логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Слепченскиот апостол е еден од најзначајните книжевни споменици, не само од богатата ракописна збирка на Слепченскиот книжевен центар туку и општо во славистиката. Тој претставува најстар зачуван препис на Кирилометодиевиот превод на апостолот пишуван со убаво кирилично писмо врз пергамент.
Ракописот е интересен пример на византиско-словенски палимпсест, односно словенскиот текст на апостолот, кој според палеографските особености е пишуван во 11 век, има старогрчки текст, житие на Св. Јован Златоуст на Свети Симеон Метафраст од 10 век, кој најверојатно поради неупотребливост е искористен за препис на апостолот. По содржина е полн апркаосен (изборен) апостол, кој во последните 29 листа содржи месецослов, со апостолски чтенија за секој ден од годината, при што се употребени словенските имиња на месеците.

Тој е богато илуминиран со иницијали во геометриски и тератолошки стил од типот на т.н. народна тератологија, од кои повеќето претставуваат оригинални креации, кои според познатиот научник од областа на древната славјанска уметност, академик Т.И. Буслаев, се исклучително важни за историскиот развој на славјанскиот орнамент воопшто. Пишуван е од двајца книжевници. Едниот пишувал со крупен устав, благо наклонет надесно, другиот со ситен устав со исправени букви.
Писмото е кирилично, односно преписот е транскрипција од глаголичниот превод на апостол на светите Кирил и Методиј, на реформираното словенско писмо – кирилица, кое е создадено од Константин Преславски на основа на грчкото писмо, односно кон 24-те букви од грчкиот унцијал се додадени 14 (всушност 12) букви од глаголицата, за бележење на специфичните словенски гласови, кои според зборовите на Црноризец Храбар и не можат да се пишуваат со грчки букви.

Која била всушност причината за реформирање на оригиналното македонско словенско писмо – глаголицата, која претставува самостоен и доследен графички систем направен на основа на македонски дијалектен говор од околината на Солун?
Тоа е типично христијанско иконично писмо, кое во себе содржи длабока христијанска симболика и семиотика. Според зборовите на академик Ѓеорѓи Поп Атанасов, за разлика од Бугарија, каде што употребата на глаголицата уште од почетокот била отфрлена, во Македонија во времето на Св. Климент, глаголицата се употребувала како единствено словенско писмо, а подоцна до 13 век се употребувала паралелно со кирилицата, која постепено почнала да добива статус како официјално писмо кај православните Словени на Балканот.

При преписите, глаголичните текстови биле транскрибирани со кирилица (како што е случај со Слепченскиот апостол), но архаичните кирилометодиевски јазични особености главно се пазеле не само во најстарите кирилични преписи туку и во подоцнежните. Кирилицата била построена врз истиот принцип како глаголицата, еден знак за еден глас. И, иако со изменет надворешен вид, буквите во кирилицата се со исти словенски називи како кај глаголицата.

Д.Ст.

Зошто исчезнала глаголицата?

Кирилицата била протежирана од државната власт, особено за време на второто Бугарско Царство. Кнезот Симеон, иако бил восхитен од мисијата на солунските браќа, со радост ги прифатил Методиевите ученици, но не и нивната глаголица. За него грчкиот алфабет како симбол на византиската култура бил мерило за културните вредности. Затоа тој го прифатил Кирлометодиевото книжевно наследство, но побарал надворешниот вид на писмото да се приспособи кон формите на грчкиот алфабет. За него глаголицата била нејасна, таинствена и поради тоа отфрлена. Се претпоставува дека кнезот Симеон прво на Св. Климент му предложил да ја изврши таа работа, но откако тој го одбил како верен Кирилометодиев ученик и поборник на глаголицата, нашол таков исполнител во лицето на Константин Преславски. Се претпоставува дека, всушност, Св. Климент од таа причина е протеран во Кутмичевица, Македонија, каде што наоѓа слободно тло за ширење на Кирилометодиевото дело со глаголица. Во Радиновото евангелие од 13 век, кое потекнува од Слепченскиот манастир, а сега се наоѓа во Збирката на Алексеј Хлудов бр. 13, се наоѓаат последните траги на глаголичното писмо.

Апостолот до средината на 19 век се наоѓал во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, но потоа бил отуѓен и денес се наоѓа во три држави – Украина, Русија и Бугарија, односно во пет библиотеки. Сестринството и игуменот Серафим извршија негова репатријација и денес апостолот во дигитална форма во целост се наоѓа во Слепченскиот манастир.

 

https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/slepchenskiot-apostol-najstar-zachuvan-prepis-na-kirilometodieviot-prevod-na-apostolot/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная