ и просветител бдеел врз народот и постојано го поучувал, сакајќи сите луѓе да дојдат до просветлението.
Она што особено мене ме предизвикува да зборувам за нашиот Архипастир е неговото чувство и осет за работа со младиот човек во Универзитетот, кој тој лично го основал и со тоа е и првиот Вероучител на овие простори. Тој како никој до сега знаел дека само просветлениот млад човек може безбедно да чекори во животот и да допринесува за подобро утре, не само за себеси, туку и за оние покрај себе, за опшеството, а со самото тоа и за светот околу себе. Да се има околу 3 500 ученици, да се грижи за нивното образование во тоа време не е воопшто мала работа. Тој ни дал пример на неуморлив архиереј и просветител. Пренесувајќи им ја евангелската порака на своите ученици со смирен глас им говорел дека не е доволно само да не правиме зло, туку да правиме добро: „Прави го она што сакаш тебе да ти го прават другите“ (Матеј 7,12). Житописецот пишувајќи го неговото житие, меѓудругото го запишал и следново сведоштво: „Тој го хранел народот со Словото, Овој вистински леб, што ги закрепнува срцата, но во исто време не заборавил да ги храни и телесно, оние што гледал дека имаат потреба од таква храна ... Затоа, тој беше и татко за сираците и им помагаше на вдовиците, за кои што секогаш се грижеше. Вратите кај него биле отворени за секој човек и не оставал никој да ноќева надвор од нив...“. Токму поради сето ова драги браќа и сестри - немаме подобар образец за следење од свети Климента.
За жал, ние во денешницата како да ги заборавивме Светоклиментовите дела и идеали. Духовната ситуација на нашето време ја одликува непостоењето солидна и стабилна вистина. Абнормалноста се наметнува да биде прифатена како нормалност. Живееме  во време кога се губи чувството и осетот за грев и на вина, во време на симулирање покајание и простување. Тоа се некои карактеристики на денешниот контекст на реалноста и на животот. Науката, пак се бори да го задржи запоседнатиот монопол да ја објаснува реалноста. Педагогијата се оттуѓила од философијата и со тоа го изгубила својот фундамент, а идејата на образованието ја раскинала таа врска со божественото, и ја изгубила од вид личноста. Училиштето не ја развива способноста за критичко мислење, туку тоа е простор за двојна доктрина и индоктринација, па повеќе не се поставува прашање за односот на науката спрема вистината. Образованието денес не ги рефлектира и не ги емитува вредностите како ориентација во водењето добар живот. Воспитанието нема за цел да развива слобода и одговорност, морал и обичајност и, воопшто, врска на личноста со вредностите. Самосвојноста на личноста е непожелна, карактерот претставува пречка, а солидарноста е обременета како отежнувачка социјална околност. Тоа се некои карактеристики на денешниот контекст назнаење и образование. Поради сево ова младиот човек се среќава со комплексни и со драматични егистенцијални проблеми и со деликатни ситуации на морално одлучување.


Одалечувајќи се од Светоклиментовата традиција на просветителство и образование – ние како да се одрекуваме од нашите корени. Со доза на искрено жалење – морам да ја нагласам огромната загуба, која ја трпи младиот човек, а со тоа и нашата држава и Црква – како последица од укинувањето на Веронауката како школски предмет, кој денес воопшто и да не постои. Верувајте загубите се огромни. Гледајќи ги младите насекаде околу нас, кои се понижени и навредени, отуѓени, дрогирани и пијани, ранети и смртно болни, во метафизичкото студенило на техно – транс и рејв – журките, во сивилото на поправните домови и на урбаниот пекол – ние ќе мораме што побргу да дејствуваме, да најдеме најсоодветен начин, да му посветеме соодветно внимание и грижа на младиот човек – онака како што светиот Климент во свое време се грижел за младите во својот Универзитет. Црквата како свештенството така и секој верник, родител и кум треба да  бараат нови начини на работа со младите поколенија во новите современи услови потребен е радикален пресврт, нова насока на движење и пренасочување на енергиите. На младите им е потребена Црквата и обратно, бидејќи и Црквата има потреба од младиот човек, кој е иднината на овој свет, на нашата Помесна црква и држава. Затоа сите христијани, а особено ние свештените лица имаме огромна одговорност кон младите луѓе што доаѓаат во Црквата. Мораме да ги научиме на одговорноста во смисла да ги придвижат нивните души, кои се исполнуваат само во телесни активности, а ние ги сфаќаме на вистински начин. Најлесно е да му кажеме на младиот човек „немој да го правиш тоа“ – такви пригоди тој слуша од сите страни, а бунтовен, како што е, само го тераат во подалечна изолација. На младиот човек треба да му се отвораат нови видици, да му се дава подлабока смисла на секое прашање кое, можеби и несвесно, го поставува, да не се шаблонизира. Никој не вели дека тој труд стопроцентно ќе роди плод, но треба да го правиме она што зависи од нас.
Човекот без разлика на возраста најповеќе греши од незнаење. Сѐ се учи, а верата за да се живее – мора да се знае. Токму затоа апелирам од овој амвон сите заеднички да се потрудиме да ја воведеме Веронауката како школски предмет, кој ќе се изучува по училиштата и во храмовите. Таа значително ќе помогне во оформувањето на зрелата личност. Сметам дека Веронауката, како сознајно – доживувачка и разбирачка средба со верата ќе ги постави сите егзистенцијални прашања на младите за да им помогне да стекнат отвореност за длабоки димензии на реалноста и за религиозно искуство на трансцеденцијата, за да ги поттикне на одговорност во социјалната комуникација и во животните одлуки. Така веронауката не би била само морална, туку и начин на саморазбирање и облукување на животот од духот на верата, живот во кој содржината на верското предание може повторно да добие благородна смисла. Веронауката треба да ги облагороди младите за да можат тие да го облагородат светот. Соодветното верско образование и воопшто порастот на верската култура влијае и на ублажувањето на можниот верски фанатизам и на покажување на демократската култура, дијалог, толеранција и почитување. Проблемот на дијалог, па и меѓурелигиски, не е во тоа дека ние треба да се одрекнеме од оние свои уверувања и вредности за кои наивно претпоставуваме дека наводно се пречка за дијалог; напротив: своите уверувања и вредности треба да ги вклучиме во дијалог за да не биде дијалогот механичка средба на жителите и бесплодна размена на информации. Не е можно да се одрекнеме од сопствените вредности и уверувања за да ги почитуваме туѓите вредности и уверувања. Компромисот не е во одрекувањето од себе туку во признавањето дека и другиот има права. Тоа најдобро го знаеме кога се држиме до своите права. Едно од нив е правото на веронаука.
Почитувани верници,
Младите можат да се вратат во Црквата само ако тие, охрабрени и раководени од опитот на своите воспитувачи, доброволно и со јасно расудување го направат решавачкиот чекор кон живото учество во соборниот живот на Црквата. Не само дописно учество или симпатизерство, измешано со патриотизам и традиционалистички украси. Не како трагачи по некаков фолклорен и метафизички идентитет.
Црквата им припаѓа на младите доколку тие ја препознаат како најскапоцениот бисер на своето постоење и бидат подготвени да продадат сѐ што имаат, секое мнение и прерасуда, секое суеверие и страсто поклонство, за да ја стекнат неа, Црквата, како свое законито наследство. За тоа е потребна мудрост и посветеност, и од родителите, и од учителите, и од црковните пастири. Веронауката, правилно разбрана и применета, може да биде клучната состојка во образувањето и воспитувањето на нашите идни генерации.
На крај упатувам една заедничка молитва кон светиот Климент Охридскиот чудотворец, кој подеднакво се молел на земјата додека бил жив, а сега уште повеќе во Царството Божјо на престолот на Пресветата Едносушта и Неразделна Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух – да го моли Бога да ни даде духовни сили и мудросен разум, па што поскоро младиот човек во своето образование го добие она кое му припаѓа како свое потполно право (веронауката).
По светите молитвите на нашиот Просветител, Господи Исусе Христе помилуј нѐ! Амин.

 

p.p



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная