Бракот како мачеништво: врската помеѓу бракот и празникот на 40-те маченици (22.03.2016)
Според досега кажаното, можеме да заклучиме дека заедничкиот именител на бракот и празникот на 40-те маченици е токму мачеништвото. Не случајно е тоа што празникот се паѓа во деновите на Великиот пост, во оној период кога се подготвуваме за празникот на Христовото Воскресение. Тоа е период кога христијаните усмеруваат поголемо внимание врз себеси, задлабочувајќи го својот духовен живот.