Скопје, 13 ти април, лето Господово 2016- храм на св. пророк Илија
Свети Силуан Атонски
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание.
На 13-ти април 2016 година, во Неделата на св.Јован Летник, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го слави споменот на Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓеконот Гоце Постолски отслужи Литургија на Претходноосветениете дарови . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)