логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

    Naum.na.Lit58.Pehchevo

          Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во срцето, односно без сериозна намера да ги спроведеме на дело, тогаш собираме само некакво „теолошко“ знаење без благодат, а со тоа стекнуваме еден вид имунитет, еден вид отпорност кон Божјата информација, т.е. кон Божјото слово; па дури и одбојност.
       Ова е начинот на живот поради кој остануваме бесплодни и автоматски влегуваме во пасивна социопатија, а не ни ни текнува зошто духовно стагнираме.
      Овој демонски вид отпор, оваа опасна бесчувствителност на нашето срце кон извршување на Божјото дело е една од главните карактеристики на современите христијани! Наместо што си ги умртвивме срцата од собирање на знаење – кое погордува, и од вера - без дела, тие требаше да ни бидат живи и да ни горат – кога до нив ќе допреше Божјата информација, а заедно со неа и Божјата несоздадена енергија, додека пак, Божјото слово требаше да биде, со копнеж и постојаност, претворано во дело.
Вистинскиот христијанин е човек чиешто срце е живо и кое гори. Христијанинот има срце кое сочувствува со словото Божјо, со страдањата на луѓето, како и со нивните радости, а надворешен знак на тоа сочувство се солзите и конкретната помош кон страдалниците; има срце кое се загрева за време на собраната молитва; има срце во коешто горат валканиците, односно се преобразуваат страстите, додека внатре во него, со енергијата на својот ум, ги прати зборовите на молитвата за сите луѓе: „Господи Исусе Христе, помилуј нас!“
             Ваков човек се жали дека нема раслабениот од бањата Витезда – кој го симболизира модерното човештво, се жали дека нема човек чие срце сочувствува и гори, и кој може конкретно да му пружи рака, да му помогне во неволјата, а на тој начин да го разгори и неговото срце со Божјата љубов – најпрвин преку послушание на заповедите Божји, па макар и наспроти сите воспоставени човечки шеми на организирање и однесување: „Оној што ме исцели ми рече да ја земам својата постелка и да си одам“. Христијанин без срце кое гори во молитва, како и при извршувањето на Божјите заповеди, има само име дека е жив, а мртов е.


Митрополит Струмички Наум

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=8436
+++++++++++++
Божествена Литургија во црквата ,,Рождество на Пресвета Богородица и св. вмч. Димитриј" во Пехчево.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1446
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1668
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3841
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/06/2025 - четврток

Петровденски пости;(на масло)

Преп..Висарион Чудотворец


Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная