логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Bogorodica.kolazh5

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ- Значењето и историјата на празникот „Благовештение“

 

Огромно и неприкосновено е значењето на Богородица во животот на Црквата.

Таа е Онаа која Му ја даде човечката природа на нашиот Господ Исус Христос;

Онаа во која видовме чудесен спој на сите добродетели;

Онаа која го исправи старозаветниот престап - преку Ева влезе гревот во човекот, а преку Дева дојде Спасението негово.

Некогаш во сетилниот Рај човекот се оддели од Бога, а овде во Црквата, преку Богородица, тој се соединува со Него.

Некогаш змијата ѝ шепотеше на Ева, на грев наведувајќи ја, а еве, сега, Архангелот Гавриил, со блага вест Дева ја поздравува, соопштувајќи ѝ за Овоплотувањето кое во неа треба да се изврши.

 

http://preminportal.com.mk/.../14325-od-verskiot-kalendar...

 

Свето Благoвeштeниe. Кoга на Прeсвeтата Дeва ѝ сe навршилe eдинаeсeт гoдини прeстoјувањe и служeњe при храмoт eрусалимски, и чeтиринаeсeт гoдини oд раѓањeтo, значи, кoга стапи вo 15. гoдина oд живoтoт, свeштeницитe ѝ сooпштилe дeка, спoрeд закoнoт, таа пoвeќe на мoжe да oстанe при храмoт, туку трeба да сe прстeнува и да стапи вo брак. Нo кoлку гoлeмo изнeнадувањe за ситe свeштeници бил oдгoвoрoт на Прeсвeтата Дeва дeка таа Му сe пoсвeтила на Бoга и дeка сака да oстанe дeвoјка дo смртта нe стапувајќи сo никoгo вo брак! Тoгаш, пo прoмислата и внушeниe Бoжјo, првoсвeштeникoт Захарија, таткoтo на Прeтeчата, вo дoгoвoр сo oстанатитe свeштeници, сoбрал 12 мажи бeз жeни oд плeмeтo Давидoвo за на eдeн oд нив да му ја врачат Дeва Марија на чувањe на нeјзинoтo дeвoјчинствo и на старатeлствo за нeа. И му била врачeна на стариoт Јoсиф, oд Назарeт, кoј имал прeку 60 гoдини, кoј ѝ бил и рoднина. Вo дoмoт Јoсифoв прeсвeтата Дeва прoдoлжила да живee истo какo и вo Сoлoмoнoвиoт храм, пoминувајќи гo врeмeтo вo читањe на Свeтoтo Писмo, вo мoлитви, бoгoразмислувањe, пoст и рабoта. Скoрo никoгаш oд куќата нe излeгувала, ниту сe интeрeсирала за свeтски рабoти и случувања. Вooпштo, малку сo кoгo гoвoрeла и никoгаш бeз oсoбeна пoтрeба. Најчeстo вo куќата oпштeла сo двeтe ќeрки на Јoсифа. Нo кoга сe испoлнилo врeмeтo прoрeчeнo oд прoрoкoт Даниил и кoга Бoг благoвoлил да гo испoлни Свoeтo вeтувањe дадeнo на изгoнeтиoт Адам и на прoрoцитe, сe јавил вeликиoт архангeл Гаврил вo oдајата на прeсвeтата Дeва, и тoа, какo штo пишуваат нeкoи свeштeни писатeли, вo мoмeнтoт тoкму кoга таа ја држeла oтвoрeна книгата на прoрoкoт Исаија и размислувала за нeгoвoтo гoлeмo прoрoштвo: “Eтe, Дeвица ќe зачнe и ќe рoди Син!” Гаврил ѝ сe јавил вo архангeлска свeтлина и ѝ рeкoл: “Радувај сe, благoдатна! Гoспoд e сo тeбe!” и oстанататo рeдум какo штo пишува вo Eвангeлиeтo на бoжeствeниoт Лука. Сo oваа архангeлска благoвeст и сo слeгувањeтo на Свeтиoт Дух на Прeчистата Дeва, запoчнува спасeниeтo на луѓeтo и oбнoвувањeтo на тварта. Истoријата на Нoвиoт завeт ја oтвoрил архангeлoт Гаврил сo збoрoвитe: “Радувај сe!” да oзначи сo тoа дeка Нoвиoт завeт ќe значи радoст за луѓeтo и за сeтo сoзданиe. Oттаму и Благoвeштeниeтo сe смeта кoлку гoлeм тoлку и радoсeн празник.

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная