логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Денес се навршуваат 35 години од упокојувањето на првиот Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, нашиот возљубен духовен пастир г. г. Доситеј.

Dositej.jpg

Бескрајно сме Му благодарни на Бога што ни го издигна овој доблесен архипастир, монах и татко на монасите, роден на 7 декември 1906 година, којшто во монашкиот живот зачекори во 1924 година, во својата 17 годишна возраст, и кој покажа невидена смелост, пожртвуваност и љубов кон својот народ и Татковина. Зашто само благодарение на неговата смелост и пожртвуваност, како и на сите други кои целосно се посветија на тоа благородно дело, особено по ослободувањето во Втората светска војна, 200 години после укинувањето, повторно е возобновена Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.

И како одговор на сите оние кои скептично мислат дека таа одлука беше погрешен чекор, би рекле само дека прашање е дали воопшто ќе имавме своја Држава во 90 – те години доколку не се случеше тоа возобновување на Охридската Архиепископија, бидејќи токму Црквата, домородниот клир, беше во многу заслужен и потребен да се поткрепи и негува слободарскиот дух кај народот и неговата самосвесност за националната припадност, што помогна тој да се ослободи од великосрпскиот хегемонизам, кој особено владееше во редовите на Српската Православна Црква, во лицето на нејзините стари хегемонистички настроени митрополити.

Така се спречија силното настојување и апетити на овие српски архиереи, кои сакаа преку политичка поддршка да се вратат во нашата земја, иако беа крајно неомилени кај народот. Навистина ние никогаш не смееме да го заборавиме она што тој го направи за нас, не смееме да ја погазиме одлуката којашто беше донесена уште пред 50 - тина години и со која на овој народ му се запази најпрвин самобитноста, за потоа со Референдумот од 1991 година, да се создадат и услови тој да го направи вистинскиот избор за своја сопствена, независна Држава.

Вечно ќе си спомнуваме за него во своите скромни молитви и ќе просиме од него да се застапи пред Бога, по молитвите на нашите славни и свети духовни татковци Св. Климент, Св. Наум Чудотворец, да се исправи неправдата и нашата Црква МПЦ - Охридска Архиепископија да биде прифатена. Се надеваме дека поради неговото свето и благородно дело, неговиот храбар чекор, Господ ќе ги услиши неговите и наши молитви за помирување и духовно вразумување на нашите браќа од Српската Православна Црква, за тие да ја прегрнат нашата Црква во духот на Христовото братољубие. 

Вечен му спомен на овој великан на нашиот народ и голем црковен деец.

Извор: Бигорски манастир



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

05/05/2026 - вторник

Преп.Теодор Сикеот; св.Леонд

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная