Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Многу е тешко да се очисти душата. Потребно е длабоко смирение и автентично покајание, за да се очисти душата. Оттука, бидејќи не се втурнуваме во таква борба, не посакуваме да скокнеме во таа бездна на сопственото срце, тогаш се принудуваме да ставиме маски. И маската ја покрива целата наша моментална
"Мојот постер ја претставува земјата која нè поврзува и обединува. Луѓето се држат еден до друг, изјави таа. Ако еден човек се пушти, останатите ќе паднат. Сите ние сме поврзани со нашата планета и едни со други, но за жал малку сме свесни за тоа. “ изјави младата авторка.
И затоа во светот сѐ повеќе и повеќе се губи мислата за служење на човештвото, за братството и човечката заедница и навистина таа мисла веќе ја пречекуваат дури и со подбив, зашто, како ќе се откаже од своите навики, каде ќе отиде тој
Преку молитвата ја признаваме нашата немоќ и Божјата семоќ. Со молитва Го издигнуваме Бога на негово место и го спуштаме човекот на негово место. Луѓето кои не знаат за молитвата ги поставуваат работите наопаку, односно се воздигнуваат себеси и го понижуваат Бога. Онаму каде што е присутна
Треба да бидеме особено внимателни кон она што го чувме за да не отпаднеме (Евреите. 2,1)… Литургијата е противтежа и отпор на постојаното тление, кое господари со светот; таа ги осветува осквернетите од гревопаѓањето, ги исправува грешниците, ги дига паднатите, ја прогонува гревовната смрдеа; таа е благоухание на Светиот Дух.
Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување за 2022 година. Признанието традиционално го доделува Друштвото на писателите на Македонија уште од далечната 1975 година.
Многупати очајуваме и извикуваме кон Бога: „Боже мој, доживувам болка!“ а Бог ни вели: „Со тебе сум, овде сум!“, но болката не ни ја одзема, бидејќи преку оваа болка ние Го бараме Него. Една убава мисла, доживеана од опит, ја слушнав од старецот Елисеј, игумен на манастирот „Симонопетра“ и содржи голема вистина дека
Утредента рано наутро Димитриј на мајка му, баба му и сестра му им го раскажал следното: На една од станиците, во возот се качила чудна жена облечена во лесни алишта и со шамија околу главата и седнала во вагонот точно спроти него. Од длабокиот поглед на нејзините сини очи, тој останал вкочанет. На следната станица во возот влегле
Од дамнини стигнува до нас следнава приказна. Еден крал имал слуга кој секогаш му велел: „Царе, не паѓај со духот, бидејќи сѐ што прави Бог е совршено и без грешка!“. Еднаш кралот отишол на лов, но бил нападнат од диво животно. Слугата го спасил кралот, но животното успеало да му откине еден од прстите. Царот рекол: „Да беше Бог добар, овој ѕвер немаше да ме нападне и да ми го скине прстот.“
Секоја недела во Великиот пост има две значења. Од една страна, секоја од великопосните недели влегува во оној ритам преку кого се појавува духовната „дијалектика“ на Постот. Од друга страна, пак, во текот на историскиот развој на Црквата речиси секоја великопосна недела придобила и второ значење.
Ова е период на усилена молитва и оваа молитвена атмосфера помага да се открие внатрешната состојба на личноста. Расположението на човечката душа се пројавува при молитвата, па не случајно Христос ни ги покажува митарот и фарисејот во моментот кога се молат, за да го разоткрие контрастот меѓу нив.
Во манастирот Острог од карпата никнува винова лоза иако во негова близина нема земја! Расте токму во близина на местото каде што свети Василије Острошки му ја предаде душата на Бога.
Неговите плодови се даваат на парови кои не можат да имаат деца.
Примерот со Гоце Делчев директно упатува на значењето на еден историски лик и неговата преобразба во легендарен, а со тоа и дел од уметничките креации. Теоријата на литературата, поточно, на оној дел посветен на анализата на митологијата, покажува на кој начин историскиот лик со комплексниот пристап и сврзувањето на митемите станува легендарен, а подоцна и митски.
Кога сум навредуван се одмаздувам; кога ме изобличуваат – се лутам; се гневам – кога ме мамат; ги презирам повисоките од мене, а лицемерам, кога пред нив стојам; на достојниот чест не сакам да му дадам, а јас, иако недостоен, за себе почести барам.
Нема да ги опишувам мислите што секој ден
Тој ми дарува живот. Тој непрестајно ме допира со Својот Животворен Дух. Од тој божествен допир, мојот живот гори, постои и трае во мене. Богоборниот дух, таткото на секоја лага, ме искушува со земните похоти. Ми шепоти дека мојот живот зависи само од земниот леб и другите земни блага. Правејќи се мој пријател, поголем од мојот Создател земајќи ме во заштита од Него - како првите родители во Рајот
Доктор се скамени и занијеми. Кроз зубе је једва проциједио: "Бог је велики".
И кроз главу му прође цијели тај дан: принудно слијетање авиона, нестанак интернета у ауту, погрешно скретање. Све се то десило не само зато што је Бог чуо њену молитву, већ да би и он добио шансу да изађе из материјалног свијета и помогне људима који немају ништа друго, осим молитве.