Божествена Литургија во храмот на св.вмч.Георгиј, н.Кисела Вода (16.11.2023)
Да ја согледаме небесната височина и длабочината на земјата: да ја разбереме и нашата природа, да сознаеме што сме како луѓе: дека умираме и дека преминуваме зад границите на овој свет. Тогаш без какво и да е прикривање ќе излеземе пред лицето на праведниот Судија, за
И покрај тоа што ние, го бркаме како и Гадаринците и го молиме да си отиде од нашиот крај ( зашто нема да можеме да си ги вршиме нашите гревови, нашите престапи и сл. ) Тој никогаш не се откажува од нас. И секогаш ќе најде начин да нè оправда и да не подигне повисоко од тоа што ние всушност заслужуваме. Истото се случува и со причеста. Тој ни се дава нам целиот, во
Твoрeцoт на ситe сласти e најгoлeма сласт; Нoситeлoт на ситe мудрoсти e најгoлeма мудрoст; Извoрoт на ситe сили и милoсти e најгoлeма сила и милoст. Сoздатeлoт на сeкаква убавина на нeбoтo и на зeмјата e најгoлeма убавина.
Старозаветен менталитет е строгото пазење на сјајот на надворешната форма, додека нашата внатрешност е темнина – без просветленост на умот, која произлегува од умно-срдечната молитва и исполнувањето на заповедите Божји; а главната заповед е милост и помош кон оние што страдаат."
Ѓаволот влегол во рајот и ја измамил Ева. Но и Христос Господ, како што велат Отците, влегол во светот и го измамил, го поразил ѓаволот. Токму тоа го гледаме во испитанието. Во тоа што Бог допушта човекот да биде испитан, ги гледаме сите овие елементи, но се разбира ја гледаме и слободата на човекот. Бог не се допира до неа, бидејќи таа е најголемиот и највозвишен дар што Неговата љубов му го дала на човекот.
Еден канадски поет вели: „Ме убива, не планината што ја гледам пред себе, туку камчето во мојот чевел“. Така е. Тоа е нашата тешкотија. Сака да каже дека тешкотијата не е во планината што ја гледаш и ја сметаш за висока и недостапна, туку се наоѓа во тебе самиот. Затоа треба да сфатиме дека испитанието не се наоѓа во она што го среќаваме околу нас, туку длабоко во нас.
Тоа што не се испитува, не созрева. Така, доаѓа искушението, кое е една силна лекција. Преку искушението што Самиот Бог го определува, стекнуваме утврдување во верата, цврстина на добродетелта, растење во љубовта, духовно созревање на човекот. Искушението е онаа силна лекција којашто го забрзува нашиот избор.
Суетата (славољубието, гордоста) е последната страст што треба да се преобрази пред да се премине од првиот степен на духовниот раст – очистување на срцето од страстите, на вториот – просветлувањето на умот. Само поради славољубието нашето срце останува затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен.
Отецот Филотеј Фарос е еден просветлен клирик, богослов и психотерапевт. Разговарајќи со него откриваш нови хоризонти, добиваш богатство од знаење, сочувство и еден вкус на живеење. Има напишано повеќе од десет книги со главна тема од животот на човекот, љубовта, смртта и најважното е дека успева со зборови од душата да ја разбуди совеста.
. Косата му паѓаше на рамена, што е вообичаено во Назарет. Неможно ми е да ти опишам се што чуствував во тој миг. Кога го погледнав, осетив како треперам, зашто во секоја негова црта откривав необјаснива убавина, а истовремено Тој, со неговиот поглед, задаваше некаков таинствен страв.
Минатиот милениум. 10.11.1997.
Мојот владика и духовен отец Наум Струмички, мојот игумен Климент, мојот собрат Теофил од Водочкиот манастир и јас на мојата хиротонија за јеромонах.
Сите млади, ама очигледно не голобради 😉
Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа; па ќе рече тогаш: 'Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов'. И штом дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден; тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата.“
Таму си кај што природата привидно умира
а, всушност, се ослободува од смртта
некои тоа го викаат повторно раѓање
некои воскресение;
Ти јаваш на беломорскиот коњ
И ни пробиваш пат, молкум
(што си имал да кажеш си кажал
Али људи који су долазили код оца Јована, и то, као по правилу, у најтрагичнијим и преломним тренуцима свог живота, нису имали потребу да од њега чују како да поступе мудро, него како да поступе на једино исправан начин. Управо по томе што зна вољу Божју старац се и разликује од свих осталих људи, па чак и од славних мудраца, богослова-интелектуалаца,
Храмот на свети Димитриј со отворени врати ги пречекуваше вечерните поклоници, кои коленичеa пред сребрениот кивот со светите мошти на Мироточецот. Во тој момент немаше повеќе од триесет до четириесет луѓе во храмот. Околу десетина жени пред кивотот му пееја молебен на светителот.
На 8.11.2023 година, кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје.
Свети Димитриј Мироточив е роден од благородни и побожни родители во градот Солун. Неговиот татко беше солунски војвода, кој потајно веруваше во Господ Исус Христос и Му служеше. Тој не се осмелуваше јавно да го исповеда пресветото име Негово, поради големото гонење на христијаните во тоа време од страна на незнабожните цареви.