Прочка – Да простиме на сите со воскресението (13.03.2016)
На 13.03.2016 г, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во соборниот храм Свети Димитриј, Битола.
После Вечерната, според благочестивата христијанска традиција, беше отслужен Чинот на простувањето, кој историски се протега до египетските монаси, кои за време на Четириесетницата се повлекувале во пустината, претходно просејќи прошка еден од друг.