Недела на блудниот син – Свети Јован Шангајски (16.02.2020)
Параболата за блудниот син е најпоучна лекција за младите. Во личноста на блудниот син го гледаме вистинскиот карактер на лекомислената младина: лекоумност, непромисленост, жед за независност; на кратко, сè што е препознатливо за повеќето млади луѓе. Помладиот син израснал во домот на неговите родители. На прагот на неговата зрелост, тој започнал да мисли дека животот во неговиот дом е премногу ограничен.