„Како ќе реагираш ако ти причинам болка? А јас како ќе реагирам на болката која ти ми ја причинуваш? Токму тука се разоткрива квалитетот на нашата взаемна љубов.
Ако се однесуваш кон мене така како што сакам - тогаш се' ќе е во ред, односите ќе ни бидат одлични, јас те сакам и ти ме сакаш. Љубовта тогаш ни се врти околу личното „его".
А кој сака вистински и без услови? Кој љуби и кога го повредуваат и му причинуваат болка? Знаеш ли кога ќе се докаже дека љубовта ни е вистинска?
Кога нешто ќе се случи и се судриме. Кога меѓу нас се случи недоразбирање и ме навредиш. Кога ќе се скараме. Ако и тогаш продолжам да те сакам, значи во мене има нешто вистинско.
За таа цел треба да гледаме ОТАДЕ случувањата, да ги гледаме скриените нешта. И во моментот на повреденост да си спомнеме за вистини кои често ги забораваме: а тоа е дека Бог ќе изведе од ова нешто добро, дека го допуштил тој конфликт со цел да настане смирение и за двајцата, дека имаш една прекрасна душа и покрај грозното ти поведение."
Архим. Андреј (Конанос)