(Обновено)
Тихомир е могу инспиративен автор, и секој допир со неговиот пишан збор делува,... во насока која веќе, зависи од нас самите.:))))
Има една сорта чудни луѓе
што им го трошат времето на другите
секогаш нерешителни и недоречени
однадвор секогаш во ред
а однатре, во себе
некако закочени и скукулени
ниту влегуваат низ портите
ниту даваат друг да влезе
управуваат со летањето во место
и шлајфувањето додека
навојот не се излиже
обично, тоа се страшно посесивни типови
и не фрлаат ништо од домовите
само трупаат непотребности
не можат да се откажат од ништо свое
ни од предмет, ни од човек
и сакаат да ги врзуваат тие околу себе
не им е важно што ги кочат
и што ги влечат кон своето тло
а луѓето, како и птиците
се создадени и да летаат
не само да одат
по прашината и асфалтот
„На човек, ако немаш
нешто убаво да му кажеш
поарно да си молчиш“
тоа е основно
домашно воспитание
од минатиот
и сите минати векови
Исто, ако некој
не ти бара помош
нема што да му помагаш
ни да го советуваш
што да прави
За себе, немој сам да зборуваш
остави другите да кажат
самофалбите се срамота
па дури да те викнат
и на интервју за работа
Не се прави Рисјанин
поголем од Христа
да простуваш некому
што не бара прошка,
77 пати се простува
на оној што ќе побара
не на секој, не секому
И немој да осудуваш никого
туку така, без да го знаеш
макар
тој некој бил и јавна личност
макар бил политичар
од вмро или сдс
и тие се луѓе
што ако се тапа
Ако сме 21 век
не значи дека од луѓе
сме станале ѕверови
па да правиме се' наопаку
од она што долго време било
закон и ред
Без тоа, ќе ни оладат срцата
и место со очи
светот ќе го гледаме
со две студени
стаклени топки
и сликите што тие
ќе ги составуваат во умот
ќе бидат извадоци од пеколот
кој не е надвор и далеку од нас
сетилата само го снимаат
она што сме самите
и какви ни се мислите
таков ни е и животот
што ако е 21 век
секоја година, секој ден
секогаш бил единствен
и таа последна, тој последен
и не постои друго време
освен последно време
во последно време
17. 8. 2018
Избор од ФБ профилот на: Тихомир Јанчовски
17-ти август 2018 лето Господово