Скопје, 15 ти април, лето Господово 2016- храм на св. пророк Илија
7,30 ч.- Литургија на Претходноосветени дарови во храмот на св.пророк Илија (15.04.2016)
На 15-ти април 2016 година, во Неделата на св.Јован Летник, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го слави споменот на Преподобен Тит Чудотворец, Светите маченици Амфијан и Едесија, во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓеконот Гоце Постолски отслужи Литургија на Претходноосветениете дарови . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј Сахаров
Должни сме да умреме за самите себеси, за да живеат другите! Христос рече: Не плашете се да го загубите животот, служејќи му на братот! Кој му служи на својот ближен, ја спасува својата душа за вечниот живот!
17ч.- Утрена и Акатист кон ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
На 15.04.2016 година, во Петтата седмица на Великиот пост, според типикот на Црквата,а во присуство на бројниот верен народ, во вечерните часови во храмот на св.пророк Илија , во Скопје, протопрезвитер Бранислав Стојанчов, во солужение на протоереј Зоран Стаменковиќ отслужи Утрена богослужба и Акатистот кон Пресветата Богородица.
КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!
Преминпортал (к.т.)