Ана Стојаноска: ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО МАКЕДОНСКАТА ДРАМАТУРГИЈА
Примерот со Гоце Делчев директно упатува на значењето на еден историски лик и неговата преобразба во легендарен, а со тоа и дел од уметничките креации. Теоријата на литературата, поточно, на оној дел посветен на анализата на митологијата, покажува на кој начин историскиот лик со комплексниот пристап и сврзувањето на митемите станува легендарен, а подоцна и митски.