Свети Јован Златоуст: Кој е вистинскиот владетел?
А, доколку тој од една страна владее со луѓето, а од друга страна му робува на страстите, јас за него би рекол дека тој од сите луѓе е најголемиот роб. И е налик на оној кој длабоко во своето тело има скриено воспаление, но на површината на телото ништо не се покажува – а лекарот секако потврдил дека воспаление има, без разлика што обичните луѓе тоа не го забележуваат.