·
Папагалот на Свети Порфириј
Еднаш, некој му подарил на Старец Порфириј многу див папагал.
Старецот многу се израдувал на овој неочекуван подарок. Но, папагалот бил толку див што не можело ни да му пријдеш. Кога ќе се приближеше некој веднаш пробуваше да го касне со клунот.
Така, старецот решил да го смири.
Тој седнал и, почнал да го гали папагалот по крилјата, повторувајќи ја молитвата:
„Господи Исус Христе, помилуј ме грешниот“.
За кратко време папагалот станал толку кроток што се навикнал на раката на старецот, и му дозволувал да го гали.
Честопати ќе слушневме како папагалот изговара:
„Старче, благослови“, „Геронда, благослови“.
Храбро излегуваше од кафезот кога старецот ќе му ја отвореше вратата, да му стои на рамото и да јаде заедно со него.
Тој дури научи да изговара:
„Богородице Дево радувај се, благодатна Марие Господ е со тебе“.
Но, најчудно е што научи да пее „Господи, помилуј!“
Православно секојдневие - Daily Orthodox