Свети Димитриј Херсонски: Поука (20.01.2022)
„Светата вода има сила да ги осветува
душите и телата на сите што ја користат.
Ако се користи со вера и молитва,
таа ги лекува сите наши телесни болести“.
„Светата вода има сила да ги осветува
душите и телата на сите што ја користат.
Ако се користи со вера и молитва,
таа ги лекува сите наши телесни болести“.
За Него сведочи Отецот дека Му е возљубен Син, а јас станувам син Божји заради Него!
Нему небесата му се отвараат, а јас влегувам во нив!
Му се јавува вишното царство на Оној што се крштева, а јас го наследувам.
Зошто луѓето грешат?
Старецот вака одговори: „Или затоа што не знаат што треба да прават и што да избегнуваат; или, ако знаат, забораваат; или, ако не заборават, се мрзливи, обесхрабрени. Напротив: бидејќи луѓето се многу мрзливи за делата на
Неговиот свет, подвижнички и многустрадален живот, чистотата на верата, како и многубројните чудеса, за време на животот, но и по смртта, се сигурен показател дека тој е примен во населбите на светителите, и таму, пред престолот Божји се
Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Родителите кои се караат меѓу себе пред децата, се налик на бик, кој влегол во
Но, во светот, има големи и прославени луѓе кои не само што давале данок, туку принесувале дарови, удостојувајќи се со високи почести, благодети и почитување. Така и светите отци не само што ги зачувале заповедите, туку и дарови Му принесувале на Бога. Овие дарови се девственоста и сиромаштвото. Овие не се заповеди, туку дарови. Никаде не е напишано: не земај жена или немој да раѓаш деца“.
Ако самозадоволниот ум, подвизувајќи се во смирението и одрекувањето од сопствената волја, одново и одново раѓа во себе интелектуално сфаќање на духовниот живот, тој е лишен од секаква благодат и се враќа, како куче, на својата повраќаница, конечно потонувајќи во своите заблуди.
Еднаш, за време на војната, снемало храна во сиропиталиштето во Шангај. Свети Јован продолжи да носи нови деца, од кои некои имале родители, но многу сиромашни. Ги имаше околу деведесет.
Гневна од зголемениот број на деца и недостигот на храна, госпоѓа Шахматова (на фотографијата) му рече
Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека, пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство.
Милостивиот Господ не би ни испраќал никакви таги, но маката е во тоа што повеќето од нас не знаат како да се спасат поинаку. Се случува Бог преку болеста да заштити некои луѓе од неволји, кои тие инаку не би можеле да ги избегнат доколку се здрави.
Само едно е значајно: да го зачуваме интензитетот на молитвата и покајанието. Тогаш, смртта не ќе биде пад, туку премин во Царството, за кое ќе сме подготвени преку причестувањето со Телото и Крвта Христови, преку молитва и повикувајќи го Неговото Име: „Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нe нас и Твојот свет“.
Како што веќе кажавме, знаењето дека Бог постои е всадено во нас природно. Но, бидејќи омразата на лукавиот спрема човекот станала толку голема што некои од луѓето ги одвлекла во најнеразумната и најстрашна бездна на пропаста – дотаму да тврдат дека Бог не постои – та поради нивното безумие толкувачот на Божествените слова, Давид, морал да напише; Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог“ (Псалм 14:1),
Ваквиот одговор ме поттикнува на прашањето: како философијата може да му даде смисла на човековиот живот, кога така го решава кобниот проблем за смртта? Всушност, разните философии не се ништо друго освен аритметика на песимизмот. Кога човек од ивицата на гробот го набљудува светот, тогаш ниту една философија не може да ја заслади горката тајна на смртта.
Пред проблемот на смртта издивнува и самата наука. Многумина зборуваат: науката е сила, науката е моќ. Но, кажете: зарем е сила онаа што е – бессилна пред смртта, во самата суштина сила? Зарем е моќ онаа што е немоќна пред смртта, во самата суштина моќ? Нема сили освен онаа што ја победува смртта. Велат: науката е човекољубива.
„И јас еднаш видов смирен човек во еден манастир, кој на никого не му одвраќаше; сите го прекоруваа, а тој премолчуваше и си реков: ’Овој ќе да е многу свет!‘ Отидов да ја дознаам неговата тајна и се разочарав. Зошто?
И затоа грижете се на да ги направите богати, туку да ги направите побожни, господари над своите страсти, богати во добродетелите. Придонесете да не го бараат она што им е непотребно, и земните богатства да ги ценат онолку колку што и вредат.
Затоа, не вели го, дете мое, тоа што ти го кажува ѓаволот за старецот : дека на старецот не му е гајле за тебе, дека тој не обраќа внимание на твоите тешкотии и потреби. Како може да не обраќа внимание оној што страда заради вас?
Биди внимателен. Остави ја таа мисла и пројави трпение,
Црквата Христова не ги заборави духовните подвизи на свети Јован Златоуст. Речиси секој ден во храмовите се изведува Литургијата, составена од него; го слушаме неговото слово во Велигденската ноќ - повик да се влезе во радоста на Христовото Воскресение. Повеќе од илјада негови пастирски учења и писма, толкување на Светото Писмо, неговиот
Гoрдoста e ширoк прoзoрeц прeку кoј брзo сe вeтрeат нашитe заслуги и ситe дoбри дeла. Прeд луѓeтo ништo нe нè прави тoлку празни, ниту прeд Бoга така нeдoстoјни какo гoрдoста. Кoга Гoспoд нe e гoрд, зoштo ниe да бидeмe? Кoј има пoгoлeми права oд Гoспoда да бидe гoрд, Кoј гo сoздал свeтoт и Кoј сo Свoјата сила гo oдржува? И глeдај, Oн сe пoнижи какo слуга, какo слуга на цeлиoт свeт; дo смртта, смртта на крстoт!
Господ му дал такви услови на човекот за односот кон ближниот, кои не претставуваат ништо тешко за исполнување. Тој вели: “Како што сакате да постапуваат со вас луѓето, така и вие постапувајте со нив” (Мат.7: 12). Гледаш ли дека Тој не пропишал ништо туѓо, туку речиси истото што го барал претходно и