Дека ништо не е случајно и дека Божјата промисла е во се` ни говори следниот библиски настан.
Приказната за дрвото започнува уште од времето на праотецот Авраам и праведниот Лот. Подоцна, на местото каде израснало тоа дрво е изграден манастир. Таму во пештера се криел праведен Лот со неговите две керќи откако избегал од Содом.
Најопасното нешто во човековиот духовен живот е компромисот. Компромисот постепено човекот го претвара во фарисеј кој има две лица и две волји. Токму заради компромисот со духот на светот нашата душа станува с# потешка и молитвата сè послаба. Духот на светот човекот го врзува за земјата со стотици алки.
Св. Григориј Палама, архиепископот Солунски, во својата младост бил пратен на училиште. Не само даруван, туку и вреден, во средината на мудри учители, тој брзо напредувал и во световните и во богословските науки. Но, намајќи доверба во помнењето, Григориј си го поставил ова правило: пред секој час да прави по три метании со молитва пред иконата на Пресвета Богородица. И Пресветата му помагала на побожното момче, и тој брзо напредувал во науките, со што привлекол сеопшто внимание.
...Jа доведоа молитвата до минимум, најчесто пред спиење изговарајќи ја Оче наш ,и тоа што е можно побрзо, како да сакаат да се „ослободат“ од неа. Тоа демоните се обидуваат да нè доведат во таква состојба на вечно брзање, како никогаш да немаме време и да нè наведат да ја оставиме молитвата. Токму на тој начин се урива ѕидот кој не штити од темните сили
И според природата на нештата, ползувајќи се со заедничарењето со Бога се издигнеме над смртта и секоја пропадливост.
Сходно на тоа, како совршено неопходно, насладувајќи се со сончевата светлина ја избегнуваме темнината, токму како што е совршено потребно за насладувајќи се со Божественото
Многу богати и цареви не Го спознале Господа, а ние бедните монаси и пастири Го познавме Господа со Духот Свет. За да се спознае Господ не е потребно ниу богатство, ниту ученост, а потребно е само да се биде послушен и воздржан, смирен дух да се има и ближните свои да се сакаат.
За твојата заедница со Него, сите ние коишто те познаваме знаеме и сведочиме, но јас тука пред овој свештен собор можам да посведочам за твоите последни денови, во коишто го живееше своето лично распнување, трпеливо, спокојно со целосрдечна благодарност, баш онака како што нè учеше нашиот духовен отец.
Вчера, по кратко боледување, се упокои во Господ сестра Синклитикија од манастирот „Свети архангел Михаил“ во Берово.
Погребот ќе биде во сабота, на 26 март 2022 година, по Литургијата, која ќе започне во 9 часот во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Берово.
Бог да ја упокои нејзината душа со сите Светии, и нас да нѐ утеши по нејзините свети молитви.
Нo кoлку штo сe дoвeруваш на Бoга, тoлку биди вниматeлeн кoн нeпријатeлoт, кoн тeлoтo, свeтoт и дeмoнoт. Сeтo тoа пoдoбрo гo изразил чудниoт Бoжји свeтитeл Eфрeм Сирин, вeлeјќи: “Вo примањeтo на Бoжјитe запoвeди имај прoстoтија, а вo oдбивањeтo на прoтивничкитe сплeтки – биди лукав (гулаб и змија)”.
Без благословот од Бога, без Неговото осветување на бракот, сите поздрави и добри желби од пријателите ќе бидат само празен звук. Без Неговиот секојдневен благослов во семејниот живот, дури и најнежната и вистинска љубов не ќе може да даде сè што му е потребно на жедното срце
Постојат три различни лаги. Постои лажливец во мислите, постои лажливец во зборовите и постои таков што лаже со самиот свој живот. Лаже во мислите оној што прима предрасуди за другите. Тој гледа дека некој разговара со својот брат и почнува да претпоставува, говорејќи: „Тој зборува за мене“. И ако го прекинат разговорот, повторно се сомнева дека разговорот го прекинале заради него.
Господи, не се молам за чуда или привиди, туку за секојдневна сила. Научи ме на уметност за мали чекори.
Направи ме повеќе внимателен и снаодлив, така што во разновидноста на секојдневниот живот да можам да се задржам на откритијата и искуствата што ме возбудуваа
Новина во ова издание е акатистот посветен на празникот Животворен извор на Пресвета Богородица – Балаклија. Да ги умножиме нашите подвизи, да ги засилиме нашите молитви, а во овој подвиг најмногу ќе ни помогне токму овој Богородичен псалтир. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.
Мораме да разбереме дека другиот е една рана, големата рана според Отците на Црквата. Грешникот е повреден, а не лош човек. Тој е трагична личност која има минато, но во исто време и иднина. Не можете да му судите на неговото минато затоа што не ги знаете причините за неговите постапки. Не ја знаете неговата иднина затоа што не можете да го видите неговото покајание.
Настанот е од 2010 година, кога во болницата бил примен 29-годишен пациент, биолог, кој боледувал од карцином кој целосно ги покрил неговите бубрези, како што се покажало на снимките.
И покрај хемотерапиите, на неговото тело се појавиле многу метастази од ракот.
На 11.3.2022 година, петок од првата седмица на Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.