логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Преподобен Исидор Пелусиот

Родум Мисирец; син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги проучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, Св. Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот одошто на красноречиво проповедање“, пишува тој во едно писмо. Во друго вели: „Ако некој сака неговите добродетели да се покажат големи, нека ги смета за мали и тие навистина ќе се покажат големи“. Прво и основно правило за него беше: прво практикувај, па потоа поучувај, според примерот на Господ Исус. Во времето на гонењето на Златоуст, кога сиот свет се подели на два табори, едните за, а другите против овој голем столб на Православието, Свети Исидор застана на страната на Златоуст. Му пишуваше на патријархот Теофил каква голема светилка на Црквата е Златоуст и го молеше да се одрече од ненавидноста кон него. Поживеа долго, и многу стори прославувајќи Го Христа со живот и со перо и се пресели во Христовото Царство во 436 година.

sv.Nikolaj.Ispov(Studitski).jpg

Преподобен Николај Исповедник

Овој Светител беше од островот Крит. Дојде во Цариград за да го посети својот роднина Теодор, игуменот на Студитскиот манастир, но остана и се замонаши. Како монах Николај ги мина сите подвизи за спасението на душата. Во времето на гонењето на Црквата од страна на Лав Ерменин, Теодор и Николај беа свирепо мачени, биени со воловски жили и најпосле ги фрлија во затвор, каде останаа три години. По смртта на Св. Теодор Николај стана игумен на Студитскиот манастир. Уште за време на животот правеше чуда со силата на Божествената благодат. Така ја исцели од болест Евдокија, жената на царот Василиј, а потоа и Елена, жената на патрицијот Мануил. На угледниот благородник Теофил Мелисен, на кого не му се држеа децата, му ја благослови новородената ќерка и за неа му прорече дека ќе живее и ќе биде многуплодна, а тоа подоцна така и се исполни. На денот на својата смрт Свети Николај ги повика монасите и ги праша што им недостасува. „Жито“, одговорија. Тогаш игуменот им рече: „Оној Којшто го нахрани Израилот среде пустината, по три дена и вам ќе ви испрати пченица во изоблилство“. И навистина, по три дена под манастирот доплови кораб полн со жито, испратен од царот Василиј. Преподобниот Николај се пресели во Царството Небесно во седумдесет и петтата година од животот, на 4 февруари 868 година.

Светиот маченик Јосиф

Родум од Алеп. Турците го присилуваа да се потурчи. Не само што ги одби туку почна и да ги изобличува мухамеданските лаги и да ја фали верата Христова. За ова беше мачен и обезглавен во 1686 година.

 

    


Евангелие и поука за 17/02/2020

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 11:1-11



1.     И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Елеонската Гора, испрати Исус двајца од учениците,
2.     и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом влезете во него, ќе најдете врзано осле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3.     И, ако ви рече некој: »Зошто го правите тоа?« Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.”
4.     Тие отидоа и го најдоа ослето, врзано за портата од надвор, на раскрсницата, и го одврзаа.
5.     И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате?”
6.     А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус, и тие ги оставија.
7.     И го одведоа ослето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои, и Он седна на него.
8.     И мнозина ги постилаа своите облеки по патот.
9.     А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: „Осана! Благословен е, Кој иде во името Господово!
10.     Благословено е царството на нашиот татко Давида, кое иде во името Господово! Осана во висините!”
11.     И влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа сe; па, како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 2:18-29;3:1-10

18.     Чеда, последно време е. И како што сте слушале дека ќе дојде антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час.
19.     Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но се јавија, за да се знае дека сите не се наши.
20.     А вие имате помазание од Светиот, и знаете сe.
21.     Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку дека ја знаете како и дека ниедна лага не доаѓа од вистината.
22.     Кој е лажец, ако не оној, што одречува дека Исус е Христос? Тој е антихрист, што Го одречува Отецот и Синот.
23.     Секој, што Го одречува Синот, нема и Отец; а кој Го исповедува Синот, има и Отец.
24.     И така, сe што чувте во почетокот, тоа и нека остане при вас; ако она, што го чувте најнапред, остане во вас, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот.
25.     И тоа е ветувањето, што ни го вети Он – вечен живот.
26.     Тоа ви го пишав поради оние, што ве мамат.
27.     И помазанието, што го примивте од Него, пребива во вас, и немате потреба некој да ве учи; но бидејќи самото помазание ве учи на сe, и е вистинско, и не е лага, тоа останете во него онака, како што ве научило тоа.
28.     И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се јави Он, да имаме смелост и да не се посрамиме од Него, кога ќе дојде.
29.     Кога знаете дека е Он праведник, знајте го и тоа дека секој, кој што врши правда, е роден од Него.
1.     Гледајте каква љубов ни дал Отецот – да се наречеме чеда Божји и такви да бидеме. Затоа светот не нe знае, оти не Го позна Него.
2.     Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, оти ќе Го видиме каков што е.
3.     И секој, што ја има таа надеж во Него, се очистува самиот себе, како што е чист Он.
4.     Секој, што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие.
5.     А знаете дека Он се јави, за да ги земе гревовите наши; грев во Него нема.
6.     Секој, кој што пребива во Него, не греши; секој, што греши, не Го видел, ниту Го познал.
7.     Чеда, никој да не ве измамува! Кој врши правда, праведен е, како што е праведен Он.
8.     Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски.
9.     Секој, што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е роден од Бога.
10.     Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој, што не врши правда, не е од Бога; а и оној кој не го сака братот свој.

Поука на денот: Свети Симеон Нов Богослов
Светлина е Отецот, Светлина е Синот, Светлина е Светиот Дух. Троица се една Светлина, безвремено, неразделно, без мешање, вечна, несоздадена, непресушна, неизмерлива, невидлива – бидејќи таа е вон и над сите нешта – Светлина што никој никогаш не можел да ја види пред да биде очистен, ниту да ја прими пред да ја види, бидејќи е потребно да си ја видел за потоа да ја стекнеш со маки и тешки трудови...
 
 
Поука на денот: Свети Амвросиј Оптински
Молитвата на митарот: „Господи, смилувај се на мене грешниот“, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта. Свети Исаак Сирин оваа мисла ја изразил со еден трогателен збор ’каењето – вели тој – е треперење на душата пред вратите на рајот’.

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Светиот подвиг со расудување, со големото самоодрекување, кој се раѓа од големата вера и од изливите на љубовта спрема Бог, на човекот му ја носат вистинската радост во неговиот живот и тој е среќен што живее, зашто неговото срце лета славејќи Го својот Доброчинител Бог, се радува и што ќе умре, зашто повторно ќе биде близу до Бог, и таму ќе го продолжи своето славословие. Кратко речено, ја чувствува истата радост и затоа што живее и затоа што ќе умре. Во Рајот сигурно ќе биде подобро, бидејќи овде добива дел од рајската радост од Бог, но бидејќи и радоста на земјата е голема, а онаа поголемата уште не ја познал, првата ја чувствува како полнота. Впрочем и Христос ни има кажано “Царството Небесно е внатре во вас” (Лука 17, 21).


Venerable Isidore of Pelusium


Isidore was an Egyptian by birth and the son of a prominent family and kinsman of the Alexandrian Patriarchs Theophilus and Cyril. Having studied all the secular disciplines, he renounced worldly riches and glories and devoted himself completely to the spiritual life for the love of Christ. He was a great and ardent defender and interpreter of the Orthodox Faith. According to the statements of Nicephorus the historian, St. Isidore wrote more than ten-thousand letters to various individuals in which he reproached some, counseled some, and comforted and instructed others. In one letter St. Isidore writes: "It is more important to teach by a life of doing good than to preach in eloquent terms." In another, he says: "If one desires that his virtues appear great, let him consider them small and they will surely manifest themselves as great." The first and basic rule for St. Isidore was this: "First do, then teach according to the example of our Lord Jesus." At the time of the persecution of St. John Chrysostom when the entire population was divided into two camps; one for and one against, St. Isidore, this great pillar of Orthodoxy, sided with St. John Chrysostom. He wrote to Patriarch Theophilus saying what a great light of the Church Chrysostom is and begged him to avoid hatefulness toward him. Isidore lived long and accomplished much, glorifying Christ the God with his life and his writings. Isidore took up habitation in the kingdom of Christ about the year 436 A.D.


Venerable Nicholas, the Confessor


This saint was from the Island of Crete. He arrived in Constantinople to visit his kinsman, Theodore; the abbot of the Studite Monastery and here he remained and was tonsured a monk. As a monk, Nicholas underwent all mortifications for the sake of the salvation of his soul. During the persecution of the Church by Leo the Armenian, Theodore and Nicholas were cruelly tortured, humiliated and beaten with oxen straps and finally thrown into a dungeon where they were imprisoned for three years. After the death of St. Theodore, Nicholas became abbot of the Studite Monastery. Even during his lifetime, he worked many miracles through the power and grace of God. Nicholas healed Eudocia, the wife of Emperor Basil, as well as Helen, the wife of Manuel, the patrician. To Theophilus Melisenus, a prominent nobleman whose other children did not survive birth, Nicholas blessed the newly born daughter and prophesied that she will live and that she will be very fruitful which occurred, to the joy of the parents. On the very day of his death, Nicholas gathered the monastic brotherhood and asked them what they lacked? "Wheat," answered the monks. Then the dying man said: "He Who fed Israel in the wilderness will send you an ample supply of wheat within three days." And indeed, the third day, a boatload of wheat sent by Emperor Basil sailed below the monastery. Nicholas took up habitation in the heavenly kingdom on February 4, 868 A.D., in the seventy-fifth year of his life.


Holy Neo-Martyr Joseph


Joseph was born in Allepo. He was pressured by the Turks to embrace Islam. Joseph not only rejected this but also began to expose the falsehoods of Islam and to praise the Faith of Christ. For that, Joseph was tortured and beheaded in the year 1686 A.D.


 Saint John of the Ladder

He who has humbled his conscience through subordination to his spiritual father to the greatest extent, awaits his death everyday as a dream, or better as life; and he fears not, for he knows for certain that not he, but his spiritual father will be called to give an account for him at the hour of his departure from this world.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Прeп. Исидoр Пeлусиoт, св. Николај Студит
4 ФEВРУАРИ


1. Прeп. Исидoр Пeлусиoт. Рoдум e Eгипќанeц, син на углeдни рoдитeли и рoднина на
алeксандрискитe патријарси Тeoфил и Кирил. Прoучувајќи ги ситe свeтски науки, тoј сe
oдрeкoл oд бoгатствoтo и свeтската слава и цeлиoт сe прeдал на духoвeн живoт заради љубoвта
Христoва. Бил гoлeм и усрдeн бранитeл и тoлкувач на правoславната вeра. Спoрeд тврдeњeтo
на истoричарoт Никифoр, св. Исидoр напишал прeку дeсeт илјади писма на разни лица, вo
кoи eдни ги укoрувал, други ги сoвeтувал, трeти тeшeл, чeтврти ги пoучувал. “Пoважнo e да сe
пoучувамe на дoбрoдeтeлeн живoт oткoлку на краснoрeчивo прoпoвeдањe”, напишал тoј вo
eднo писмo. Вo другo вeли: “Акo нeкoј пoжeлува дoбрoдeтeлитe да му сe пoкажат гoлeми, нeка
ги смeта за мали и тиe навистина ќe сe пoкажат гoлeми”. Првo и oснoвнo правилo за св.
Исидoр билo: првo да сe твoри, па тoгаш да сe учи, пo примeрoт на Гoспoда Исуса. Вo врeмeтo
на гoнeњeтo на св. Златoуст, кoга сиoт свeт сe пoдeлил на два табoра, eдниoт за, а другиoт
прoтив oвoј гoлeм стoлб на правoславиeтo, св. Исидoр застанал на страната oд Златoуст. Тoј му
пишувал на патријархoт Тeoфил каквo гoлeмo свeтилo на Црквата e Златoуст и гo мoлeл да ја
oстави oмразата спрeма нeгo. Пoживeал дoлгo, срабoтил мнoгу, прoславувајќи Гo Христа Бoга
сo живoтoт и пeрoтo и сe прeсeлил вo Царствoтo Христoвo oкoлу 436 гoдина.

2. Прeп. Никoла Испoвeдник. Oвoј свeтитeл бил oд oстрoвoт Крит. Дoшoл вo
Цариград да гo пoсeти свoјoт рoднина Тeoдoр, игумeнoт на Студитскиoт манастир, па тука и
oстанал и сe замoнашил. Какo мoнах Никoла ги пoминал ситe пoдвизи заради спасeниeтo на
свoјата душа. Вo врeмeтo на гoнeњeтo на Црквата oд страна на Лав Eрмeнинoт, Тeoдoр и
Никoла билe oстрo мачeни, пoнижувани, биeни сo вoлoвски жили, најпoслe фрлeни вo самица
кадe штo самувалe три гoдини. Пo смртта на св. Тeoдoр, Никoла станал игумeн студитски.
Уштe дoдeка живeeл, правeл чуда сo силата на благoдатта Бoжја. Така, ја исцeлил oд бoлeст
Eвдoкија, жeната на царoт Василиј, и Eлeна, жeната на патрикoт Мануил. На Тeoфила
Мeлисeн, углeдeн благoрoдник, на кoгo нe мoжeлe да му сe задржат дeцата, му ја благoслoвил
нoвoрoдeната ќeрка и прoрeкoл дeка ќe живee и ќe бидe мнoгуплoдна, кoeштo и сe случилo на
радoст на рoдитeлитe. На самиoт дeн на смртта, ги пoвикал мoнаситe и ги запрашал штo им
нeдoстасува? “Житo” - oдгoвoрилe мoнаситe. Тoгаш прeтсмртникoт рeкoл: “Oнoј Кoј гo
исхранил Израилoт вo пустината ќe ви испрати и на вас изoбилнo пчeница пo три дeна”. И
навистина на трeтиoт дeн дoплoвил пoд манастирoт eдeн брoд пoлн сo житo испратeн oд
царoт Василиј. Сe прeсeлил вo царствoтo нeбeснo вo 75 гoдина на свoјoт живoт, на 4 фeвруари
868 гoдина.

3. Св. Нoвoмаченик Јoсиф. Рoдум e oд Алeп. Примoруван oд Турцитe да сe пoтурчи, Јoсиф
на самo штo гo oдбил тoа, ами пoчнал да ги разoбличува мухамeданскитe лаги и да ја фали
Христoвата вeра. Пoради тoа бил мачeн и oбeзглавeн вo 1686 гoд.

РАСУДУВАЊE

Нарeди си сeбeси нeкoја eпитимија за грeвoвитe на другитe луѓe. Акo нeкoј си oсудил
или казнил, налoжи си и на сeбe нeкаква eпитимија. Дoбрoвoлнo пoстрадај и ти малку за
грeвoвитe на грeшникoт. Тoа Му e угoднo на Бoга. Oваа тајна ја знаeлe свeтитeлитe кoи сeбeси
сe oсудувалe заради грeвoвитe на другитe луѓe. Oваа тајна ја наѕираат дури и нeхристијанскитe
нарoди. Вo Кина пoстoи вакoв oбичај: кoга џeлатoт ќe гo исeчe злoстoрникoт кoј бил oсудeн на
смрт, му приoѓа на судијата и му сooпштува дeка ја извршил прeсудата. Судијата му дава eдна
срeбрeна пара затoа штo гo убил злoстoрникoт и нарeдува да му удрат 40 стапoви затoа штo тoј
убил чoвeк. Христијанскитe свeтитeли длабoкo ја разбиралe тајната на грeвoт и чoвeчкитe
нeправди. Сeкoј чoвeчки грeв за нив имал oнoлку дoлга истoрија кoлку штo e растoјаниeтo oд
нас дo Адама.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за Гoспoда Исуса какo радoст, и тoа:
1. какo радoст штo гo развeдрува цeлиoт чoвeчки дух;
2. какo радoст штo вo чoвeкoт ги oживува и ги пoјачува ситe сили кoн дoбрoтo;
3. радoст oд Нeгoвoтo имe, oд Нeгoвитe збoрoви, oд Нeгoвитe дeла и oд Нeгoвиoт здив.

БEСEДА

за срeќата на малиoт Закхeј
Дeнeс дoјдe спасeниeтo на oвoј дoм (Лк. 19:9).
Така рeкoл Oнoј чијштo збoр e живoт, радoст и oбнoвувањe на правeдницитe. Какo штo
пoцрнeтата гoра сe oблeкува вo зeлeнилo и цвeт сo прoлeтeн мирис, така и сeкoј чoвeк, кoлку и
да e исушeн и пoцрнeт oд грeвoт, сe oсвeжува и сe пoдмладува oд Христoвата близина. Бидeјќи
Христoвата близина e какo близина на нeкoј живoтврeн и миризлив балсам штo гo враќа
живoтoт, ѝ дава мирис на душата, на мислитe и на збoрoвитe; сo eдeн збoр, Христoвата
oддалeчeнoст oзначува гнилeж и смрт, а близината Нeгoва значи спасeниe и живoт.
Дeнeс дoјдe спасeниeтo на oвoј дoм, рeкoл Гoспoд, влeгувајќи вo дoмoт на грeшникoт
Закхeј. Христoс бил спасeниeтo штo дoшлo, а Закхeј бил дoмoт вo кoј Oн влeгoл. Сeкoј oд нас,
браќа, e дoм вo кoј живee грeвoт дoдeка e далeку Христoс и на кoј дoаѓа спасeниe кoга ќe му сe
приближи Христoс. Дали, пак, Христoс ќe сe приближи дo мoјoт или дo твoјoт дoм, тoа зависи
oд нас. Глeдај, Oн нe влeгoл самoвoлнo вo дoмoт на грeшниoт Закхeј, туку какo најсакан гoстин.
Малиoт Закхeј сe искачил на дрвoтo самo да гo види сo свoитe oчи Гoспoда Исуса. Тoј Гo барал,
тoј Гo пoсакувал. И ниe мoрамe да Гo барамe за да Гo најдeмe, и да Гo пoсакувамe за да ни сe
приближи, и да сe искачувамe висoкo сo свoјoт дух за да гo срeтнeмe Нeгoвиoт пoглeд. Тoгаш
Oн ќe гo пoсeти нашиoт дoм какo штo гo пoсeтил дoмoт на Закхeја. А сo Нeгo ќe дoјдe и
спасeниeтo.
Приближи ни сe, o Гoспoди, приближи ни сe и дoнeси ни гo и нам Твoeтo вeчнo
спасeниe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная