логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT365

 

Ирина Медеведева, Татјана Шишова Читајте го Хаксли!

Прв дел

           Постојат дела кои малку кој ги читал, но кои сите ги знаат. На пример “Илијада” и “Одисеја “на Хомер, “Дон Кихот” на Сервантес, “Божествената комедија” на Данте. Некогаш книгите биле темелно исчитувани, а нивните извадоци биле наизуст учени во гимазииите и ликејоните. Кој знае, можеби нивното време ќе се врати? Но, на денешен ден, тоа е предисторија на литературата.

Книгата на Олдус Хаксли “Прекрасниот нов свет” (неспоредлива, впрочем по литературните вредности со набројаните ремек дела) е сличен случај. Неа ниту оддалеку не ја читале сите но, насловот на книгата станал вид на популарен израз кога некој сака да даде иронична или саркастична оцена на современите чудни новитети. А тоа е впрочем, природно, бидејќи “Прекрасниот нов свет” припаѓа на жанрот на романите – антиутопии – такви романи, во кои претставата на можната иднина се слика многу непривлечно, ако не и застрашувачки. Антиутопијата ги издвојува, од гледна точка на авторот, општествените тежнеења и теоретски е усмерена на тоа да го престаса нивиното вкоренување и развој .

          Токму така и ние се однecувавме кон романот “Прекрасниот нов свет”, па дури дадовме истоветен наслoв на едно од поглaвјата на нашата книга “Потомците на царот Ирод”, која ја разобличува политиката на “планирањето на семeјството”. Затоа за нас беше изненадување што познатиот амеркански опозиционер Линдон Ларуш и неговите соборци, Хаксли воопшто не го сметаат за разоткривач на идејата на “прекрасниот нов свет”, туку како едeн од неговите главни проектанти, разработувачи, пропагандисти. То ест – не борец со злото, туку, напротив, негов творец.

Повторно го прочитавме романот, а бидејќи нам дотогаш ни беше познато многу и за контролата за раѓањето во некои земји, и за училишната секс – просвета, и за новите технологии за обработка на масовната свест, и за другите глобализациони процеси, доживеавме состојба блиска со шок откако видовме колку многу од сето тоа авторот го нашарал во далечните 30-ти години на XX век, веќе се случило. За време на првото читање, кога се’ она горе наброено не го знаевме, а многу ниту пак насетувавме, книгата на Хаксли ја прифативме како некоја проширена метафора, или попрво фантазмагорична хипербола. Воопштено, како она што начелно не може да биде но, овозможува подобро да се донесе авторската мисла до читателот. Да речеме, кога во романот “Гуливер” на Сфивт сретнуваш дивови, лилипутанци, луѓе со коњски глави, јасно е дека тоа се сатирични слики, симболи. Но, сега замсилете си кога одеднаш ќе се испостави дека тоа не е измислица, туку стварност. Дека навистина постоеле особени лабаратории во кои се произведувале и едните и вторите и третите...

Куса содржина и некои аналогии

Но, да се вратиме на романот на Хаксли и да направиме мала напоредна анализа. Дејството се одвива во некоја далечна иднина. Луѓето што живеат во неа не се раѓаат по природен пат. Нив ги штанцуваат во т.н. човекофабрики и од младини ги воспитуваат на одреден начин. Во тоа општество сите луѓе се среќни, бидејќи се отстранети сите чинители кои создаваат тага и жал: глад, сиромаштво, болест, стареење, човечки страсти. Па доколку некои психолошки проблеми сепак се појават, тие лесно се отстрануваат со помош на нештетниот наркотик – сома. Но, постојат уште места каде што луѓето живеат по старински.

Еден таков човек доспева во “прекрасниот нов свет” и станува вистинска сензација. Дивјакот, како што го нарекле претставниците на новата цивилизација, не може и не сака да ја прифати, без обѕир на сите удобности и предимства кои таа ги навестува. Тој длабоко пати во светот на сеопштата благосостојба и на крајот од краевите дига раце на себе.

 

Сега пак, откако ја изложивме накусо содржината, да пристапиме непосредно кон анализата и да погледнеме што од напишаното веќе се има остварено, што е на прагот, а што останало само авторска фантазија. Да појдеме право по текстот на романот. Еве како тој започнува: «Голема сива зграда од само 34 спратови. Над главниот влез стојат збровите: ЛОНДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ИНКУБАТОРСКО ПРОИЗВОДСВО И СИСТЕМСКА ОБРАБОТКА, а на релјефот во облик на штит, гесло на Светската Држава: ЗАЕДНИЦА, ИСТОВЕТНОСТ, СТАБИЛНОСТ. »

             Директорот ги води студентите низ зградата и им покажува како се зачнува животот во прекрасниот нов свет. Нив им претстои тука да работат и треба да им се пружи општа идеја за да ја работат работата со разбирање. Но, треба да им биде пружена “што е можно повеќе oбледeна, доколку треба да станат добри и среќни членови на општеството. Бидејќи деталите, како што секој знае, доведуваат до вистинска доблест и среќа: а воопштувањата се пак, од интелектуана точка на гледање, нужни зла. Костурот на општеството не го чинат философите, туку љубителите на канаринци и собрирачите на марки”.

Вам последната сентенца не ве ли потсетува на усмерувањето на тесен професионализам, кој на запад уште одамна стана вообичаен норматив, а кај нас се’ уште не се одомаќинило но, засилено се пропагира?

Планско човекопроизводство

              За другите горе спомнати реалии (воспитен центар, светска држава) ќе поразговараме подоцна, а сега да појдеме заедно со студентите во инкубаторот. Се разбира, децата засега не ги одгледуваат онака како што е опишано кај Хаксли. На технологијата на постапката ние воопшто нема да се восредоточуваме. Според нас тоа не е првенствено нешто. Првенствен е отказот од нормалното, природното зачнување и раѓање, преминувањето за тоа прашање на планско раснење и производство од лента.

           Што се однасува до ВТО (вонтеленото оплодување) тоа станала воопшто не уникатна, туку сосема редовна, дури вообичаена медицинска постапка. Но, гледај парадокс: онака како што ВТО се предлага како можност за стекнување на мајчинство на бесплодна жена, според логиката на нештата би следело, дека не одрекнувајќи се од таа технологија, ќе се вложат сите сили за борбата со бесплодноста и ќе се отстранат сите оние чинители кои ја предизвикуваат. Инаку неа ја предизвикуваат-а тоа ќе ви го каже секој гинеколог-акушер-раниот почеток на половиот живот, менувањето на партнерите и оние “погани болести” кои се пратечки. Но, секаде наместо целомудреност се пропагира разврат. Дури има податоци дека бесплодноста може да се предизивика со генетски модифицираните намирници, па дури и со вакцини. Но, наместо да се направат сеопфатни независни истражувања, оваа тема на секој начин се премолчува. На научниците кои се обидуваат да ја започнат, им се врши притисок и се заплашуваат. Дали е тоа парадокс? Па како да се земе! Ако иднината се крои по моделот на Хаксли, тогаш се’ е логично.

             Во “прекрасниот нов свет” вештачкото оплодување треба да го замени природното. Засега тоа се’ уште не се има случено но, тенденциите се такму такви. ВТО е признаена како најделотоворен метод на решавање на проблемот на бесплодноста, а бидејќи бројот на бесплодните парови се зголeмува, тогаш, во согласност со тоа, расте и бројот на деца од евпрувета. Во овој момент такви деца во светoт има веќе еден милион, а годишно се раѓаат околу 30.000. Секако, воглавном, во развиените земји. Кај нас лобистите на новите репродуктивни технологии исто така тежнееат да заграбат од буџетот што повеќе средства. А ако буџетот е ограничен, некако испаѓа дека треба свотите издвоени за лечење на бесплодноста да се намалат. Традиционално настроените стручњаци се вознемирени: зошто? Па затоа што не го читале Хаксли и не го чувствуваат духот на времето.

          Со противприродното раѓање на децата нештата засега не стојат така успешно но, сепак се изведува. “Луѓето сеедно ќе бидат клонирани - уверуваат научниците – забранувале вие или не!” Еве што пишува публицистот Иван Леонов: Летото 2009 – та година BBC News соопштија за сензационалното достигнување на британските биолози од Њукасл универзитетот под раководство на професорот Карим Најерни – создавањето на вештачката сперма на човекот од матични клетки. Матичните клетки биле издвоени од стари неколку дена човечки заметоци кои преостанале од вонтелесното оплодување. “Прв пат ни успеа да создадеме живот со помош на вештачка спрема” – изјави за интервјуто за BBC професорот Најерни. Слични експерименти се изведуваат во САД и Јапонија. Јавните гласила веднаш го прифатија соопштението и тоа на најбулеварско ниво. Теоретски, ваквата можност за оплодување во себе крие огромни можности – се дават во воодушевување средствата за масовно информирање (СМИ). Тоа значи дека дете може да се роди без учество на мажот или донорска сперма. Ќе биде решен проблемот на машката неплодност. Во иднина се планира на сличен начин да се произведе здрава, способна за оплодување женска јајце – клетка, за да реши проблемот на неплодност кај многу жени. 1 

              Во еден ред со сличните истражувања е и приметното смалување на природните породувања, бидејќи јавувањето на свет по пат на царски рез, ќе се согласите, не е потполно природно породување. Во многу земји така се порордуваат сега 50-60% жени! Притоа веднаш се убиваат две муви: жените, во суштина, се одвикнуваат од природно породување, со сугестијата дека породувањето на природен начин е опасно, иако всушност царскиот рез, кој по себе претставува стомачна операција, е многу повеќе опасен за мајката (бидејќи лузната на матката, во иднина може да создава сериозни проблеми за женското здравје), па дури и за детето, кај кое што при наглата промена на притисокот неретко може да настанат мозочни пореметувања, се’ до микроизливи на крвта во мозокот.Освен тоа, царскиот рез придонесува делoтворно да се смали раѓањето, бидејќи следната бременост не се препорачува порано од после две до три години. А уште една, воопшто не се препорачува. Поради тоа, творците на ”прекрасниот нов свет” ја земаат оваа операција како вооружување.

            Да споменеме патем, планското производство во областа на демографијата, која се чинеше така фантастична во романот на Хаксли, сега никого не го чуди. Кина неколку десетлетија живеела со паролата, изедначена со наредба: “Едно дете во семејството”. Сега после никнатите демографски извитоперености планот за раѓање деца е видоизменет но, планирањето сеедно не е укинато. За неопходноста да се смалува наталитетот во оваа или онаа земја, отворено се говори од трибината на ОН. Во Индија неодамна е исфлена нова програма, усмерена на мажите: “автомобил во замена за стерилизација”. Веста е впрочем релативна. Слични мотивациски акции почнале да се спроведуваат уште за време на животот на Хаксли. Навистина, тогаш наградата изгледала поскромно. Можеле да понудат кутија сапуни или елементарна медицинска помош за веќе родени деца. Патем, бројот на жителите на “прекрасниот нов свет”, претставен во романот, изнесува 2 милијарди луѓе. Интересно е дека токму таа бројка во текот на многу десетлетија се наведува како оптимална од поддржувачите на идејите на “Римскиот клуб”, кој во 60-тите години го објави извештајот “Границите на прирастот”, со кој всушност започнаа програмите за планско смалување на наталитетот на Зeмјата. Но, Хаксли таа бројка ја навел 30 години порано!

             Како што е редот, треба да тргнеме по студентите во следната сала-салата за предодредување, каде што заметоците намерно се сместуваат во не истоветни услови, бидејќи тие, кога ќе созреат, мораат да припаѓаат на разни касти и да поседуваат програмирани својства, за да можат со највисока добит да ја извршуваат работата која за нив е предвидена.

         За тоа дека глобалистичкото општество на иднината, кое ја претставува Светската Држава и кое како што спомнавме на самиот почеток на романот мора да биде по касти, засега званично не се говори. За тоа може да се прочита во антиглобалистичката литература но, за да ги избегнеме обвинувањата за конспирилогија, оваа тема нема да ја пренагласуваме. Само ќе кажеме дека генетскиот инженеринг успешно се развива, та можноста за нарачување на одредени надворешни особини, па дури и дарови на своето идно дете, станува се’ позамислива.

Создавање на “правилни” смерници

            Сега да преминеме со студентите на ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ. САЛИ ЗА НЕОПАВЛОВСКИ УСЛОВНИ РЕФЛЕКСИ. Авторот опишува стравична постпака на создавање кај младенчињата од кастата “делта”, една од пониските касти на brave new world, одвратност кон книгите и цвеќето. Бебињата-осмачиња ги довезуваат во салата, каде што стојат прекрасни рози и сликовници со јарки илустрации. Кога бебињата ќе доползат до нив, ги плашат со завивачки звуци на сирена, а потоа, за да го зацврстат одречниот рефлекс, ја вклучуваат во подот спроведената струја. Набргу, кога на малите веќе без сирени и струја им покажуваат вази со цвеќе и слики, тие се ежат од ужас и почнуваат да плачат.

       Овде сигурно некој ќе приговори: ма ајде, во стварноста се’ до ден денес, бебињата не ги плашат со сирени, ниту ги гаѓаат со струја. И да - тоа е така. Но, самиот принцип на сликовно и појмовно поврзување на нешто убаво, возвишено, со она што предизвикува презриво смеење или дури одвратност стана еден од главните начела на обработка на масовната свест од најрана возраст. И обратно, современата мас – култура цели да ги причучи децата на љубов кон грдото. Сите тие чудовишта, киборзи, луѓе – пајаци, нинџа – желки, Bratz - кукли, трансформерси и слично благодареjќи на широката реклама стануваат за децата нешто крајно примамливо, привлечно и сакано. Исходот е дека не само што им се расипува вкусот, туку и им се изопачуваат вредносните ориентири, им се деформира психата и личноста. А сето ова се случува во правецот во кој уште од мали нозе се образувани граѓаните на “прекрасниот нов свет”.

         Што е карактеристично за нивната психологија? Пред се’, тоа се идеални потрошувачи. Особено сакаме да подвлечеме дека на крајот на 1920-та година, кога е пишуван романот, за никакво потрошувачко општество нема ниту помен. Америка се приближувала на Големата депресија, Европа никако не можела да се опорави по Првата светска војна и се движела во правец на фашизмот, во Русија само што почнувала индустијализацијата и колективизацијата, така што ниту имало, ниту пак се имало за што нешто особено да се троши. Поголемиот дел од останатите земји воопшто беа колонии, каде што царуваа страшна експлоатација и сиромаштија. А Хаксли воодушевувачки точно го опишал она што почнало да се создава по три – четири десетлетија. Тој јасно покажал како во тоа општество потребите не само што се задоволуваат, туку и - а што е принципиелно важно – се создаваат со помош на манипулација со свеста. Интересно зар, не?   

            Со помош на хипнопедија, сугестии во сон (сега тоа успешно го извршува телевизорот, ставајќи го човекот во транс, во кој сугестијата многу силно делува), јунаците на Хаксли биле приучувани на постојана потрошувачка, да сакаат се’ ново: “крпеж – трпеж”, “подобро е ново да набавуваш, отколку старо да поправаш”, “нова роба во нова соба” – овие и други смерници децата секојдневно ги добивале во рамките на новото морално воспитување. А ги усвојувале за сиот свој среќен живот.

         Како и да е, ова веќе се остварило на запад, особено во САД, во полна програма. А и кај нас потрошувачката психологија стреловито ги окупира човечките души. По се’ изгледа само сиромаштвото ја спречува таа психологија да стане масовна. Е, а оние богатите ги фрлаат на ѓубриште не само оштетените нешта и уреди (кои би можеле да се поправат), туку и потполно исправни, затоа што, како што е прифатено сега да се изразува, тие се “морално застарени”. А тоа го прават со некое особено чувство: ко да велат, баш така мораат сега да живеат белите луѓе. Патем, каква е таа очигледно идиотска синтагма: “морално да се застари!” За што тука служи моралот? Но, поаѓајќи од логиката на “прекрасниот нов свет”, тоа и не е таков апсурд. Во секој случај некаква, макар и посредна врска со моралот овде постои, бидејќи избегнувањето на постојаното обновување на арсеналот на нешта е аморално за потрошувачите. Праведниот потрошувач е должен постојано да троши, инаку со кое право животинари на овој свет? Во врска со ова и одучувањето од книгите добива дополнителна смисла. Тоа дека неуката маса, кај која не е развиено мислењето, е полесно да се управува, се знаело уште и во старината. Но, за потрошувачкото општество културата е неприфатлива уште и затоа што, го цитираме Хаксли: “Кој седи и чита книги, тој не троши многу”. Особено сериозните книги, кои не може да се прелистуваат по дијагонала.

           Хаксли насликува свет во кој не знаат и не сакаат да знаат за Шекспир, историјата ја презираат и исто така ја фрлаат на ѓубрилиште како морално застарена. “Историјата – изјавува Постојаниот Управител за Западна Европа, еден од дестетте Управители на светот – тоа е: “млатење празна слама.” “Тој замавна со раката; изгледаше како со невидлив стап со пердуви за прашина, да брише малку прав, а тој прав беше: Харапа, беше халдејскиот Ур; потоа малку пајажина, а пајажината беа Теба, Вавилон, Кносос, Микена. Еден замав со перјаната четка и уште еден – и каде е Одисеј, каде е Јов, каде се Јупитер, Готама, Исус? Еден замав – и сите оние зрнца на античка прашина, наречена Атина и Рим, Ерусалим и Средното Царство – сите тие исчезнаа. Паф – се испразни местото каде што беше Италија. Пуф – катедралите; паф,пуф, Кралот Лир и Паскаловите Мисли. Паф, Христовото страдање; пуф, Реквиемот; паф, симфонијата, пуф...”

Во нашето време ова веќе воопшто не е фантастика. Човекот на толпата, кој само пред 20 –тина години се срамеше од своите ограничени знаења во областа на науката, културата и уметноста, сега поради тоа воопшто не е возматен. А оние кои ги поседуваат таквите знаења, тој со презир ги нарекува ботаничари (зарем тука нема некакво довикување со Хаксли на далечина? Оти на малите од кастата делта им всадувале нељубов токму кон билниот свет, кон ботаниката, бидејќи на планското потрошувачко општество потребно е тие, ако заминуваат од градот и на тој начин го оптеретуваат сообраќајот, да не се воодушевуваат на цветчињата и ливчињата, туку да се бават со оние видови спорт кои бараат скапи уреди и опрема).

Забави за возрасни и деца

            Но, масите заситени со леб (а гладта е, како што веќе напоменавме, во “прекрасниот нов свет”, победена) бараат игри. Владетелите се погрижиле и за тоа. “Дали одиш вечерва на кино, Хенри? – го прашува едниот јунак другиот – Слушам дека овој новиот филм во Алхамбра е првокласен. Има една љубовна сцена на простирка со мечкино крзно; велат дека е исклучително убава. Рeпродуцирано е секое влакно од крзното. Неворојатни тактилни ефекти.”

И што со ова? Зарем ние, гледајќи од денешен ден, не забележуваме во ова нешто нереално? Последните години само и слушаме за специјалните ефекти, при што неретко во овој контекст: филмот, како да не е ништо особено но, затоа специјалните ефекти се извонредни! До опипливи вистини засега не сме стигнале но, тоа е како што уверуваат научниците, проблем на блиската иднина. Затоа мириси и тридимензионални слика, која создава ефект на присуство имате колку што сакате. Во Јапонија дури се има појавено и првата виртуелна пејачка. Неа не смо што ја слушаат, туку и ја гледаат. И тоа не на екран поставен на сцената, туку како жива. Гласчето и’ е уште малку неприродно, електронско но, науката се развива и во тој правец.

           Фиксацијата такму на еротската сцена во тактилоскопот исто така не е случајна. Кон крајот на 20-тите години на минатиот век тоа сведочело за многу смела вообразба на авторот и во реалниот филм тоа било потполно незамисливо. Сега пак, напротив, денес скоро и да не може да се сретне филм без такви сцени. Дури и ако тие се неумесни и произведуваат впечаток на нешто изнудено. Како тоа да го бара цензурата (која наводно ја нема): да не се избрише, туку напротив да се вметне “сексуалниот стимуланс”. Таман да се присетиш на советската доба, кога во секоја дисертација, дури и на темата на усовршување на високите печки, било добро да се вметнуваат цитати од класиците на марксизмот. Без тоа дисертацијата не ја примале во ВАК (Вишата атестациона комисија).

          А сето тоа се правело не поради хирот на некој неразумен чиновник, туку затоа што сиот живот во државата морало да биде проникнат со марксиситичко – ленинистичка идеологија. А во “прекрасниот нов свет” како најважен идеолошки состав истапува потполната сексуализација. Децата од најнежна возраст ги обучуваат на основите на сексот. Во западните земји ова веќе одамна не подлежи на расправа. “Секс – просветата” влегува во програмите на предшколското воспитание некаде од петтата, а некаде од третата година. Во втората половина на 90 – тите години требало да се вложат огромни напори за нашата земја да не го следи овој пример. Се’ било подготовено: од програмите, на брзина преведени од англиски и холандски јазик, до наставните филмови и нагледни средства. Но, фала на Бог, реализирањето на тие планови не успеало, иако периодичните пробиви на просветарите во школите се случуваат. А во часописите за родителите може да се прочита дека во никој случај не треба да се прекинуваат еротските детски игри, бидејќи наводно тие придонесуваат за нормално возраснување на детето.

Та, Хаксли мошне изразно во својот роман ги опишал и таквите развојни игри:

“Во малиот тревен премин помеѓу два високи жбунови на средоземен врес, две деца, момче од некои седум години и девојче постаро можеби една година, беа занесени, многу сериозно и со сето восредоточено внимание на научници вдлабочени во работа над некое откритие, со рудиментирана сексуална игра.

          - Прекрасно, прекрасно! – рече директорот сентименатално.

        - Да, навистина – учтиво се сложија момчињата. Но, нивната насмевка беше прилично снисходителна. Тие ваквите детинести забави ги надраснале пред така кратко време и не можеле да ги посматраат без малку нешто презир. Прекрасно? Па тоа смо две дечиња се лудираат во игра и ништо повеќе. Дечиња.

         - Секогаш мислам дека... – продолжи директорот со оној ист, прилично разнежнет тон, а во тој момент го прекина гласно лелекање.

Од соседниот жбун се појави една негователка; водеше за рака едно момченце кое цело време се дереше. По неа каскаше мало вознемирено девојче.

         - Што се случило? – праша директорот. Негователката слегна со рамената.

        – Ништо особено. Овој малиов изгледа се плаши од нормална еротска игра. Веќе имам забележано еднаш – двапати порано. Денес повторно. Почна да се дере кога...

       - Жими Форд – затрепери девојчето – ништо не му направив. Жими Форд! (Форд е пророк и божество на жителите на прекрасниот нов свет – појаснување од авторите)

     - Ма не душо, секако дека не – ја охрабри негователката.

   – Сега ќе го одведам – продолжи таа, вртејќи се накај директорот – кај помошникот на началниот на психијатриската служба. За секој случај; можеби сепак има некои ненормалности.

- Во право сте – рече директорот. Само вие одведете го. А ти остани во градинката, девојче – додаде тој додека негователката управуваше со својот пулен кој и понатаму се дереше.

– Како се викаш?

- Поли Троцка.

- Баш убаво име – рече директорот, пратејќи ја со поглед.

– Ајде сега убаво оди и побарај некое момче за да се играш.

Детето отрча во жбуновите и исчезна од видот.

- Колку мило девојче! – рече директорот, пратејќи ја со поглед. А тогаш, вртејќи се кон своите студенти, рече: - Ова што сега ќе ви го кажам може да ви се причини неверојатно. Но, кога човекот не е запознаен со историјата, најголемиот дел на податоци за минатото всушност и му звучат неверојатно.

И ја изнесе запрепастувачката вистина. Многу порано пред ерата на Форд, па дури и неколку генерации во тек на неа, еротската игра на децата е сметана за ненормална ( одекна смеење); и тоа не само ненормална туку и неморална ( дали е можно?), поради што била немилосрдно спречувана.

На лицата на слушателите се појави израз на неверување проникнат со запрепастување. На сиротите деца да им се одземе тоа малку забава? Тоа не им одеше во глава.

      - Дури ниту на пубертетлиите не ја дозволувале – продолжуваше Директорот на Центарот – дури ниту на малку пораснати момчиња како вас...

      - Не е можно!

       - Само повремено и тајно самонасладување и хомосексуалност – немале совршено ништо.

     - Ништо?

      - Да, во поголемиот број случаи ништо – до дваесетгодишна возраст. -

      -Дваесетгодишна? – во хор извикаа студентите, не верувајќи на своите уши.

        - Дваесетгодишна па и подолга. – Нели ви кажав дека историската вистина ќе ви се причини неверојатна. - Но, кон што водеше тоа? – прашаа тие. – Какви беа резултатите? -  

       - Резултатите беа стравични – во разговорот стапи длабок звучен глас.”

Мерки на безбедност

       Поттикнувајќи ја детската сексуалност, наставниците во романот на Хаксли, исто онака како што сега во “цивилизираниот свет”, грижливо ги дресираат штитениците со цел на користење на средства против зачнување. Јунакињата - се вика Ленина – носи Малтусов појас, чии џепчиња се набиени со контрацептиви. Во годините на пишувањето на романот хормоналната контрацепција уште не постоела, а т.н. бариерна во многу земји била забранета; но, оттогаш на поддржувачите на “планирањето на семејството” им успеало да изведат, како што тие самите ја нарекле, контрацептивна револуција. Малтусовиот појас, навистина, не влегол во современа употреба, но “одговорните родители” на Запад своерачно пикаат во џебот на синот или ќерката презерватив. Во последно време, патем, во Европа, е уредено и производство на тие изработки за 12- годишни дечиња – со детска величина. За борба со непланираната бременост во романот на Хаксли широко се применува стерилизацијата, што исто така успешно е спроведено во живот. На запад на тој чудесен начин а хируршка контрацепција (навод од рекламен буклет) се обраќа и до 30% од вкупниот број на семејните парови. А во контрацептивно напредната Канада само жени кои се во репродуктивна возраст (15-49 години) кои имаат партнери се стерилизирани околу третина – 31%! Плус уште и мажите – таму е тоа многу популарно.

       Нормално раѓање на деца во “прекрасниот нов свет”, како што веќе знаеме - нема. Тоа се смета за престап. Но, на оние кои не се стерилизирани, лекарите им препорачуваат периодично да поминат кура на вештачка бременост. Лекарите, кои се надлежни за основниот нагон играаат улога на жреци во животот на жителите на антиутопијата: нивните совети се следат беспоговорно, ним им се верува апсолутно. Всушност, тука сличноста со совремието се практично потполна. Во западните земји, каде што одамна господари планирањето на семејството, девојчињата уште од школска клупа се навикнуваат да го слушаат својот гинеколог повеќе отколку мама и тато, со години пијат хормонални контрацептиви, кои кобајаги се потполно нештетни, а потоа се лечат од гојазност, бесплодност, рак на млечните жлезди, но притоа не го поврзуваат едното со другото и по старо веруваат на “компететнните специјалисти за женско здравје”.

        - Доктор Велс вели дека три месеци на вештачка бременост, ако сега ја прифатам курата, ќе ми го држи здравјето уште три – четири години – соопштува пријателката на Ленина.

Би се рекло – така очигледна глупост не може да се оствари! Но, не! 90 – те години, кога “планерите” во Русија делувале беспоштедно – како во земијте на третиот свет – намалувајќи го наталитетот на сите начини, некои жени запрепастено кажувалe дека гинекологот ги уверувал како бременоста која се завршува со абортус е корисна за организмот. Додека една докторка дури заради убедливост се повикала на сопствено искуство: вели, таа и самата периодично прибегнува на таков начин на подмладување.

Взаемно користење

        Преземајќи ги сите неопходни мерки на предострожност, жителите на Хакслиевиот свет се насладуваат со “безбеден секс” до самата смрт. Под паролата “секој припаѓа на секого” се поттикнува на промискуитет, кој се нарекува “взаемно користење на полови”. Долго да се има работа со еден ист партнер се смета за непристојно. Поимите на љубовта, па дури и на заљубеност отсуствуваат. Кога од нас веќе споменатиoт Дивјак, на еден од најпрeфинетите интелектуалци Хелмхолц чита од “Ромео и Јулија”, тој наидува на потполно неразбирање. “Сцената на нивната прва средба – пишува авторот – Хелмхолц ја исслуша со збунета заинтересираност. Сцената во овоштарникот го одушевила со својата поетичност; но, чувствата на заљубените му биле смешни. Така да се секира човек за тоа дали ќе има девојка – му беше некако смешно.” Да ја дочита трагедијата до крајот Дивјакот не успеа, бидејќи откако слушна за страдањата на Јулија, која сакаа да ја дадат на Парис, Хелмхолц се загрцна од смеење.

           Таткото и мајката ( простаклук на квадрат!) ја тераат својата ќерка да оди со некого кого што не го сака! А и таа глупача која се крие дека е во врска со некој друг кого (бар во тој момент!) повеќе го сака! Во својата скаредна бесмсила ситуацијата била неодоливо смешна. Дотогаш на Хелмхолц му успевало со херојски напор да го совладува смеењето што го спопаднало; но, `слатка мајко` ( во гласот на Дивјак кој трепери од болка) и спомнувањето на Тибалт мртов, а очигледно и некремиран, како го расипува својот фосфор во гробот мрачен – тоа е премногу за него. Се смеел и се смеел, солзите веќе му течеле по лицето, а никако не можел да се сопре...

      Укинување на родителството

         Вас по се’ изгледа ве зачуди вака одречната реакција (“простаклук на квадрат”) на спомнување на таткото и мајката. Но, нема ништо чудно во тоа. Во светот на Хаксли семејството не постои. Зборовите “татко” и “мајка” се сметаат за недолични и прaктично се забранети. До пред некое време тоа веќе изгледало како не само неостварлива, туку и незамислива фантастика. Но, не! 2010 – та година светот го облета веста дека Државниот департман на САД забранил во званичните документи да се користат зборовите “татко” и “мајка”, заменувајќи ги со родител 1 и родител 2. Всушност, во духот на “прекрасниот нов свет” и изразот “родител” ќе биде порано или подоцна укинат. Во романот на Хаксли сите деца растат во воспитни центри. На запад, каде што цврсто зацарило малолетичкото правосудие, се’ повеќе деца под разни изговори се одземаат од семeјствата. Последните години кај нас исто така се обидуваат да го воведат овој систем. Оттука и обидите да се прошират правата на туторските органи, да се измени законодавството (во полза) на малолетната страна, потоа дискриминаторската финансиска политика во областа на поддршката на крвните семејства и сл.         

         Кон крајот на 2010 – тата година сите, па дури и закоравените либерали беа шокирани од известувањето за тоа дека Друштвената палата се подготвува на Државниот совет да му претстави на претседателот некој форсајт – проект (т.е.проет за иднината) «Детство 2030». Текстот беше такa дрско, така нереално антисeмеен, така што многумина го доживееја како творение на умоболник .

Ете тоа значи со години да се живурка зад железната завеса! И каква е пак тоа маргиналштина? Не, туку најнеприкриен мејнстрим! Читајте го Хаксли, господа. Тој уште во другиот «форсајт – 30» – пред 100 години! – се’ назначил. Нашите домашни форсајтовци се каде – каде поблаги, каде – каде се повнимателни во изразувањето: велат, крвното семејство е безнадежно застарено... А Хаксли се изразува со војничка непосредност. И каде само исчезна неговата интелектуална истенченост? “Родното, домашното огниште – во неговите сопчиња, како сардини во конзерва, жителите се: мажот, жената која повремено се коти, стадо на момчиња и девојчиња во разни возрасти. Загушливост, теснотија; прав затвор, па уште и нестерилизиран: замраченост, болештини, смрдеа.”

(Управителот така живо го сликал тој затвор, така што еден студент, кој беше поосетлив од останатите, побледе од самиот опис и само што не поврати.)

“Родителската љубов е исто така застарен мит” – умилно дошепнуваат авторите на нашиот, домашен форсајт.

А Хаксли и тука креска во мустаќ: “А во духовна смисла домашното огниште беше омразено и валкано колку и во физичка. Психолошки, тоа беше ѓубриште, зајчешка дупка, врела од меѓусебното триење на стиснатите животи во неа, смрдлива од душевни немири. Каква загушлива психолошка блискост, какви дивјачки, смрдливи односи меѓу членовите на семејната група! Како залудена, мајката се тресела на своите (своите! родените!) деца – токму како мачката над мачињата; но, мачка која знае да зборува, која знае да повторува без престан: ‘чедо мое, пиленце мое’.”           

           Kaj Хаксли сите деца без исклучок растат во воспитните центри, односно во детските домови. Авторите на рускиот “форсајт” хумано предлагаат алтернативи во вид на разни “воспитни заедници”. Дури и идејата за укинување на училиштето, напумпување на информациите право во мозокот по пат на Интернет, која така ги шокирала либерално настроените граѓани, домородните методолози го излижале кај творецот на “прекрасниот нов свет”. Тој навистина без обѕир на своите прогностички способности, до чиповите не се домислил. Еве што гледаат студентите кога за време на екскурзијата ги запознаваат со хипнопедијата (за нашата цивилизација тоа е веќе вчерашнина): “Го пречекорија прагот и се најдоа во полумракот на спуштените ролетни на спалната. Покрај ѕидот стоеја осумдесет крвеветчиња во една низа. Се слушало лесно, рамномерно дишење и некое непрекинато мрморење, како оддалечено шепотење на многу тивки гласови.

           Негователката стана кога велгоа и застана мирно пред директорот.

         -Кој час го држите денес?

        -Првите четириесет минути ги посветивме на начелата на сексот – одговори таа. – А сега ги приклучив на основитена кастиската свест.

Директорот појде со лесни чекори покрај низата од креветчиња. Осумдесет момчиња и девојчиња тихо дишеа, заруменети од сонот. Од под секоја перница се слушаше шепот.” Тивок но, разговетен глас им ги набројуваше предностите на нивната припадност на кастата “бета”. “До будењето ова да им се повторува уште 40 или 50 пати; па потоа повторно во четврток и во сабота. Три пати неделно по 120 пати во текот на 30 месеци – рече директорот. И додава: Сe’ додека на крајот сета детска свет не се исполни со она што им го всадил гласот и додека она што им е всадено во сета целокупност не стане детска свест. И не само детска, туку и на возрасниот – за цел живот. Мозокот што расудува, посакува, одлучува – сиот потполно ќе биде создаден од она што му е всадено. Всадено од нас!....Всадено од Државата!” 1

Леонов Иван. О Международных конгрессах по репродуктивному здоровью

// http://www.ruskline.ru/analitika/2012/02/11/put_vo_tmu/.

Линк до оригиналот: https://sloven.org.rs/srb/?p=17233

 

Превод од српски јазик: М.Б.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2017
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2534
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная