логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


               Започнува од четврток на 3-та седмица од светиот пост, и оди до среда од Светлата седмица. Ако е пост, Вечерната ја започнуваме без катизми и без поклони.
На Господи, повикав, земаме 10 стиха и пееме: од Триод – самогласен на денот двапати; подобни 3 и на празникот 3, повторувајќи две, глас 6.
Подобен: Откако сета своја надеж ја положија:
Предвечниот совет откривајќи ти го, Дево, Гавриил застана пред тебе и те поздрави, велејќи: Радувај се, земјо несеана; радувај се капино несогорлива; радувај се, бездно несогледлива; радувај се, мосту кој водиш кон небесата и скало висока, што Јаков ја виде; радувај се, божествена стомно за (небесната) манна; радувај се, на клетвата – разрешување; радувај се, Адамово обновување: Господ е со тебе (2-пати).
Нетлената Девица му говори на Архангелот: Ти ми се јавуваш како човек, а твоите зборови го надминуваат човековиот разум! Велиш дека Господ е со мене и дека ќе се всели во мојата утроба, но кажи ми: Како ќе бидам јас тоа пространо живеалиште и свето место на Оној што ги надминува и херувимите?! Да не е тоа некаква измама?! Зашто не знам за никаква наслада, ниту за брачна врска! Како тогаш ќе родам дете?! (2-пати).
Бесплотниот (Архангел) ѝ одговара: Таму каде што сака Бог, ги победува природните закони и се случуваат чуда натчовечки. Затоа, верувај им на моите вистински зборови, Сесвета и Пренепорочна! А таа извика: Нека ми биде сега според твоите зборови и ќе Го родам Бестелесниот, Кој од мене прима тело, за да го врати човекот во неговото првобитно достоинство, како сесилен, преку единство на Божјата и на човечката природа.
Слава, и сега, глас исти, самогласен.
( Од монах Јован )
                  Архангел Гаврил беше испратен од небото да ѝ го благовести на Дева зачнувањето. И, кога дојде во Назарет, размислуваше во себе за необичното чудо! Како Оној што е недостижен во висините, ќе се роди од девојка! Како Оној што за престол го има небото, а за подножје – земјата, се вселува во утроба девствена! Оној што ни шестокрилните (херувими), ни многуоките (серафими) не можат да Го гледаат, со еден збор благоволи да се воплоти од неа! Ова е Словото Божјо. Зошто стојам и не ѝ речам на Дева: Радувај се, Благодатна, Господ е со тебе! Радувај се, чиста Дево! Радувај се, Невесто неневестна! Радувај се, Мајко на Животот! Благословен е Плодот на твојата утроба.


Вход: Светлино тивка: Прокимен, и читање на денот,
и на празникот – три.
               Од книгата Битие (1 Мојс. 28, 10-17), читање:
       Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан, па најде едно место, и таму преноќева, бидејќи сонцето беше зашло. И зеде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место. И виде сон: ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа. А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече: „Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраам и Бог Исаков. Оваа земја, на која лежиш, тебе ќе ти ја дадам и на потомството твое; (не плаши се). А потомството твое ќе биде колку песокот на земјата; ти ќе се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ќе бидат благословени поради тебе и поради потомството твое. И еве, Јас сум со тебе, и ќе те чувам насекаде каде и да појдеш, и ќе те вратам во оваа земја, и нема да те оставам сè додека не го извршам она што сум ти рекол.” А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече: „Сигурно е Господ на ова место; а јас не знаев!” Се уплаши и рече: „Колку е страшно ова место! Ова е дом Божји, ова е вратата небеска!”
           Од книгата на Езекил (43, 27; 44, 1-4), читање:
          Вака вели Господ: Како ќе се свршат тие дни, во осмиот ден, а и понатаму свешнитениците ќе ги принесуваат врз жртвеникот вашите сепаленици и благодарствени жртви; и Јас ќе бидам милостив кон вас, вели Господ Бог.” Потоа ме поведе назад, кај надворешната врата на светилиштето, свртена кон исток, а таа беше затворена. И ми рече Господ: оваа врата ќе биде затворена, не смее да се отвора и ниеден човек нема да влезе низ неа, оти Господ Бог Израилев влегува низ неа и таа ќе биде затворена. Таа е за кнезот, само кнезот, затоа што е кнез и ќе седне до неа за да јаде леб пред Господ: ќе влезе преку тремот на таа врата и преку неа ќе излезе. Потоа ме одведе низ северната врата пред лицето на храмот и видов, а тоа славата Господова го исполнуваше домот Господов.


                 Од книгата Изреки (9, 1-11), читање:
              Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: „Кој е неразумен, да наврати тука!” И на малоумните таа им рече: „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.” Кој поучува бесрамник, ќе си спечали укор, и кој го разобличува нечестивецот – срам. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака. Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење. Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Светиот е разум; зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот.
Потоа, Да се исправи молитвата моја: И три големи поклони, и остатокот од Предосветената литургија.


Треба да се знае дека, ако се случи Благовештение во било која сабота од постот:
Најнапред се чита од денот, а по нив од празникот – пет: 1. Мојсеј го пасеше: 2. Господ ме имаше: 3. Јаков, пак, ја напушти Вирсавија: 4. Вака вели Господ: 5. Мудроста си изгради дом: Слично има пет читања и од празникот ако Благовештение се случи и во недела. Ако е пост, се читаат трите погоре напишани, и на Лигургија овие две.


               Од книгата Исход ( 2 Мојс. 3, 1-8), читање:
               Мојсеј го пасеше стадото на Јотор, тестот свој, свештеникот мидјански. Еднаш го одведе стадото далеку во пустината и дојде до Божјата планина Хорив. И му се јави ангел Господов во огнен пламен од средината на една грмушка. И виде тој, а тоа грмушката гори со оган, а не изгорува. И Мојсеј рече: „Да појдам да го видам ова чудо, зошто грмушката не изгорува.” А кога виде Господ дека тој доаѓа да види, извика Господ од грмушката и рече: „Мојсеј, Мојсеј!” А тој одговори: “Еве ме, Господи!” А Тој  рече: „Не приоѓај ваму. Собуј си ги обувките од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.” И му рече: „Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.” А Мојсеј го закрили лицето свое, зашто се плашеше да погледне во Бога. И Господ му рече (на Мојсеј): „Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од надзорниците. Позната ми е маката негова. Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко.“
Во првиот час од ноќта бие камбана доволно, а потоа сите собрани во храмот, откако ќе благослови свештенослужителот, и додека кади, започнуваме Големо повечерие, и Со нас е Бог: со пеење, на глас 8, и двете певници.
      И обичните тропари: Ти благодарам Господи, за изминатиот ден:
      По првото Трисвето, тропар на празникот: Денес е почетокот на нашето спасение:
      По второто Трисвето, кондак на празникот: Тебе, Богородице, поборнице војвотко: По Слава на Бога во височините, излегуваме во припрата и се прави литија според обичајот. И пееме стихири на празникот самогласни три. Глас 1.
        Византиева: Во шестиот месец, архангел (Гаврил) беше испратен при тебе, Дево чиста, за да ти го пренесе зборот на спасението: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе, ќе Го родиш предвечниот Син на Отецот, и Он ќе ги спаси луѓето Свои од нивните гревови.
Анатолиева: Во шестиот месец, од небото беше испратен архангел Гавриил, во градот галилејски Назарет, за да ѝ ја пренесе на Дева радоста благовештенска. И, кога дојде при неа, повика говорејќи: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе; радувај се, носителко на бескрајната природа, зашто твојата благословена утроба Го смести Оној што не можат да Го сместат ниту небесата; радувај се, чесно Адамово обновување и Евино избавување, радост на светот и на нашиот род – веселие.


               Архангел Гаврил беше испратен од Бога од небото при Дева неосквернета, во градот галилејски Назарет, за да ѝ го благовести чудесниот начин на зачнување. Испратен беше бесплотниот слуга при одушевениот град, и духовна врата, за да ѝ го навести доаѓањето на Господа и Неговото слегување меѓу нас. Испратен беше небескиот воин при Пресветата палата на славата, за да Му приготви на Создателот живеалиште што не може да Му се одземе и, кога дојде при неа, викаше: огнозрачен престолу; радувај се, седиште на Царот небесен; радувај се, Горо несечена, пречесно прибежиште, зашто во тебе се всели сета полнота на божеството телесно, по благоволение на вечниот Отец, и содејство на Сесветиот Дух. Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.


                  Ако е сабота, или недела.
                 Слава, глас 8 (од монах Јован).
Нека се веселат небесата, и нека се радува земјата, зашто Совечниот, Собеспочетниот и Сопрестолниот на Отецот, поради Својата милост и љубов кон човекот, по благоволение и совет на Отецот, се понижи и се всели во девствената, од Духот предочистена утроба. О чудо, Бог станува човек! Неопфатниот (се сместува) во утроба! Безвремениот во времето (влегува)! Сè е преславно; и зачнувањето е бессемено, и понижувањето е неискажливо, и колкава е тоа тајна! Оти Бог снисходи, се воплотува, кога ангелот ѝ го навестува на Чистата зачнувањето: Радувај се, Благодатна, Господ е со тебе, Кој има милост голема.
И сега, глас 2.
Денес ѝ благовестува Гавриил на Благодатната: Радувај се, незаневестена Мајко и неискусобрачна! На мојот необичен изглед не чуди му се, и не плаши се, оти јас сум архангел. Во она време змијата ја прелажа Ева, а сега јас ти благовестам радост, Пречиста, и ќе останеш нетлена, и ќе Го родиш Господа.
Ако е посен ден:
Слава, и сега: Денес ѝ благовестува Гавриил:
Потоа вообичаените молитви од Бдението.
По влегувањето во храмот, пееме:
На стиховни, стихири самогласни, глас 4.
Во шестиот месец беше испратен Архангелот (Гавриил) при чистата Дева, велејќи ѝ да се радува. Тој ѝ блговести дека од неа ќе се роди Избавителот. Затоа, откако таа го прими поздравот, Те зачна Тебе – предвечниот Бог, Кој благоволи да се воплотиш неискажливо, за спасение на душите наши.
Стих: Благословете го од ден на ден спасението од Нашиот Бог.
Богородица го слушна јазикот што не го знаеше, кога Архангелот ги изговори зборовите на радосната вест. Па, откако поздравот го прими со вера, Те зачна Тебе – предвечниот Бог. Затоа и ние, радувајќи се, Ти викаме: Боже, Кој се воплоти од неа неизменливо, мир на светот дарувај му, а на душите наши – милост голема.

Стих: Запејте Му на Господ песна нова, запеј Му на Господ, цела земјо!
Ете, Оној што дојде да нè повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува на земјата и светот од првата клетва се ослободува. Созданието нека се радува и гласно нека запее: Создателу и Избавителу наш, Господи, слава Ти.
Слава, и сега, на истиот глас.


              (Од Андреј Ерусалимски)
Денес е радоста на благовеста, девственото торжество, овдешниот свет со горниот се соединува, Адам се обновува, а Ева од нејзината прва жалост се ослободува. Скинијата на нашето битие стана храм на Бога, преку обожување на примената природа. О таинство! Несфатлив пример на понижување! Неискажливо богатство на добрина! Ангелот му служи на чудото! Девствената утроба Синот Го прима! Духот се испраќа! Отецот од небото благоволи; единството се извршува со зедничка волја! Во Него и со Него спасени, заедно со Гавриила да ѝ запееме на Дева: Радувај се Благодатна, од тебе е спасението – Христос нашиот Бог, зашто Он ја прими нашата природа за да ја издигне кон Себе. Него моли Го, да ги спаси душите наши.
Потоа, Сега го отпушташ: И, по Оче наш,
На благословувањето на лебовите (петолебието), тропар, глас 4.
Денес е почетокот на нашето спасение, и откривање на вековната тајна: Синот Божји син на Дева станува, а Гавриил благодат благовестува. Затоа и ние со него да ѝ запееме на Богородица: Радувај се, Благодатна, Господ е со тебе (3-пати).
И Нека биде благословено името Господово, од сега и до века, со пеење, трипати. И читање од празникот.


УТРЕНА


На Бог, Господ, тропар на празникот, трипати.
По првата катизма, двата седални од Триодот, без ектении, и читање од денот.
По втората катизма, ектенија и седален на празникот, глас 1.
Подобен: Војниците што го чуваа гробот Твој:
Големиот војвода на бесплотните ангели, кога се појави во градот Назарет, ти Го навестува, Пречиста, Царот на вековите и Господа, велејќи ти: Радувај се, благословена Марие, чудо недостижно и неискажливо – обновување на луѓето!
Слава, и сега, исто, читање за празникот.
По 3-та катизма, седален, глас 3.
Подобен: На убавината на твоето девство:
Денес сета твар се радува, зашто Архангелот ти говори: Радувај се, благословена, чесна и пречиста Мајко на Христа Бога! Денес се помрачува горделивоста на змијата, оти се кинат оковите на прататковската клетва. Затоа и непрестајно викаме: Радувај се, Облагодатена.
Слава, и сега, исто.
По читањето, се даваат свеќи на браќата (верниците).
По полиелејните псалми
Величание:
Со архангелски глас, ти викаме, Пречиста: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.
Избран псалм:
Боже, дај му го на царот Својот праведен суд, А на царевиот син – Својата праведност, За да им суди со праведност на Твоите луѓе И на сиромасите Твои со праведен суд. Нека ги брани бедните меѓу луѓето, нека ги спаси синовите на сиромасите. Благовестете го од ден на ден спасението од Нашиот Бог. Господ дава наредба; голема е придружбата на известителите. Му се зколна Господ на Давида со верност, и од неа нема да се откаже: Од плодот на твојата утроба ќе поставам на престолот твој. Нека биде како дожд на ливада, Како капки што наросуваат земја. Ги наведна Тој небесата и слезе, - а мрак падна под нозете Негови. Зашто Господ го избра Сион, Му омиле да живее во него. Светото живеалиште на Севишниот. Бог е среде него; тој нема да се разниша. Зашто Тој избави беден кога вика и сиромав и беспомошен. Нека Му служат сите народи. Секој ден нека Го благословуваат. Нека има на земјата жито во изобилство, до врвовите на горите. Неговото име нека биде вечно. И во Него нека бидат благословени сите земни племиња. Нека е благословен Господ Бог, Бог Израилев, Кој единствен прави чудеса; И нека е благоословено Неговото славно име довека, И со славата Негова нека се исполни целата земја! Амин и амин! Слава, и сега: Алилуја (3-пати).


Седален, глас 4.
Подобен: Јосиф се зачуди:


                 Гавриил од небото на чесната ѝ вика: Радувај се, зашто во утробата ќе Го зачнеш предвечниот Бог, Кој со збор ги составил краиштата (на вселената). А Марија му одговараше: Јас сум немажена, и како ќе родам син? Кој видел бессемено раѓање? Ангелот, пак ѝ одговараше на Богородица и Дева, велејќи ѝ: Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени.
Слава, и сега, глас и подобен исти.
Гавриил беше испратен при Дева Марија, и тој ѝ јави радост неискажлива: дека ќе зачне бессемено и негнилежна ќе остане: Ќе родиш Син, предвечниот Бог, и Он ќе ги спаси луѓето од нивните гревови. И Оној што ме испрати, сведочи и бара да ти речам: Радувај се, благословена! Како девојка ќе родиш и, по раѓањето, пак девојка ќе останеш.И читање за празникот.
Потоа степена, првиот антифон од глас 4.
Прокимен, глас 4ː Благословете го од ден на ден спасението од Нашиот Бог.
Стихː Запејте Му на Господ песна нова, запеј Му на Господ, цела земјо!
Сѐ што дишеː
Евангелие според Лука ( 1, 39-49,56), зачало 4.
По 50-от псалм стихира, глас 2. Самогласна.
Денес ѝ благовестува Гавриил на Благодатнатаː Радувај се, Мајко незаневестена и неискусобрачна! Не чуди му се на мојот необичен изглед, и не плаши се, оти јас сум архангел. Во она време змијата ја прелажа Ева, а јас сега ти благовестам радост, Пречистаː Ќе останеш нетлена, и ќе Го родиш Господа.
Канон на празникот, ирмоси по два, а тропари на 12. Катавасија на празникот, и двете певници.
Каде што има трипеснец, таму пееме на празникот со ирмос на 6, и трипеснец на 8. Катавасија, ирмос од Триодот, и двете певници.
Канон, творба на кир Теофан, (чиј акростих е според азбучниот ред, до 8-та песна). Глас 4.
Ирмосː Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе ѝ кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжествувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса.
Нека ти пее, Владичице, твојот прататко Давид, свирејќи на духовна лира. Послушај го, ќерко, радосниот глас од ангелот, зашто ти благовестува радост неискажлива.
Ангелотː Ти викам тебе, веселејќи сеː Приклони го увото твое и чуј ме! Јас ти го навестувам Божјото бессемено зачнување, зашто си нашла милост пред Бога, што не ја нашла никоја друга, Сечиста.
Богородицаː За да ја разберам силата на твоите зборови, Ангелу, како ќе биде тоа што ми го рече, говори уште појасноː Како ќе зачнам кога сум невина Дева? Како ќе бидам и мајка на Мојот Создател?
Ангелотː Чинам дека помислуваш оти моите зборови се лажни, и се радувам гледајќи ја твојата претпазливост. Биди смела, Владичице, оти, кога Бог сака, лесно се исполнува и она што го надминува човековото разбирање.
Песна 3
Ирмос:  Твоите песнословци, Богородице – жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојата божествена слава, со венците на славата удостој ги.
Богородица: Нема веќе кнез од Јуда, дојде друго време, во кое ќе се јави Христос – надежта на сите народи; но ти, објасни ми, како ќе Го родам Него, кога сум девствена.
Ангелот: Од мене бараш, Дево, да го дознаеш начинот на твоето зачнување, но тој е неискажлив. Тоа ќе го изврши Светиот Дух Кој ќе те осени, со Својата сила животворна.
Богородица: Мојата прамајка (Ева), откако го прифати советот на змијата, беше лишена од божествената храна. Затоа и јас се плашам од твојот нобичен поздрав, срамејќи се да не згрешам.
Ангелот: Јас, Божјиот застапник, пратен сум да ти ја пренесам Божјата волја. Зошто се боиш или пазиш од мене, Сенепорочна! Јас сум тој што повеќе се плаши од тебе и набожно те почитува.
Седален, глас 8.
Словото Божјо сега слезе на земјата: ангелот застана пред Дева, викајќи: Радувај се, благословена, која единствено го запази печатот на девството, кога во утробата Го прими предвечното Слово и Господа, за да го спаси, како Бог, родот човечки.
Слава, и сега, глас исти.
Подобен: Кога ангелот ја прими:
Од небото беше испратен Архангел Гавриил од Бога. Тој бргу застана пред одушевениот град, велејќи ѝ јасно: Дево, ти ќе го примиш Создателот во утробата, и ќе Го родиш со тело, неизменливо. Затоа сум испратен да ти јавам необично раѓање, чиста и света, викајќи ти: Радувај се, невесто незаневестена.
Песна 4.
Ирмос: Оној што седи во слава, на престолот од Божеството – најбожествениот Исус, дојде на лесен облак и со нетлената рака ги спаси тие што викаат: Слава ѝ, Христе, на Твојата сила.
Богородица: Од пророкот, кој во она време Го претскажа Емануила, слушнав дека треба да роди некоја света девојка. Но сакам да разберам, како е можно човечката природа да се измеша со божеството?
Ангелот: Преславната тајна што се однесува на тебе, веќе ни ја откри капината која остана неизгорена, кога го прими пламенот, Благодатна и сепеана, зашто, и по раѓањето, ќе останеш чиста и секогаш Дева.
Богородица: Гаврииле, проповеднику на вистината, осветлен од сјајот на Бога Седржителот, кажи ми најискрено: Како ќе Го родам, телесно, бестелесното Слово, а да не биде оштетена мојата нетлена чистота?!
Ангелот: Пред тебе стојам со страв, како слуга пред Господарка, и сега се срамам да те погледнам, Дево, зашто Словото на Отецот ќе слезе на тебе како дожд на руно, како што Он благоволи.
Песна 5.
Ирмос: Целиот свет ѝ се чудеше на твојата божествена слава, зашто ти – неискусобрачна Дево, си Го имала во утробата Оној Кој е Бог над сите и си Го родила вечниот Син, Кој им дава мир на сите оние што тебе те воспеваат.
Богородица: Не можам да ги разберам јасно твоите зборови, зашто, со Божја сила, се случувале многу чудеса, знаци и слики на законот, но никогаш, без маж, не родила девојка.
Ангелот: Ти си изненадена, Сенепорочна, и твоето чудо е необично, зашто ти единствена ќе Го примиш Царот на вселената, Кој се воплотува. За тебе зборуваат пророците преку символи, слики и загатки.
Богородица: Оној што е неопфатлив и невидлив за сите, како може Тој да се всели во девствена утроба, што Самиот Он ја создаде?! И како ќе Го зачнам Бога Словото, Кој е собеспочетен на Отецот и на Духот?!
Ангелот: Оној што му вети на твојот прататко Давида, на престолот од неговото царство да Го постави плодот од твојата утроба, за живеалиште на Словото те избра тебе, убавината на Јакова.
Песна 6.
Ирмос: Пророкот Јона, предобразувајќи го тридневното погребение, во китот молејќи се, повика: Од гибел избави ме, Исусе, Цару на силите (небесни).
Богоодица: Кога го примив радосниот глас на твоите зборови, Гаврииле, се исполнив со божествено веселие, оти соопштуваш и навестуваш радост бесконечна и веселие.
Ангелот: Тебе ти се даде, Богомајко, радост божествена. Тебе сета твар ти вика: Радувај се, Богоневесто, зашто само ти беше однапред избрана да бидеш Мајка на Синот Божји, Пречиста!
Богородица: Сега, преку мене, нека биде уништена осудата Евина; денес нека ѝ биде простен долгот заради мене, и од древниот заем нека биде целосно ослободена преку мене.
Ангелот: Бог му вети на праотецот Авраам дека во неговото семе ќе бидат благословени сите народи! Преку тебе, Пречиста, денес се исполнува тоа ветување.
Кондак, глас 8:
Тебе, Богородице, поборнице војвотко, ние твоите слуги, од злото избавени, победна и благодарствена песна ти пееме: Како онаа што има сила непобедлива, од секакви неволи ослободи нѐ, за да ти викаме: Радуј се, Невесто неневесна!
Икос: Ангел застапник беше испратен од небото да ѝ рече на Богородица: Радувај се! И гледајќи дека Ти, Господи, со гласот на бесплотниот се воплотуваш, зачуден стоеше и вака ѝ велеше: Радуј се, од тебе ќе изгрее радоста; радуј се, преку тебе ќе исчезне клетвата! Радуј се, на паднатиот Адам враќање; радуј се, Евино од солзи избавување! Радуј се, височино за човечките помисли тешко достижна; радуј се, длабочино и за ангелските очи несогледлива! Радуј се, зашто си престол на Царот; радуј се, зашто Го носиш Оној што носи сѐ! Радуј се, ѕвездо што Го навестуваш Сонцето; радуј се, утробо на божественото воплотување! Радуј се, преку тебе тварта се обновува; радуј се, преку тебе на Творецот Му се поклонуваме! Радуј се, Невесто неневесна!
Песна 7.
Ирмос: Богомудрите момчиња не им послужија на тварите, наместо на Создателот, но, откако храбро ја победија огнената закана, се радуваа пеејќи: Највоспеаниот Господ и Бог на татковците, благословен си.
Богородица: Ти ми откриваш дека нематеријалната Светлина, поради своето големо милосрдие, се соединува со материјалното тело: - светла вест и радосна, проповед божествена! И затоа ми велиш: Благословен е, Сечиста, плодот на твојата утроба!
Ангелот: Радувај се, Владичице Дево! Радувај се, Пречиста! Радувај се, храме Божји! Радувај се, свешнику на Светлината. Адамово враќање (во рајот), Евино избавување, Горо света, пресветло осветување, и палато на бесмртноста!
Богородица: Со слегувањето на Светиот Дух, душата очисти ми ја, телото освети го; направи ме живеалиште на Бога, скинија богоукрасена, храм одушевен и чиста Мајка на Животот.
Агнецот: Сега те гледам како свешник многусветол и како брачна одаја од Бога направена, како златен ковчег. Прими Го, Богоневесто, Давателот на законот, Кој благоволи, преку тебе, да ја избави распадливата човечка природа.
Песна 8.
Ирмос: Слушни дете, Дево Пречиста, Гаврил нека ти го каже древниот вистински совет на Севишниот: Биди подготвена да Го примиш Бога, зашто преку тебе Несместливиот ќе поживее со луѓето. Затоа, радувајќи се, викам: Сите дела Господови, благословете Го Господа.
Богородичен: Девојката одговори: Умот на секој земнороден е надминат, ако бара да ги разбере чудесата што ми ги проповедаш. Восхитена сум од твоите зборови, а сепак се плашам, да не ме оддалечиш од Бога со лага, како Ева. Но, ете, и покрај сѐ, викам: Сите дела на Господа, благословете Го Господа, и превозносете Го во вековите.
Ангелот: На овие зборови Гавриил одговори: Ете, твојата недоумица се разреши, оти добро рече дека работата е тешко достижна. Но, имај доверба на зборовите од твоите усни; не сомневај се дека станува збор за измама, туку верувај како на реалност. А јас, пак, радосно викам: Сите дела на Господа, благословете Го Господа, и превозносете Го во вековите.
Богородица: Овој закон им е даден на луѓето од Бога, одговори веднаш Непорочната: Раѓањето е плод на взаемна љубов, а брачното задоволство ми е непознато. Како можеш да речеш дека ќе родам?! Се плашам да не кажуваш лага! Но, ете, и покрај сѐ, викам: Сите дела на Господа, благословете Го Господа, и превозносете Го во вековите.
Ангелот: Ангелот пак одговори: Зборовите што ми ги кажуваш, Пречиста, се вообичаени при раѓањето на смртните луѓе. Но јас ти ветувам дека Бог навистина ќе се воплоти од тебе, надумно и неискажливо, како што Он знае. Затоа, радувајќи се, викам: Сите дела на Господа, благословете Го Господа, и превозносете Го во вековите.
Богородица: Ми се јавуваш како вистински проповедник, рече Дева, зашто си дојден како благовесник на радоста заедничка. Бидејќи ги очистив и душата и телото, нека ми биде според твоите зборови, и Бог нека се всели во мене, Кому, со тебе, му викам: Сите дела на Господа, благословете Го Господа, и превозносете Го во вековите.
На 9-та песна братијата (верниците) пак ги палат свеќите.
Почесна од херувимите: не пееме, туку пееме припев на празникот: Благовести земјо радост голема, небеса фалете ја Божјата слава. Потоа ирмосот: Раката на нечистите никако да не се допира: Истиот припев го пее и другата певница (хор), и ирмосот. Истиот припев се пее и пред другите тропари на празникот.
Пред тропарите од трипеснецот го пееме овој припев:
Слава, Ти, Боже наш, слава ти.
Кон богородичните го пееме припевот на празникот.
Песна 9.
Ирмос: Раката на нечистите никако да не се допира до живиот Ковчег Божји, а усните на верните непрестајно да го пеат ангелскиот поздрав на Богородица, и радосно да викаат: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.
Кога надумно Го зачна Бога, ти, Дево, не подлегна на законот на природата и, при твоето раѓање, ти ги избегна мајчинските болки, иако ја носеше распадливата природа. Затоа заслужуваш да бидеш поздравена: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.
Од каде доаѓа изворот на млеко, Дево чиста, не може да искаже јазик овоземен, оти покажуваш нешто необично за природата, што го надминува законот на природното раѓање. Затоа заслужуваш да бидеш поздравена: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.
За тебе таинствено се говореше во Светото писмо, Мајко на Севишниот, зашто Јаков, кога во она време ја виде скалата, која беше праслика за тебе, рече: Ова е скалилото Божјо. Затоа заслужуваш да бидеш поздравена: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.
Чудесно е чудото што на божествениот Мојсеј му го открија капината и огнот (на Синај)! Барајќи го со текот на времето неговото исполнување, тој рече: Јас ќе го видам тоа кога на Богородица ќе ѝ биде речено: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.
Даниил те нарече Гора духовна, а Исаија – Родителка на Бога. Гедеон те виде како руно; Давид те нарече светилиште, а друг некој – врата. Гавриил, пак, ти вика: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.
Потоа ирмос од Триодот, припев на празникот, и ирмос – двата хора (певници) заедно.
          Светилен.
           Подобен: Со учениците да се искачиме:
         Архистратигот на англските сили беше испратен од Бога при чистата Дева да ѝ го благовести необичното и неискажливо чудо: бессеменото воплотување на Бога од неа и нејзиното девствено раѓање, заради обновување на целиот човечки род. Луѓе, објавувајте ја оваа вест радосна (2-пати).
Слава, и сега, друг светилен.
Подобен: Жени, слушнете го:
Денес се познава тајната Божја од вековите: Словото Божјо, поради милосрдие, станува Син на Дева Марија, и Гавриил ја навестува радоста благовештенска. Со него и ние да ѝ запееме: Радувај се, Мајко Господова.
На хвалитни, Се што дише: и пееме стихири, на 4, Глас 1.
Кога Гавриил слета од небесните  сводови во Назарет, пријде при Дева Марија, викајќи ѝ: Радувај се! Синот што ќе Го зачнеш временски му претходи на Адама. Он е Творецот на вековите и Избавител на оние што ти викаат: Радувај се, Пречиста.
Совечното Слово на беспочетниот Отец, без да ги напушти небесните височини, слезе во долните (места), поради бескрајно милосрдие, примајќи ја нашата падната природа и Адамовата беда, и зеде форма туѓа на Божеството Негово.
Кога од небото ѝ ја донесе радосната вест на Дева, Гавриил викаше: Радувај се, зашто во твојата утроба ќе Го зачнеш Оној што целиот свет не може да го смести, а во тебе ќе се смести, и ќе Го родиш Оној што засветли од Отецот, уште пред ѕвездата Деница.
Кога предвечното Слово, по совет на Отецот, телесно се всели во тебе, Богородице Дево, го обнови нашиот паднат род, поради древната клетва. Затоа сите ние, со ангелот, верно ти викаме: Радувај се, Мајко Христова.


                 Слава, и сега, глас 2. Теофанова:
            Денес се открива тајната од вековите, и Синот Божји син човечки станува, та, откако го прими полошото, да ми го даде најдоброто. Некогаш Адам се измами и, кога посака да биде Бог, не стана (тоа). Но сега Бог станува човек, за да го направи бог Адама. Нека се весели тварта, нека ликува природата, зашто Архангелот стои со страв пред Дева, за да ѝ рече: Радувај се, во радост претворајќи ја жалоста на нашите прародители. Боже наш, Кој се вочовечи поради безмерно милосрдие, слава Ти.
Ако е сабта или недела, славословие големо, и ектении, и отпуст. Ако е посен ден, на стиховните пееме од Триодот смогласен на денот, двапати: и маченичен.
Слава, и сега, на празникот, глас 8.


                Нека се веслат небесата и нека се радува земјата, зашто Совечниот, собеспочетен, и Сопрестолен Син на Отецот, поради Својата милост и човекољубие, се понижи, по благоволение и совет на Отецот, се всели во девствената утроба, од Духот предочистена. О чудо! Бог (доаѓа) меѓу луѓето! Неопфатниот во -   утроба! Безвремениот – во времето. А она што е уште почудно, тоа е бессеменото зачнување и таинственото, неискажливо понижување. Оти Бог се понижува (снисходи), се воплотува и се изградува, кога ангелот ѝ го благовести зачнувањето на Чистата, велејќи: Радувај се, Благодатна, Господ е со тебе, Кој има милост голема.
                Потоа, Добро е: еднаш. По Оче наш: тропар на празникот, и ектенија. На крајот три големи поклона, без отпуст на Утрената. Се дава и свето масло на браќата (елеопомазание), и се пее стихира самогласна, и 1-от час со катизма; тропар и кондак на празникот, а на крајот – три големи поклони, и молитвата: Христе, вистинска светлино: и отпуст.

 

Подготви: Т.Ц.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная