логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

vozdvizenie.jpg
ГЛАВА II

ПРЕОБРАЖЕНИЕ

Дете воспитано во христијанско семејство слуша како се зборува за Бога уште од првите денови на неговиот живот. Мајката го прекрстува кога си легнува; таа му вели: „Бог нека те заштитува.Таа му ги покажува иконите, му дава да ги целива, прави да живее во присуство и под погледот на Бога. Кога детето ќе научи да зборува и кога поставува илјада и едно прашање, еден или друг ден ќе запраша: „Каде е Бог?" И честопати ќе додаде: „Сакам да Го видам Бога". Ова барање е оправдано и оваа желба е реална, бидејќи ова дете дошло на свет за тоа: да Го види Бога. Што е тоа видение (визија) на Бога?
Библијата ни вели дека човек не може да Го види Бога и жив да остане. Ние учевме со каква љубов и со каква претпазливост Бог им се јавил на Мојсеја и на Илија за да не ги уништи. Додека Бог минува пред Мојсеја во пукнатината од карпата, Он го заштитува со Својата рака. Кога Илија стои пред пештерата, Бог не доаѓа во силниот и суров ветар за да искрши, ни во земјотресот за да разурне, ниту во огинот за да изгори, туку Бог доаѓа во тивкото ветерче и Илија е спасен.
Бог не подготвува да Го сретнеме кога Синот Божји се овоплотил, станал Син човечки; Он не се покажал во Својата Слава, зашто луѓето не би можеле да поднесат; Он станал сличен на нив; Он ја примил човековата природа, положајот на слуга до крај. Ништо не потсетуваше да се наѕре божеството на Исуса. Само во два момента од Неговиот живот Он се пројавил (манифестирал) како Бог. За време Неговото крштевање и за време Неговото преобразување. Крштевањето во Јордан откри дека Исус е Син Божји, второто лице на Света Троица; Јован Крстител Го видел и посведочил за Него. При Преобразувањето, тројцата апостоли Петар, Јаков и Јован Го виделе Исуса како свети во Неговата божествена Слава, на гората Тавор, во присуство на двата големи све¬доци што ја виделе оваа иста Слава во времето на Стариот завет и кои во денот на Преобразувањето доаѓаат да потврдат дека се работи за истата светлина и за истиот Бог.
За да го проучиме Преображението, да го прочитаме Евангелието (Матеј 17,1-9; Марко 9,2-9; Лука 9,28 - 36).


А) ТАВОРСКАТА СВЕТЛИНА

Да земеме ед на икона и да го читаме текстот од Евангелието гледајќи ја сликата, како што направивме за Благовештение, Божиќ и за Крштевањето Христово. Ја гледаме гората каде апостолите Го набљудувале Христа преобразениот. Оваа Гора е подлогата, основата на иконата, таа сведочи дека настанот се одиграл на едно определено место, на земјата, а не во некој психички занес (екстаза), надвор од времето и просторот.
Сликарот ја конструирал сликата според еден мошне строг геометриски план. Во центарот, Христос блеска од Светлина. Зраците тргнуваат од Христа и прават ѕвезда која се впишува во еден круг. Ова симболичко претставување на светлината ни открива дека се работи за една друга Светлина; тоа не е онаа што ја дава сонцето, таа е од друга природа. Оваа Светлина која излегува од Христа и што ја гледале апос-толите, тоа е Славата Божја. Евангелистот свети Јован кој бил присутен на гората ни вели:

И ние ја видовме Неговата слава,
Слава како на Единороден од Оца,
Полн со благодат и вистина (Јован 1,14).

Детето: Зошто зраците излегуваат од Христа, како да е сонце? Кога јас сликам тогаш цртам сонце над сите личности за да покажам дека е ден.
Родителот: Да, секако, и сите сликари своите слики ги осветлуваат како ти, со една светла точка. Помисли на Рембрант кој, на своите платна, често ја претставува борбата меѓу сенката и светлината. На пример, мудрецот кој размислува при светлината на едно кандило, блажен Ероним седнат под една мрачна скала пред едно мало прозорче од каде што му доаѓа светлината која го расејува мракот. или старецот крај огнот, или уште „Бегството во Египет", сцена што ја осветлува месечината. Ние можеме скоро секогаш да најдеме или да претпоставиме од каде доаѓа изворот на светлината: ѕвезда, огин, светилка, дневна светлина, итн. Напротив, иконата на Преображението го илустрира евангелието: заедно да ја препрочитаме одломката. Напишано е дека Христос засветли како сонцето, а не дека е осветлен од сонцето.
Детето: Но можеби сонцето беше одзади и неговите зраци го окружуваа Христа, давајќи претстава (илузија) за светол човек? Како што понекогаш навечер, планините блескаат и се чини дека испуштаат зраци. Но јас знам дека сонцето се крие зад нив и дека тоа прави карпите да светат.
Родителот: Погледај некој цртеж: ако сонцето го осветлува пејзажот, сликарот ќе ја претстави сенката што ја оставаат осветлените предмети. На иконата нема сенка. Ниту планината, нитудрвјата, ниту пак личностите - не оставаат сенка. Затоа што Христос не е ѕвезда, ниту планета која би ја одбивала светлината на сонцето Христос е навистина Оној Кој дава Светлина, оваа Светлина е без сенка, бидејќи таа има друга природа.
Детето: Што значи тоа од друга природа? Дали е тоа светлина што ќе дојде од некоја друга планета? Или од некоја ѕвезда што не ја знаеме?
Родителот: Можеме да го проучиме потеклото на секоја светлина: на сонцето, на планетите и на ѕвездите; таа наука се вика астрономија. Можеме, исто така, да го анализираме огинот, настанат преку согорување на материјата. Исто така, го проучуваме и електрицитетот: тоа е енергија што се произведува од вода, јаглен, од гасови и која кружи во металите.
Според книгата Битие, Бог ја создаде светлината; Он го создаде сонцето, кое е извор на нашата земна светлина. Сонцето е огромен куп материја, кое непрестајно еволуира. Бог ја создал секоја материја и од нејзиното претварање (трансформација) ние добиваме секаква енергија и секаква светлина што ни се познати. Изворот на светлината е секогаш од создадената материја.
Исус Христос, Он, Син Божји, Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога вистински, не е создаден, Он е роден од Оца, како што вели Символот на верата. Исто така, Он засветли на Тавор со Светлина која не е создадена. Оваа Светлина што излегува од Бога црковните Оци ја нарекле: несоздадена енергија. Изворот на Божјата Енергија е превечниот Бог, Оној што во нашите молитви Го именуваме Сонце на Правдата, Христос.
Детето: Но ти ме научи дека Христос станал човек и дека има тело како нашето. Нашето тело е од материјата, и Неговото истотака. На иконата, зраците излегуваат од Неговото тело; значи, тие произлегуваат од Христа Кој е како некоја ѕвезда, ново сонце.
Родителот: Никогаш не заборавај дека во личноста на Христа има две природи: Он е во исто време и Бог и човек. И токму тоа е она што Бог им овозможил на апостолите да го видат за миг: единството меѓу двете природи на Христа. Тие Го виделе Исуса како блеска со Божествената светлина, преку Неговото човечко тело. Впрочем, Божјата енергија несоздадена, се пренесува на материјата, бидејќи Евангелието ни прецизира дека облеката Исусова стана светло бела; ниту еден предмет не би можел да и го дадетој сјај: „какви што ниедна белилка на земјата неби можела да ги избели" (Марко 9,3).

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная