логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Скопје- Во третиот ден од Страсната седмица, на празникот на св.Мартин Исповедник Римски, во Соборниот храм на св. Климент Охридски,  свештеникот Димче Бојковски во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

  

Синаксар

 Додека жената грешница донесе миро, ученикот се договараше со беззакониците. Таа се радуваше да излее скапоцено, а тој побрза да го продаде Оној Кој е непроценлив. Таа Го призна Христа како Господ, а тој се одлачи од Владиката. Таа стана слободна, а Јуда роб на непријателот. Тежок беше неговиот недостиг на љубовта! Големо беше нејзиното покајание! Дај ми и мене такво покајание, Спасителу, кој заради нас страдаше и спаси нè!
Утрена, Велика среда

 

 bogorodica.k.dol.jpg

 

СИНАКСАР
Стихови:

Една жена, излевајќи миро врз телото Христово,
Го испревари Никодима кој носеше смирна за Покојниот.

 Zena.miropomazuva.jpg

Во светата и Велика Среда божествените отци ни заповедаа да го славиме споменот на жената блудница, која Го помаза Господа со миро, затоа што овој настан се случил пред страдањата на Спасителот. Откако Исус влегол во Ерусалим и бил во домот на Симон Прокажаниот, една жена пристапила до Него и излеала на Неговата глава скапоцено миро. Тоа, пак, се случило, според словото на Спасителот, за да се проповеда насекаде и меѓу сите нејзиното пламено дело. А зошто таа го направила овој подвиг? - Затоа што ја видела Христовата сочувствителност и Неговата желба за заедништво со сите, особено кога видела дека влегува во домот на лепрозен, за кого Законот заповедал, како нечист, да се исклучи од заедницата. Жената си помислила дека ќе ја излекува нејзината душевна болест, како што ја излекувал неговата лепра. И така, додека Он седел на трпезата, над главата Му го излеала мирото, чија цена била околу триста динари, односно шеесет асарии, или десет пенези, или три сребреници. Учениците и се заканиле, а најмногу Јуда Искариот, но Христос ја заштитил, за да не ја пресечат нејзината добра намера. Така Он го напомнува и Своето погребение, го одвраќа Јуда од предавството, и жената ја удостојува со чест, дека насекаде во светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело.

Некои мислат дека оваа жена е истата кај сите евангелисти. Но, не е така, туку кај тројца од нив, како што вели божествениот Златоуст, е истата, и се нарекува блудница.
Но, кај Јован, пак, не е таа, туку некоја сосема друга, која имала чесен живот, односно Марија, сестрата на Лазар, која не била блудница, и од Христа била возљубена. Впрочем, оваа Марија во својот дом во Витанија, шест дена пред Пасха, кога седела на трпезата, го извршила помазанието со миро, излевајќи го на Неговите прекрасни нозе, и со косата бришејќи ги, трошејќи цело богатство, како да Му принесува дар на Бога. Таа знаела сигурно дека и при принесувањето жртви на Бога, се принесува елеј и дека свештениците со миро се помазуваат, и дека и Јаков помаза камен на Бога (2. Мој. 30,30-31; 1. Мој. 28,18; 35,14). Значи, овој дар таа му го принела на Учителот, како на Бога, но и поради оживувањето на нејзиниот брат. Затоа нејзе не и се ветува награда, а Јуда, како лаком, се побунува. Втората, пак, очигледно е жената блудница, која два дена пред Пасха, додека Христос се уште бил во Витанија, и тоа во домот на Симон Прокажаниот, каде што и тогаш седел на вечерата, го излеала скапоценото миро на Неговата глава, како што раскажуваат светите Матеј и Марко. Поради таа блудница негодуваат и учениците, во (својата) ревност превидувајќи го точно она што Христос го подготвил за неа. А Христос ја наградува со тоа што насекаде по светот ќе се прославува нејзиното добро дело. Некои, пак, велат дека таа е истата, но Златоустиот зборува за две жени. Има некои што велат дека тие биле три: двете гореспоменати, кои се појавиле кога наближило страдањето Христово, а третата била пред нив, односно прва, која го направила тоа во средината на проповедта на Евангелието, која и самата била и блудничка и грешничка, и која не во домот на прокажаниот, туку кај Симон фарисејот одеднаш го излеала мирото врз нозете на Христа, кога и еден фарисеј се соблазнил, а нејзе, пак, Спасителот и дарувал прошка на гревовите. За неа, како што рековме, зборува само божествениот Лука во средината на своето Евангелие(7, 36-50). По раскажувањето за оваа блудница, веднаш го наведува следново: „Потоа Он одеше по градовите и по селата, проповедајќи го Евангелието за Царството Божјо". Тука се покажува дека тоа не било за време на страдањата. Значи, заклучуваме и според времето и според оние што го примија, и според местата, и лицата и домовите, како и според природата на миропомазанието, дека тоа се три жени: двете се блуднички, а третата е Лазаревата сестра Марија, која блескала со чесен живот. И еден е домот на фарисејот Симон, а друг е на Симон Прокажаниот во Витанија, а трет, пак, е домот на Марија и Марта, сестрите на Лазар, во Витанија, како што тука се подразбира. Имало и две вечери на кои присуствувал Христос, и двете во Витанија: првата била шест дена пред Пасха, во домот на Лазар, кога со Него јадел и Лазар, како што ни раскажува Синот на громот, велејќи вака: „На шест дена пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите. Таму Му приготвија вечера и Марта го послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата. А Марија, како зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови" (Јован 12,1-3).

Втората вечера била два дена пред Пасха, додека Христос се уште се наоѓал во Витанија, во домот на Симона Прокажаниот, кога и блудницата дошла кај Него, излевајќи го скапоценото миро, како што ни раскажува свети Матеј, кога Христос им вели на учениците: „Знаете дека по два дни ќе биде Пасха". И повторно вели: „А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го излеа врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата" (Матеј 26,1; 6-7). Со него се согласува и Марко, велејќи: „По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници... А кога беше Он во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот, дојде една жена..." итн. (Марко 14,1-3).

Оние што тврдат и говорат дека кај четворицата евангелисти е истата жена која Го помаза Господа со миро, кои мислат дека се едно Симон, фарисејот и лепрозниот, когошто некои го претставија и како татко на Лазар и на неговите сестри Марија и Марта, и дека една е вечерата, и еден е домот во Витанија, во којшто се подготви и горната одаја, и во која беше Тајната Вечера - тие не размислуваат добро, бидејќи овие две вечери на Христа беа надвор од Ерусалим, во Витанија, шест дена и два дена пред законската Пасха (како што рековме), и кога жените на различен начин Му принесоа миро на Христа. А Тајната Вечера и украсената горна одаја, беа во Ерусалим, еден ден пред законската Пасха и Христовите страдања. Некои велат во домот на некој непознат човек, а некои во домот на неговиот љубимец и ученик Јован, во светиот Сион, каде што и учениците, поради стравот од Јудеите, биле скриени, каде што било и сведочењето со допир на Тома по воскресението, и слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, каде што се случиле и други неискажливи и таинствени работи.

Затоа чинам дека е вистинито мислењето на Златоуст дека се работи за две жени: едната, како што е речено кај тројцата евангелисти, е блудница и грешница, која го излеа мирото врз главата Христова; а другата, како што е речено во Евангелието по Јован, е Марија, сестрата на Лазар, која го донесе (мирото) при Христовите божествени нозе и врз нив го излеа. Една е вечерата во Витанија, а друга е Тајната (вечера). И јасно е дека по раскажувањето за оваа блудница, Спасителот ги испраќа учениците во градот за да ја подготват Пасхата. „Одете, им вели, во градот и на оној речете му: „Учителот вели: при тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои" (Матеј 26,18). И повторно: „Ке ве сретне човек со стомна вода и тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе" (Лука 22,10.12). „А тие кога отидоа", вели, „најдоа како што им беше рекол и ја приготвија Пасхата" (Лука 22,13), очигледно онаа законската, која се наближуваше и која ја изврши со учениците, како што вели божествениот Златоуст.

И потоа, кога беше вечерата, односно Тајната Вечера, и кога на неа го изврши божественото миење (Јован 13, 3-15), повторно седна и ја предаде нашата Пасха на трпезата, како што тоа го раскажува Јован Златоуст, и тоа така и било. А божествениот Јован, како и Марко, божествените евангелисти, кажуваат и за квалитетот на мирото, кое го нарекуваат вистинско и скапоцено. Тие го употребуваат зборот пистикон, што значи вистинско, нелажно, нерастворено и сочувано во чистота, а изгледа дека тоа е назив за некое посебно и чисто миро. А Марко додава дека жената од ревност го скршила и садот, кој е со тесно грло, и се нарекува алабастер. Тоа, пак, е стаклен сад, како што вели свети Епифаниј, направен без ниту една дршка, кој се нарекува и викион. А тоа миро било составено и од многу други нешта, но најмногу од: смирна, миризлив цвет на цимет, односно од миризливото стебленце, и од масло (елеј).

Но, Ти, Христе Боже, Кој се помаза со духовното миро, ослободи не од страстите што надоаѓаат и помилувај не, како единствен свет и Човекољубец. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная