логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

STAREC.PORFIRIJ2

Акатист на преподобниот отец Порфириј Капсокаливит, прозорливец и чудотворец


Кондак1
Храбар воину на Царот на силата Господ Исус, предивен преподобен оче Порфириј! Ти не’ љубиш нас, не’ исцелуваш и не’ заштитуваш от сите беди и мачни ситуации, топло пред Господ се застапуваш за да ни биде дарувано обожение. Осознавајќи ја помошта твоја, ние благодарно ти повикуваме:
Радувај се оче Порфириј!


Икос 1
О, добар пастиру на стадото Господово! Подалеку од животните бури го водеше ти твоето тихо и богоугодно житие. Размислувајќи за животот и служението на Јован Каливит, откако го послуша гласот на твоето пламено срце, тргна и самиот да поминеш по стапките на овој свет маж! Ние пак, прославувајќи ја твојата решителност, вака ти воспеваме:

Радувај се, кон Спасението ги го водел своето стадо!
Радувај се, си ги исцелувал лутите страсти!
Радувај се, на воздржанието ревнител!
Радувај се, дом на неискажливи таинства!
Радувај се, непорочен чувар на светињите!
Радувај се, силен застапник на оние кои се борат за правда!
Радувај се, си им бил пример на пастирите во служењето!
Радувај се, си бил исполнет со преобилна благодат!
Радувај се, темнината на неверието со светлината на љубовта ја разгонуваш!
Радувај се, си го возвестувал со светиот живот Спасението!
Радувај се, утехо на Евбеја!
Радувај се, од тежината на маките си избавување!

Радувај се, оче Порфириј!

Кондак 2
Си бил ти инок во Капсокаливија следејќи го патот на великите подвижници; си ги слушал укажувањата на старците не противречејќи им но, со исполнувањето на делата си одговарал на нивното изречено слово, како на слово на Самиот Христос, Кому што и сега непрестајно повикуваш :Алилуја!

Икос 2
Поради твоето непорочно житие, оче, Бог те удостоил со Својата благодат. Ти си се учел да ги победуваш гревовните страсти, тебе ти било дадено да предвидиш велики тајни, да стекнеш сесрдно внимание кон секој, кој дошол во маки кај тебе. Ние пак, чувствувајќи ја твојата татковска грижа, благодарно воспеваме:

Радувај се, си успеал да го примиш Христос во своето срце!
Радувај се, си ја нашол Неговата благодат!
Радувај се, дом на Духот Свет!
Радувај се, соборец на воинството Христово!
Радувај се, со чисто око си ги проѕирал тајните!
Радувај се, си ја возвестувал Вистината со непорочни усни!
Радувај се, сиот живот си го обратил во служење!
Радувај се, нов украсу на Атон!
Радувај се, си излечил бесплатно многу рани!
Радувај се, од многу болести си исцелувал!
Радувај се, си покажал грижа кон страдалните!
Радувај се, на очите и душите прогледување!

Радувај се, оче Порфириј!

sv.Porfirij.Kavsokalivit


Кондак 3
Кротост и смирение – тоа е оружјето на послушникот во духовната борба. Откако си овладеал искусно со ова оружје, ти си го победил непријателот. Награда за победата било, преподобен оче, твоето земно пребивање во благодатта Господова. Бидувајќи преисполнет со неа, ти ја изливаш на сите, кои прибегнуваат кон тебе за помош, ги утешуваш, ги исцелуваш, ги насочуваш кон Творецот, повикувајќи ги благодарно да му воскликнуваат Нему: Алилуја!
Икос 3
Оче, те прослави тебе Господ со Својата Небесна слава но, ти не си ја заборавал и својата земна татковина. Во манастирот на светиот Харалампиј, ти сето време си го поминувал во служење, избавувајќи ги луѓето од страданија. Избавените со очистено и благодарно срце ти воспеваат тебе:
Радувај се, прославување на земната татковина!
Радувај се, усрден делателу на молитвеното бдение!
Радувај се, реко на чудеса излеана од Бог!
Радувај се, длабочино на тишината, смирување на тревожноста!
Радувај се, не си се сврзал со светот!
Радувај се, си водел ангелски живот на земјата!
Радувај се, си ги вратил кон покајание Христовите овци!
Радувај се, си ја омекнал горчината на многу срца!
Радувај се, секогаш си влегувал низ тесна врата!
Радувај се, сега во ангелските хорови за Господа пеат усните твои!
Радувај се, си го возвраќал телесното здравје!
Радувај се, си го возвестувал Царството Небесно!

Радувај се, оче Порфириј!
Кондак 4
Смирено покорувајќи се на Божествената промисла, ти си пребивал во Атина, за да ги пасеш Христовите овци. Тука, со несопирливо горење на Црквата служејќи и’, ти мноштво луѓе, кои барале помош, заштита и надеж, си ги упатил на вистинскиот пат, и си ги поттикнал да повикуваат на Бог. Алилуја!
Икос 4
Во црквата на плоштадот во Омонија ти многумина си упатил кон Спасението. Си бил сличен на ангел, кој се спуштил во Вавилон. О, предивен Порфириј, си станал лекар и наставник за жителите на Атина, многумина си привел кон Христа, а спасените радосно воспевале:

Радувај се, непоколеблив чувару на Христовите заповеди!
Радувај се, за лукавите духови силно заплашување!
Радувај се, си го сочувал во чистота срцето!
Радувај се, и нашите срца ги просветли!
Радувај се, на Елада процветување!
Радувај се, на Евбеја украсување!
Радувај се, безропотно си го минувал многускрбниот пат!
Радувај се, уште додека си бил на патот на овој живот, си го нашол Царството Божјо!
Радувај се, си се возвисил со смирение!
Радувај се, на Атина незгаслива светлина!
Радувај се, на заблудените вразумување!
Радувај се, на многумина кон Христа возвраќање!

Радувај се, оче Порфириј!

Кондак 5
Бог ти дарувал тебе, оче, оние кои бараат, да ги исцелуваш од телесни и душевни болести. Но, служејќи во храмот на свети Герасим, ти си го видел него, а не себеси како Божјо орудие во тие исцеленија. О, преподобен! Со кротост и смирение ти вознесуваш највисока похвала на источникот на сите добра – Господа нашиот, Кому што му прилега непрестајно пеење: Алилуја!
Икос 5
Преподобен оче, миро на благомиризбата Христова! Кој во беди и маки кон тебе искрено приоѓа, тој во утешение и радост воспева:

Радувај се, ти што одговараш на молитвите со молитва кон Бог! !
Радувај се, наставник си на оние кој одат кон Него!
Радувај се, совршен образец на служење!
Радувај се, не’ поучуваш на богољубие!
Радувај се, на Духот благомиризбо!
Радувај се, длабочино на љубовта и состраданието!
Радувај се, на Црквата смирен служителу!
Радувај се, на страдалните заштитнику!
Радувај се, на светоста слико!
Радувај се, на евангелската светлина сјаење!
Радувај се, на добродетели поседник и чувар!;
Радувај се, сега со Бог го делиш Живеалиштето!

Радувај се, оче Порфириј!

Кондак 6
Служејќи во светот, ти не си го приклонувал своето срце кон светската слава и богатство. Твојата љубов ги отгонувала тешките маки, ги утешувала страдалните, давала надеж на очајните. Вознесувајќи ги своите молитиви за страдалните, ти си ги научил да го призиваат името Божјо и да воспеваат на Спасителот: Алилуја!

Икос 6
Светлоносен Аво, ти сиот си бил озарен со Божественото сјаење на Света Троица. Благоста на Бог ти дозволила тебе да ги исцелуваш сите маки и болести, а оние кои се исцелиле повикувале кон тебе:

Радувај се, осветлен со Божествени лачи!
Радувај се, преподобен – на Господа уподобен!
Радувај се, најпредан Христов служителу!
Радувај се, усрден исполнител на Неговите заповеди!
Радувај се, обиталиште на божествена љубов и простота!
Радувај се, си примил премудрост од Бог!
Радувај се, чувар на чистотата!
Радувај се, истребување на душегубните страсти!
Радувај се, душевна убавино принесена на дар на Бог!;
Радувај се, храбар воину на Господ Исус Христос!
Радувај се, со помош на Божјата Мајка си бил чуван на земјата!
Радувај се, сега и сам помагаш на своите чеда со своето небесно застапништво!

Радувај се, оче Порфириј!

Кондак 7
Извршувајќи ги монашките подвизи, ти си го сочувал прекрасното смирение; примајќи таги од светот, си ја чувал срдечната љубов кон луѓето. Ти си ги лечел бесните и трепереле на твоето име бесовските полкови. О, богоносен оче! Колку е висок и навистина свет твојот живот! Прославувајќи го Бог, кој така блеснал во тебе, Му воспеваме Нему!: Алилуја!
Икос 7
Твојата светлина засветлила пред луѓето, со што си го прославил ти небесниот Отец. Тој го надарил твојот разум со пророчко согледување на човечките срца и Божјите судби. Сознавајќи ја длабочината на твоето знаење тие во изумение воскликнуваа: Алилуја!

Радувај се, си добил од Бог дар на предвидување!
Радувај се, Христовите слова си ги воплотил во животот!
Радувај се, источнику на чудеса!
Радувај се, зачувување на верата!
Радувај се, откако патот го помина, разгоре во Бог како нова ѕвезда!
Радувај се, во животното море ни светлиш од Небото со својата чистота!
Радувај се, прогонување на маглата не болестите!
Радувај се, на сокриеното проникнување!
Радувај се, си го барал пред се’ Царството Небесно!
Радувај се, на секое дело кон Бог, како почеток љубовта си ја поставал!
Радувај се, оче Порфириј!

Кондак 8
О, смирен оче, ти многу маки си претрпел од оние, чии души биле помрачени од злоба и безверие. Но, бидејќи самиот си го чувал совршеното незлобие, со мир и кротост си им одговарал на навредителите; тогаш тие ги замолкнувале своите усни кои проколнувале и срцата кои биле смрзанти во ледот на гревот почнувале да се топат од топлината која се излевала поради твоето сострадание, така што веќе се слушал гласот на умилене: Алилуја!
Икос 8
Насреде бесконечната суета на Атина, ти си умеел да го сочуваш блажениот мир на душата. Во бучноста на центалниот плоштад на главниот град, си живеел, како во пустина на Света Гора. По завршувањето на своите подвизи си се упокоил во саканата Капсокаливија. Сега пак, и жителите на Атина и браќата од Атон и ние со единствени усни тебе ти пееме:

Радувај се, во Богоопштењето си го познал блажениот спокој!
Радувај се, си го сочувал внатрешниот мир неразрушен од светската суета!
Радувај се, си го покажал во сета убавина монашкиот пат!
Радувај се, на иноците пример во молитва, труд и пост си бил!
Радувај се, чувару на умната молитва!
Радувај се, тивко пристаниште во близина на бучната Омонија!
Радувај се, си стекнал од Бог видение на водните извори!
Радувај се, сите навреди си ги примал со кротост!
Радувај се, злобата со љубов си ја гаснел!
Радувај се, светлино, која ја озарува темнината!

sv.Porfirij.Kavsokalivit1

Радувај се, оче Порфириј!
Кондак 9
Откровението Јованово во озарување се симнало на тебе, кога во неговта пештера на Патмос си вознесувал молитви. Откако си го видел и слушнал прекрасното, си се исполнил со страв Господен, трепетно возгласувајќи: Алилуја!
Икос 9
Господ нашиот Исус Христос ја делел трпезата со митари и грешници. Следејќи во Него и ти, преподобен оче, со неспоредливо сострадание ги доаѓал кон несреќните души, кои западнале во горките мрежи на гревот. Си им ја носел веста на Спасението, си им возвестувал за милосрдието Божјо, си ги призивал срцата кон покајание со својата љубов, а тие се одзивале, со трепет и умиление:
Радувај се, многумина си ги вратил на правиот пат!
Радувај се, со својот живот си бил сведоштво на верата!
Радувај се, оче, ти навистина си го видел Бог!
Радувај се, оти Него секогаш во срце си го имал!
Радувај се, светилнику, кој за светот гориш!
Радувај се, луѓето кон Бог ги приведуваш!
Радувај се, светлино, која заблескала среде Атина!
Радувај се, си го задобил Светиот Дух!
Радувај се, си спасувал илјада околу тебе!
Радувај се, Христов блажен пријателу!

Радувај се, оче Порфириј!

Кондак 10
Блажен оче, ти си умеел да го слушаш Бог и да Го послушаш. Во сите животни ситуации и гласот на ближните, во пеењето на славејот и сликите во книгите ти си го познавал гласот на Господ и допирајќи го челтото до земи, благоговејно си воскликнувал како одговор: Алилуја!
Икос 10
Си ги прекратувал срдечните страсти со помош на молитва, ава Порфириј, враќајќи мир и спокојство на душите. Секој, кој дошол кај тебе за утеха, ги пронаоѓал; секој кој барал упатување, го добивал бараното, дивејќи се на длабочината на божествента мудрост, сокриена во добродушната простота и благодарно повикувал:

Радувај се, не си го познал книжното богословие!
Радувај се, со љубов научен на премудрост!
Радувај се, си стекнал полезна љубов кон знаењето!
Радувај се, грижејќи се за другите, си го употребувал ова знаење!
Радувај се, се што си имал, си ги вложувал за добро на ближните!
Радувај се, сиот себе се оддавал во грижа за паствата!
Радувај се, секогаш си одел пред Господ!
Радувај се, Него со сето срце си ги возљубил!
Радувај се, во основите на своите дела си положил смирение!
Радувај се, со тоа си го угасил секое возмутување!
Радувај се, верен служител на Православието!
Радувај се, непорочен чувару на црковните догмати!

Радувај се оче Порфириј!

Кондак 11
Бог со особена благодат ти дарувал тебе, оче, да ги ослободуваш изворите на вода од длабочините на земјината кора. Слично на тоа, ти си го ослободувал живоносниот образ Божји од длабочините на закоравените во гревови срца. А кога во тенки поточиња во нив почнувал да се излева изворот на Духот, тогаш се слушал благодарниот слободен глас: Алилуја!
Икос 11
Твоето појавување оче, наликуваше на сјаење на небесна светлина, која меко се излива на оние кои те слушаат. Тогаш темнината исчезнувала, замолкнувале виорите на ветрот, и на душата и’ станувало така јасно и топло, така што усните самиите благодарно пеат:

Радувај се, незагслива светлина Христова;
Радувај се, со Неговата љубов ти си се исполнил од малди години!
Радувај се, глас на Божјата вистина!
Радувај се, Естир го спаси од погибел!
Радувај се, основач на обителта на Преображението!
Радувај се, чудесно проѕирајќи го источникот на водата за манастирско користење!
Радувај се, во своето срце си ги носел свештените стихови на Писанието!
Радувај се, си имал голема наклоност кон духовно читање!
Радувај се, на богослужбите секогаш си бил мошне внимателен!
Радувај се, на чедата свои си им заветувал да проникнуваат во текстовите на службите!
Радувај се, обителта во Милеса е верна на заветите дадени од тебе!
Радувај се, да биде таа тивко пристаниште на светот на многу векови!

Радувај се оче Порфириј!

Кондак 12
Добриот пастир, ава Порфириј! Сега сите твои чеда ти подаваат тебе слова на чиста љубов и благодарење, со детска искреност повикуваат кон тебе. А ти повторно ги простираш своите раце кон нив, повторно си спремен да ги прегрнеш, да ги заштитиш и заедно со нив да воспееш: Алилуја!
Икос 12
Со радост ги воспеавме ние пројавените од тебе Божји дарови. Во сите нив се прославува Пресвета Троица, оти Таа е источник на секое балго, Таа е почеток на премудрост и разум, прозирање и исцеление, чистота и светост, смирение и љубов. Повторно и повторно со јавените дарови Дародавецот прославувајќи го, воспеваме вака:

Радувај се, си ги собрал во себе сите добродетели!
Радувај се, на Рајот благомиризбо!
Радувај се, непоколеблива крепост на верата!
Радувај се, чистото постојано чувана!;
Радувај се, нова ѕвездо засјаена во соборот на светиите!;
Радувај се, стана нов скапоцен камен, кој црквата ја украси!
Радувај се, во Небесната Татковина ти сега пребиваш!
Радувај се, со молитва и’ помагаш на земната таковина!
Радувај се, пребивајќи во Бога, ти ги гледаш покрај Него, сите негови пријатели!
Радувај се, гледајќи со трепет кон Мајката Божја, за сите нас помоли се заедно со Неа!
Радувај се, предивен старче, кој си го поминал земниот пат!
Радувај се, додека сме ние уште по патот, биди за нас ѕвезда – водилка!

Радувај се, оче Порфириј!
Кондак 13
Преподобен оче Порифириј! Навистина си го нашол Царството Божјо, за што твојот живот е – нелажно сведоштво. Помогни и ни нам со помош на покајание да ги достигнеме Посакуваните Дворци на Нашиот Господ, за да можеме заедно со тебе и со сите светии, со едни усни, со едно срце со горешта љубов да Му воспеваме Нему: Алилуја, Алилуја, Алилуја!

 

Подготви Маја Белева

2ри декември 2023 лето Господово

Друго:

      "Една летна вечер, кога седевме под еден од боровите кои растеа околу храмот старецот ми говореше за тоа дека треба безгранично да се поверуваме на Божјата промисла. Дали се сеќавате што е кажано во Светото Писмо - воскликна тој - "вам и косата на главата ви е избројана" и тоа навистина е така! Апсолутно ништо во нашиот живот не е случајно.
         Бог се грижи дури и за најмалечките нешта и собитија кои се случуваат со нас. Ние сме Му важни, затоа секогаш помнете, дека не сме сами на овој свет. Тој многу не' љуби. Ниту за миг не заборава на нас. Непрекинато не' чува. Треба да се сеќаваме на тоа и да не се плашиме од ништо"


Светиот преподобен Порфириј Кавсокаливит

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная