Премин Портал

Кожувчанка

TViTer374

26 август, 2022

Влегуваат тие, поетите во звуците на кавалот, на зајдисонце како што ни пее Константин – слнце да зајдвит, ја да умирам. И кога ја читаме одново „Т’га за југ”, осознаваме дека умирањето е населување во вечноста и ова всушност е химната на македонските поети. Тој аџилак на поетесите и поетите од Македонија, а и сите вие овде присутни дојдени од вашите земји, веќе го прифаќате ова поетско поклонение каде реката го напушта езерото, вие поетите, макар еднаш да ги изговорите своите стихови, пред опсесијата за Македонија на Константин и, да го чуете одекот на сопствените стихови – рече поетесата Гордана Михаилова-Бошнакоска синоќа на отворањето на 61. Струшки вечери на поезијата.

Таа додаде:

Големиот македонски поет Матеја Матевски во една прилика, кога се зборуваше за СВП, рече дека оваа манифестација е толку единствена и храбра што може да преживее се’. Тоа се потврди во сите овие изминати години. На генерации творци од Македонија, од сите земји од Европа и други континенти во темните ноќи на небото над Струга, им сјаат нивните ѕвезди и, го слушаат одекот на нивните песни. Тие одеци само ни велат дека поезијата живее за да укажува, да помага таму каде е затворено, да отвора. Вековите не можеле да живеат без говорот на поезијата.

Пред гости од цел свет на летната тераса на хотелот „Дрим“ беше изведен музичко-поетскиот перформанс на „Т’га за југ“ во изведба на бендот „Пијан Славеј“ и традиционалното палење на поетскиот оган.

Гостите ги поздрави и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

– Младите, за жал, сè помалку читаат. Ги нарекуваат генерации на слики, а не на зборови. И, за жал, воопшто, како сите сè помалку да комуницираме и сè помалку да зборуваме. Најубавите зборови од мајчините јазици ги заменуваме со емотикони. А каде е зборот, каде се чувствата?! Дали имаме страв од Платоновата мисла дека „поезијата е поблиску до вистината отколку историјата“?! Или постои извесен „страв од поезијата зашто таа е соочување со самиот себе“?! Да. Ние веќе поинаку комуницираме и со другите, но и со себеси. Каква е таа комуникација? Затоа, Струшките вечери на поезијата се отрезнувачка опомена, а поетите се наши исцелители. Кој знае колку пати во нивните зборови сме нашле утеха и одговор. Тие зборови кои нас нè лекуваат, се нивната болка опишана и запишана низ најубави зборови, во магични стихови. Сите имаме свој југ во срцето, и секогаш таму заминуваме кога ни е таговно во душата. Годинашниот лауреат од Земјата на изгрејсонцето верувам дека добро ја разбира нашата „Т’га за југ“, за тука каде што „зората греит душата и с‘нце светло зајдвит в гората….сегде божева је хубавина…“ Тоа што нè грее и кога заоѓа, тоа се зборовите на Константин Миладинов, тоа сме ние, тоа е нашето стебло – рече министерката.

Бендот „Пијан Славеј“ потоа ја изведе нивната песна „Една долга ноќ“, додека девојките од балетското студио „БАХ“ го запалија традиционалниот оган.

Вечерта продолжи со поетското читање „Меридијани“, на кое настапија повеќмина автори од земјава и од странство.

Во следните фестивалски денoви на Струшките вечери на поезијата ќе можат да се чујат 24 поети од странство и 30-тина од државата. Манифестацијата, која ќе трае до 29 август, се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.

– Иако не сум во можност да бидам со вас тука како физичко битие, за среќа можам да ве поздравам во моментов како зборовно битие. Многу сум горд што ја добив наградата која во минатото била доделувана на голем број сјајни поети со најразлични мајчини јазици – порача во аудопораката годинешниот лауреат на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава на денешната прес-конференцијата што се одржа вчера.

– Се присетувам дека сите ние, макар со одредена неверица, сепак веруваме дека поезијата постои дури и во оваа нејасна и несигурна епоха, исто како што постоела уште од античките времиња, и дека поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од вителот на нејаснотијата. Чувствувам блиско сродство и длабока почит за природата и историјата од кои оваа награда настанала. Не сум убеден дека зборовите што ги имам напишано навистина ја заслужуваат наградава, но не можам, а да не бидам исполнет со радост, која на мојава 90-годишна возраст одекнува со спонтана joie de vivre или радоста на животот од моите детски денови. Ве молам простете што ви се обраќам само како глас, и прифатете ја мојата благодарност од дното на срцево – порача Таникава.

 

https://umno.mk/vekovite-ne-mozele-da-ziveat-bez-govorot/?fbclid=IwAR1Ey73NDQLAY7BhK-qkzNcAJ_TTKO4qVbEIepIzpkkoVhM0_DDar8l2RBc

 

 




   



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1703
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2116
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3717
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3964
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная