Твојот Господ е Љубов; сакај Го и во Него сакај ги сите луѓе како Негови чеда во Христа. Твојот Господ е Оган; не биди студен по срце, туку гори со вера и љубов. Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без вера. Твојот Господ е Бог на милоста и штедроста; биди и ти за своите ближни извор на милости и штедрости. Ако бидеш таков, ќе добиеш спасение со вечна слава.
Извор: МОЯТ ЖИВОТ В ХРИСТА, Том 1, част 1 (209)
Преземено од: Маран Ата