логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer700

Во тоа дека Бог постои не се сомневаат ниту оние што го прифаќаат Светото Писмо – и Стариот и Новиот Завет – ниту, пак, повеќето од Елините, Како што веќе кажавме, знаењето дека Бог постои е всадено во нас природно. Но, бидејќи омразата на лукавиот спрема човекот станала толку голема што некои од луѓето ги одвлекла во најнеразумната и најстрашна бездна на пропаста – дотаму да тврдат дека Бог не постои – та поради нивното безумие толкувачот на Божествените слова, Давид, морал да напише; Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог“ (Псалм 14:1), учениците на Господа и Негови апостоли, исполнети со мудрост преку Светиот Дух и правејќи чуда преку Неговата сила и благодат, ги фаќале таквите луѓе во мрежата на чудата и од длабочината на незнаењето ги извлекувале на светлоста на богопознанието, На сличен начин и нивните наследници на благодатта и на достоинството – пастирите и учителите – примајќи ја просветлувачката благодат на Духот, со силата на чудата и со благодатни зборови, ги просветлувале оние што оделе во темнина и заблудените ги враќале кон Христос. Ние, пак, коишто не ги примивме ниту дарот за правење чуда ниту благодатта за поучување [зашто, поради нашата приврзаност кон задоволствата, станавме недостојни], сакаме да изнесеме дел од она што ни е предадено од страна на толкувачите на благодатта, повикувајќи Го на помош Отецот и Синот и Светиот Дух.

            Се што постои е или создадено, или несоздадено. Ако нешто е создадено, тоа е и променливо; зашто, нештата чие постоење започнало со промена, и самите безусловно подлежат на промена – додека не пропаднат или не се променат според сопствената волја. А она што е несоздадено – следејќи ја истата логика – е и непроменливо: зашто, ако нешто ѝ е спротивно на природата на сопственото постоење, тогаш и поимањата за тоа како тоа постои, односно за неговите квалитети, исто така се спротивни. Кој, тогаш, нема да се согласи дека се што постои и што ни е достапно преку нашите сетила, па дури и ангелите, се менуваат и се преобразуваат, и се движат многуобразно? И дека она што му е достапно само на умот – мислам на ангелите, на душите и на демоните – се менува според сопствената волја, дека напредува во доброто или се оддалечува од него и дека се издига или пропаѓа? И дека останатото се раѓа и умира, расте или се смалува, го менува својот квалитет и местоположбата? Оттука следува дека она што постои е и менливо, а тоа значи и создадено. А штом нешто е создадено, некој мора да го создал. Самиот Творец, пак, мора да е несоздаден, зашто ако и Тој е создаден, очигледно дека некој друг Го создал, додека така не дојдеме до нешто што е несоздадено. Така, бидејќи е несоздаден, Творецот е и непроменлив. А кој друг би можел да биде Тој, освен Бог?

            Но, и самото умножување, одржување и управување на созданието не учи дека постои Бог Кој сето тоа го создал и Кој сето тоа го содржи, го запазува и промислува за него; зашто, како би можеле спротивните природи, какви што се природите на огнот и на водата, на воздухот и на земјата, да се соединуваат една со друга и да формираат еден целовит свет и да останат неразделни, ако не постои некоја семоќна Сила што ги соединила и што ги држи неразделни една од друга?

            Кој го устроил сето она што е на небото и на земјата, се што се движи во воздухот и во водата; а уште повеќе, во споредба со сето тоа, небото и земјата и воздухот, како и елементите на огнот и на водата? Кој сето тоа го соединил и го разделил? Кој сето тоа го придвижил и кој управува со тоа непрестајно и непопречувано движење? Нели е тоа Уметникот на создавањето, Оној што во се што е создадено го втиснал Својот закон според кој секое нешто се движи и се управува? А Кој е творецот на сето тоа? Нели е тоа Оној што сето тоа го создал и го привел во постоење? Зашто, не можеме сите нешта да и ги припишеме на случајноста. Та дури и ако сите нешта настанале случајно, чие дело е устројувањето на настанатиот свет? Ако дури и за устројувањето посакаме да кажеме дека е резултат на случајност, што е тогаш тоа што нештата ги држи и ги запазува согласно со законите според кои тие биле создадени од почетокот? Секако, не случајноста. А што друго може да е тоа, освен Бог?

(Продолжува)

Извадок: Свети Јован Дамаскин, „Точно изложување на православната вера“, Икона, Скопје 2005 (стр: 7-9)

 

 https://bigorski.org.mk/katehizis/dokaz-deka-bog-postoi/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1482
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1709
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3884
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/06/2025 - понеделник

Петровденски пости (строг пост)

Св. свеш. Тимотеј, епископ Бруски; Св. маченици Александар и Антонина; Св. Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная