Долго време немало дожд во Лесново и селаните дошле да го молат отец Гаврил да се помоли на Бога да им испрати дожд. „Дојдете, ајде сите да се молиме на Бога…“ и среде молитва, за чудо и радост на сите започнало да врне дожд. Селаните започнале да му благодарат за молитвите, а отец Гаврил им се обратил скромно со зборовите: „Никогаш не ги препишувајте чудата на себе… Не сум тоа јас… “
„Манастирот е чудотворен и свет, а и тие што доаѓаат добиваат исцеление!“
Неговиот свет, подвижнички и многустрадален живот, чистотата на верата, како и многубројните чудеса, за време на животот, но и по смртта, се сигурен показател дека тој е примен во населбите на светителите, и таму, пред престолот Божји се моли за неговите духовни чеда, за верниот народ на нашата света Македонска православна црква како и за сите кои со вера го повикуваат.
15ти септември 2019 лето Господово