Свети Макариј Велики - Мрачната состојба на паднатиот човек
Душата не е создадена од Божјата природа, ниту е од природата на лукавата темнина, туку е разумно создание, исполнета со убавина, голема и чудна. Таа е прекрасно подобие и образ Божји, а лукавството на темните страсти навлегло во неа, поради непослушноста и престапот.