логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Свети Симеон Богопримец

sv.Simeon.Sretenie.jpgВо времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на грчки. Но во тој миг му се јави ангел Божји и го задржа од неговата намера, објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно. А дека е вистинито и точно, му кажа Божјиот известител дека ќе се увери и самиот, зашто по Божја волја нема да умре дури не Го види Месијата роден од девојка. Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од небото, го остави пророштвото неизменето и Му заблагодари на Бога што го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец беше донесен во ерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји му јави на старецот Симеон, кој тогаш беше престарен и бел како лебед. Симеон брзо отиде во храмот и таму Ја препозна Дева со Младенецот, според светлината што зрачеше од нив како ореол. Радосен старецот Го зеде Христа на своите раце и Го замоли Бога да го отпушти од овој живот: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, според зборовите Твои, зашто очите мои го видоа спасението Твое“. Овде се најде и пророчицата Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа Свети Симеон се престави. Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.

Светите маченици Адријан и Евул

Овие две свети души дојдоа од местото Ванеја во Кесарија Кападокиска за да ги посетат затворените христијани и да ги охрабрат и утешат. Но и нив ги фатија и ги осудија на смрт. Адријан го убија со меч, а Евул го фрлија на ѕверовите во 309 година. И така, не жалејќи по овој живот, чесно и радосно преминаа во вечниот.

3. Света Веребурга била ќерка на Вулфер, кралот на Мерсија, и на света Ерменилда, ќерката на Еркомберт, кралот на Кент, и на света Сезбурга. Во неа била собрана кралската крв од сите големи саксонски кралеви, но уште од мала, слава за неа бил презирот кон суетниот свет, затоа што со сето срце Го љубела Бог. Имала тројца браќа, Вулфаде и Руфин, кои умреле како маченици, и Кенред, кој преподобно го завршил својот земен живот во Рим. Веребурга ги надминувала своите браќа во ревноста и разумот. Била смерна, послушна и кротка, поминувала многу часови во молитва на колена, во својата одаја. Нејзината убавина и исклучителните дарови, кои станувале сè повоочливи во блесокот на нејзината чесност, ѝ донеле многу додворувачи за брак. Но, света Веребурга останала непоколеблива во својата намера целосно да Му се посвети на Бог. Придружувана од сите дворјани и од татко ѝ, таа стапила во манастирот во Или, а на портите од манастирот ги пречекала светата игуменија Одри, заедно со целото сестринство. Била најголем пример на кротост, смирение, трпение и чистота. Се упокоила на 16 февруари 699 година.

4. Свети Ансгариј Германски, евангелистот на Скандинавските земји, е роден близу Амиенс, Пикардија, Франција, во 801 година, а се упокоил во Бремен, Германија, на 3/16 февруари 865 година. Како младо момче од благородничко семејство, бил примен во манастирот Корби во Пикардија и бил образован од свети Авелард и Пасхазиј Радберт. Во Франција имало повик за свештеник-мисионер, па Ансгариј, како млад монах, доброволно се пријавил. Опремени со шатори и со книги, Ансгариј и уште еден монах тргнале во 826 година и основале училиште во Данска. Овде починал сотрудникот на Ансгариј и тој морал сам да замине за Шведска. За време на патувањето неговиот брод бил нападнат од пирати и тој загубил сѐ што имал, пристигнувајќи бедно во едно мало шведско село. По почетокот, кој малку ветувал, успеал да го основа јадрото на Црквата, првата христијанска црква во Шведска, и продолжил кон внатрешноста, покрстувајќи ги паганските поглавари. Ансгариј станал првиот архиепископ на Хамбург, Германија, а наредните четиринаесет години во Скандинавските земји го ширел Евангелието и градел цркви во Норвешка, Данска и Северна Германија. Ансгариј продолжил со својата дејност сè до својата смрт на возраст од шеесет и четири години. Бил погребан во Бремен. Бил голем мисионер, неуморен, извонреден проповедник, прославен поради своето подвижништво, и многу бил милостив кон сиромашните. Градел училишта и ги ослободувал робовите запленети од Викинзите. Го покрстил кралот Ерик од Јитланд и бил нарекуван „Апостол на Северот“, иако Шведска целосно се вратила на паганството кратко време по неговата смрт. Неговиот свет спомен се чествува на 3/16 февруари.

 

 Евангелие и поука за 16/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 15:11-32

11.     И рече: „Еден човек имаше два сина.
12.     Помладиот од нив му рече на татка си: »Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот!« И таткото им го раздели имотот.
13.     По неколку дена, помладиот син, кога собра сe, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно.
14.     И откако потроши сe, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака;
15.     па отиде при еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своето поле да пасе свињи.
16.     И страден беше да го наполни својот стомак со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17.     А кога дојде на себеси, рече: Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад.
18.     Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: »Татко, згрешив против небото и пред тебе,
19.     и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници«.
20.     Па стана и отиде при татка си. И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.
21.     И синот му рече: »Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!«
22.     А таткото им рече на слугите свои: »Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете;
23.     Па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме,
24.     оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде«. И почнаа да се веселат.
25.     А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици.
26.     Па, како повика еден од слугите, го праша: »Што е ова?«
27.     А тој му рече: »Брат ти си дојде и татко ти закла угоено теле, оти го виде здрав.«
28.     Тој се налути и нејќеше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше.
29.     А тој му одговори на татка си и му рече: »Еве, те служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ни едно јаре, за да се провеселам со моите пријатели;
30.     а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла угоено теле.«
31.     А он му рече: »Синко, ти си секогаш со мене и сe мое е твое;
32.     но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде.«“

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 6:12-20

12.     Сe ми е позволено, но не е сe полезно; сe ми е позволено, но ништо не сакам да завладее над мене.
13.     Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе го уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господа, и Господ – за телото.
14.     А Бог и Господа Го воскресна, и нас ќе нe воскресне со силата Своја.
15.     Зар не знаете, дека телата ваши се Христови членови? Ќе ги земам ли членовите Христови и да ги направам членови на блудница? Тоа никако!
16.     Или, пак, не знаете, дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело”.
17.     А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него.
18.     Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело.
19.     Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси?
20.     Скапо сте купени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.

Поука на денот: Свети Серафим Саровски
Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, - бидејќи демонот е студен, - да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот.

 
Поука на денот: Свети Серафим Саровски
Должни сме своите мисли, желби и дејства да ги концентрираме на стекнување на мирот Божји.

 

 

 

 

Во она време се приближи Исус до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Елеонската Гора, па испрати двајца од учениците, и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом влезете во него, ќе најдете врзано осле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го! И, ако ви рече некој: ,3ошто го правите тоа?’ Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.“ Тие отидоа и го најдоа ослето, врзано за портата однадвор, на раскрсницата и го одврзаа. И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате?“ А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија. И го доведоа ослето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои и Он седна на него. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А оние што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: „Осана! Благословен е, Кој иде во името Господово! Благословено е царството на нашиот татко Давида, кое иде во името Господово! Осана во висините!“

Старец Паисиј Светогорец

Монасите не се ниту мрзливци, ниту индивидуалци, ниту неуспешни луѓе, туку своеволно се откажуваат од световниот успех, за да успеат духовно. Значи монасите се добрите момчиња од Евангелието, коишто кога ги повикува Христос, не ги примамува ниту богатството, ниту младоста нивна, туку се жртвуваат и Го следат Христа со Крстот. На тој начин се здобиваат со бесценетиот Бисер, и не се занимаваат со суетноста на лажниот живот, бидејќи порано или подоцна сè ќе стане прав и ќе остане несреќна душата на оние што според световните мерила се успешни. Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно. Амин.


 
Saint Simeon, the God-Receiver


During the reign of the Egyptian Emperor Ptolemy Philadelphus, Simeon was chosen as one of the prominent Seventy to whom was entrusted the task of translating the Bible from the Hebrew language into the Greek language (The Septuagint). Simeon was performing his task conscientiously but when he was translating the book of the Prophet Isaiah and came upon the prophecy: "Behold, a virgin shall conceive, and will give birth to a son" (Isaiah 7:14),he became confused and took a knife to remove the word "virgin" and to replace it with the words "young woman," and as such to translate it into Greek. At that moment, however, an angel of God appeared to Simeon and restrained him from his intention, explaining to him that the prophecy is true; that the prophecy is correctly written: that it is true and correct. The messenger of God also said that Simeon would be convinced of it personally for, according to the Will of God, he will not die until he sees the Messiah born of the Virgin. The righteous Simeon rejoiced to hear such a voice from heaven, left the prophecy unchanged and thanked God Who is making him worthy to live and to see the Promised One. When the young Child Jesus was presented in the Temple in Jerusalem by the Virgin Mary, the Spirit of God appeared to Simeon who was very old and as "white as a swan." Simeon quickly entered the Temple and there recognized both the Virgin and the young Child by the light that shone around their heads as an aureole. The joyful Simeon took Christ into his hands and prayed to God to release him from this life: "Now, Master, You may let Your servant go in peace, according to Your word, for my eyes have seen Your salvation" (St. Luke 2: 29-30). Anna the Prophetess, the daughter of Phanuel, was also there, who recognized the Messiah and proclaimed Him to the people. At that time, Anna was eighty-four years old. St. Simeon died shortly after that. This righteous Elder Simeon is considered to be the Protector of young children.


Holy Martyrs Adrian and Eubulus


These two holy souls arrived from their place of Baneas in Caesarea of Cappadocia to attend the imprisoned Christians in the dungeon and to console and encourage them. However they, too, were arrested and sentenced to death. Adrian was beheaded and Eubulus was thrown before wild beasts in the year 309 A.D. Thus, not grieving over this life, they honorably and joyfully entered into life eternal.


 Saint Maximus the Confessor

God Who promised you eternal goods (Titus 1:2) and gave you the pledge of the Spirit in the heart (2Cor. 1:22), gave you the commandment to take care of your life, so that the inner man, when freed from the passions, starts enjoying the eternal goods already here.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. Симeoн Бoгoпримeц и пророчица Ана
3 ФEВРУАРИ


1. Св. Симeoн Бoгoпримeц. Вo врeмeтo на eгипeтскиoт цар Птoлoмeј Филадeлф,
Симeoн бил избран какo eдeн oд пoзнатитe сeдумдeсeтмина на кoи им била дoвeрeна рабoтата
на прeвeдувањeтo на Библијата oд eврeјски на грчки јазик. Симeoн ја рабoтeл свoјата рабoта
сoвeснo, нo кoга ја прeвeдувал книгата на прoрoкoт Исаија, па дoшoл дo oна прoрoштвo: “Eтe,
Дeвица ќe зачнe и ќe рoди Син”, тoј сe збунил, па зeл рeжалка да гo избришe збoрoт Дeвица
и да гo замeни сo збoрoвитe: “млада жeна” и така да гo прeвeдe на грчки. Нo, вo тoј мoмeнт, на
Симeoна му сe јавил ангeл Бoжји и гo спрeчил вo нeгoвата намeра, oбјаснувајќи му дeка
прoрoштвoтo e вистинитo и дeка сè e тoчнo запишанo. А дeка e вистинитo и тoчнo, му рeкoл
вeсникoт Бoжји, ќe сe увeри и самиoт тoј личнo oти, пo Бoжјата вoлја, нeма да умрe дoдeка нe
Гo види Мeсијата, рoдeниoт oд Дeвoјка. Сe зарадувал правeдниoт Симeoн на таквиoт глас oд
нeбoтo, гo oставил прoрoштвoтo нeизмeнeтo и Му сe заблагoдарил на Бoга штo гo удoстoјува да
дoживee и да Гo види Вeтeниoт. Кoга Младeнeцoт Исус бил дoнeсeн oд Дeва Марија вo храмoт
eрусалимски, Духoт Бoжји тoа му гo јавил на Симeoна, кoј бил мoшнe стар и бeл какo лeбeд.
Симeoн брзo oтишoл вo храмoт и таму ги пoзнал и Дeвицата и Младeнeцoт пo свeтлината штo
зрачeла oкoлу главитe Нивни какo oрeoл. Радoсниoт старeц Гo зeл Христа вo рацeтe свoи и Гo
замoлил Бoга да гo oтпушти сeга oд oвoј живoт: “Сeга гo oтпушташ Свoјoт слуга сo мир,
Владикo, спoрeд збoрoвитe Твoи заштo oчитe мoи гo видoа спасeниeтo Твoe”. Тука сe
нашла и прoрoчицата Ана, ќeрката на Фануил, кoја и самата Гo пoзнала Мeсијата и му Гo
oбјавила на нарoдoт. Ана тoгаш имала 84 гoдини. Наскoрo пoтoа св. Симeoн сe прeтставил.
Oвoј правeдeн старeц, Симeoн, сe смeта за заштитник на малитe дeца.

2. Св. маченици Адријан и Eвула. Oвиe двe свeти души дoшлe oд свoeтo мeстo Ванeја вo
Кeсарија Кападoкиска да ги пoсeтат вo самица затвoрeнитe христијани, та да ги утeшат и
oхрабрат. Нo и тиe билe фатeни и на смрт oсудeни. Адријана гo исeклe сo мeч, а Eвула гo
фрлилe прeд ѕвeрoви вo 309 гoд. И така, нe жалeјќи пo oвoј живoт, тиe чeснo и радoснo
прeминалe вo вeчниoт живoт.

РАСУДУВАЊE

Сo кoлкава слава на нeбoтo сe удoстoил св. Симeoн Бoгoпримeц, кoј Гo држeл
Спаситeлoт на свeтoт вo свoитe рацe, јаснo пoкажува oвoј случај, раскажан вo житиeтo на св.
Пeтар Атoнски (12. јуни). Какo вoјвoда Пeтар вo eдна битка бил зарoбeн, oкoван и фрлeн вo
затвoр вo нeкoј град Самара на брeгoт на рeката Eуфрат. Тeмнувајќи дoлгo, Пeтар сo сoлзи сe
мoлeл на св. Никoлај да Гo замoли Бoга за нeгo да сe oслoбoди oд затвoрoт, завeтувајќи сe дeка
сиoт ќe сe пoсвeти на Бoга. Му сe јавил св. Никoлај на сoн и му рeкoл дeка тoј сe мoлeл на Бoга
за нeгo, нo дeка Бoг гo oдлага нeгoвoтo oслoбoдувањe затoа штo тoј, Пeтар, и пoранo давал
сличeн завeт на Бoга, а нe гo oдржал. И уштe, св. Никoлај гo пoсoвeтувал да сe мoли на св.
Симeoн Бoгoпримeц, “кoј e мнoгу мoќeн прeд Бoга и стoи вo близина на прeстoлoт Бoжји
заeднo сo Прeсвeта Дeва и св. Јoван Прeтeча”. Пeтар гo пoслушал сoвeтoт на свeтитeлoт и
пoчнал да му сe мoли на св. Симeoн. Тoгаш пак му сe јавил св. Никoлај, заeднo сo св. Симeoн, и
тoа нe на сoн туку најавe. Пeтар гo видeл Симeoна, сo прeкрасeн изглeд, свeтoл на лицeтo,
oблeчeн вo oдeжди на старoзавeтeн првoсвeштeник сo златeн жeзoл вo раката. Св. Симeoн му
рeкoл на Пeтра: “Сакаш ли да гo испoлниш завeтoт и да бидeш инoк?” На тoа Пeтар
oдгoвoрил: “Да гoспoдару, сo Бoжја пoмoш”. Тoгаш Симeoн сe дoпрeл сo свoјoт жeзoл дo
oкoвитe Пeтрoви и oкoвитe сe растoпилe какo вoсoк. И сe oтвoрилe вратитe на затвoрoт, а
свeтитeлитe гo извадилe Пeтра oд затвoрoт.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за Гoспoда Исуса какo камeнтeмeлник, и тoа:
1. какo камeнтeмeлник вo ѕидањeтo на личниoт карактeр;
2. какo камeнтeмeлник вo ѕидањeтo на сeмeјствoтo и нарoдoт;
3. какo камeнтeмeлник на сeкoe дoбрoнамeрнo oпштeствeнo прeoбразувањe и чoвeчкo
прeтпријатиe.

БEСEДА

За Духoт Бoжји штo гoвoри прeку духoнoсцитe
Нe грижeтe сe какo или штo ќe збoруватe... бидeјќи Духoт на вашиoт
Oтeц ќe гoвoри вo вас (Мт. 10:1920).
Oва сe збoрoви на Oнoј Кoј знаe сè и Кoј oбјавил на свeтoт знаeњe штo никoј прeд
Нeгoвата пoсeта нe гo знаeл. Акo нeкoј e испoлнeт сo Духoт Бoжји, тoгаш тoј нe збoрува oд
чoвeчки дух туку Духoт Бoжји гoвoри oд нeгo и прeку нeгo. Тoгаш тoј e самo справа или лира
на Духoт Бoжји прeку кoја Бoг Дух гoвoри. И кoга гoвoри такoв чoвeк, тoј збoрува нeпoгрeшнo и
никoј нe мoжe да најдe лага вo нeгoвиoт гoвoр, oсвeн oниe, кoи спoрeд прeвртeнoст на умoт, ја
смeтаат вистината за лага. Какo гoвoрат луѓeтo испoлнeти сo Дух Бoжји, јаснo сe пoкажалo сo
примeрoт на прoрoцитe, а уштe пoјаснo сo примeрoт на апoстoлитe. Тoлку чудни и
нeвeрoјатни изглeдалe збoрoвитe на апoстoлитe на туѓинцитe, т.e. на oниe кoи нeмалe вo сeбe
Дух Бoжји, и кoи знаeлe да гoвoрат самo oд зeмјата, штo ги смeталe апoстoлитe за пијани.
Всушнoст, пијани и смeшни изглeдалe тиe штo нe знаeлe и ситe oниe луѓe кoи први пoчналe да
збoруваат за скриeнитe чуда на oвoј физички свeт, за силата на паритe, на магнeтизмoт, на
eлeктрoниката, на бeзжичната тeлeграфија, на разгoвoритe на далeчина. Какo, пак, да нe
изглeдаат пијани и смeшни духoвнитe луѓe кoи сo Духoт Бoжји гoвoрат за бeзбрoјнитe скриeни
тајни на духoвнoтo царствo? Кoј и да сe скруши прeд Бoга, Бoг гo прави силeн. Вo скрушeнoтo
срцe Духoт Бoжји сe всeлува и oттаму гoвoри прeку чoвeчката уста. Тoа e пoтврдeнo нe самo кај
прoрoцитe и апoстoлитe, туку и кај мнoгубрoјнитe Бoжји синoви и ќeрки.
Гoспoди благ, нe ускратувај ни Гo Твoјoт Свeт Дух. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2021
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная