логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

За смртта – свест за сегашноста


         Смртта е мерило на нашиот одност кон животот. Луѓето кои се плашат од смртта се плашат од животот. Не може човек кој се плаши од смртта, да не се плаши од животот со сета негова комплексност и опасност.
Значи, решението на прашањето со смртта не е непотребно. Ако се плашиме од смртта, никогаш нема да бидеме подготвени да преземеме големи предизвици; животот ќе го поминеме кукавички, претпазливо и плашливо.
Само ако можеме да се соочиме со смртта, да ја разбереме, да ѝ го одредиме местото, а и нашето во однос на неа, само тогаш ќе можеме да живееме бестрашно и во полнотата на нашите способности.
Најчесто чекаме до крајот на нашиот живот за да се соочиме со смртта, и најчесто тоа значи дека кога би се соочиле порано нашиот живот би бил поинаков.
          Постои светоотечко кажување, кое се повторува низ вековите, дека треба да се сеќаваме на смртта низ целиот наш живот. Но ако ваквото кажување му се повторува на современиот човек, кој страда од плашливост и недостиг на вера и опит, што преовладува во нашево време, тој ќе помисли дека е повикан да живее во сенката на смртта, во матна состојба, бивајќи постојано прогонуван од стравот дека смртта се приближува и дека нема смисла тој да живее. Доколку тој постојано и длабоко се сеќава на смртта, таа ќе се претвори во меч кој виси над неговата глава, спречувајќи го задоволството од животот и исполнувањето на него. Таквиот пристап на ова кажување мора да се отфрли. Потребно е да го разбереме сеќавањето на смртта во неговото полно значење: како продолжување на животот, не како негово намалување.
          Најчесто живееме како да правиме план за животот кој ќе го живееме подоцна. Нашиот начин на живеење не е точно одреден, туку привремено, како да се подготвуваме за денот кога ќе почнеме вистински да живееме. Наликуваме на луѓе кои пишуваат груб нацрт со намера подоцна да направат слична копија. Проблемот е што никогаш не стигнуваме да ја напишеме крајната верзија. Смртта доаѓа пред да имаме време или дури и пред да се појави желба за да направиме крајна формулација.
             Секогаш мислиме дека тоа може да го направиме утре. „Денес ќе живеам просечно. Утре ќе дејствувам точно и јасно. Не е добро, знам, но ми треба време. Ќе ги доведам работите во ред на некој начин, или пак тие самите ќе се средат.“ А знаеме дека времето всушност никогаш и не доаѓа.
„Сеќавај се на смртта“ – не е повик да живееме со чувство на терор во постојано сеќавање дека смртта ќе дојде и дека ќе исчезнеме потполно со сите работи за кои сме се бореле низ животот.
Поправо значи: „Биди свесен за фактот дека тоа што го зборуваш, правиш, претрпуваш или добиваш сега може да биде последниот настан или последното искуство во твојот сегашен живот“.
Во ваквиот случај, тогаш тоа ќе биде крунисување, а не пораз.
Кога само би сфатиле дека секој пат кога сме соочени со некоја личност, тоа може да е последниот миг од неговиот или нашиот живот, би биле понапрегнати, многу повнимателни на зборовите кои ги кажуваме или работите кои ги правиме.
Има една руска приказна за деца, во која на еден мудар човек му се поставени три прашања: Кој е најважниот момент во животот? Која е најважната постапка во животот? Која е најважната личност?
Како и во сите приказни, тој ги бара одговорите насекаде, но не успева да најде ниту еден.
Најпосле, среќава мала селанка, која е изненадена дека тој поставува такви прашања. „Најважниот момент во животот е сегашниот. Тој е единствениот што го имаме, бидејќи минатиот го нема, а идниот сè уште не пристигнал. Најважната постапка е да ги правиме правите работи. А најважната личност во животот е онаа која е со тебе во моментот и со која можеш да постапиш на правилен или погрешен начин.“
Токму ова значи да се сеќаваме на смртта.
            Вредноста на сегашниот момент може да ја сфатиме кога некој наш многу драг човек боледува од тешка болест или кога сме свесни дека тој/таа може да умре веќе следниот момент. Само тогаш ја гледаме значајноста на секој потег, секоја постапка, и разбираме колку мала е разликата помеѓу оние работи кои вообичаено ги сметаме за големи во животот и оние кои [навистина] се големи. Начинот на којшто зборуваме, начинот на којшто го подготвуваме послужавникот со чај, начинот на којшто го подместуваме неудобното перниче станува исто толку важно како и најголемите работи што сме ги направиле. Затоа што, најскромната постапка, наједноставниот збор, може да биде завршница на цел еден однос, изразувајќи ја до совршенство сета длабочина на тој однос, сета љубов, грижа и вистина кои лежат во него.
Кога само би ја воочиле итноста на секој момент при сеќавањето дека може да биде последен, нашиот живот длабински би се сменил.
Празните зборови кои Евангелието ги осудува (Матеј 12,36), сите тие постапки и изјави кои се безначајни, нејасни или деструктивни – за сите нив нема да има место. Нашите зборови и постапки би биле измерени пред да бидат изговорени или направени, за да би можеле да бидат врвно достигнување во животот и да ја изразат совршеноста на една врска.
           Само сеќавањето за смртта му дава на животот непосредност и длабочина, го оживува животот, го прави толку напрегнат што неговата полнота е собрана во сегашниот момент. Токму таков е начинот на кој аскетите се бореле против несвесноста, недостигот на внимание и безгрижност, против сите ставови кои ни дозволуваат да го пропуштиме моментот или можноста, да ја одминеме личноста, да не ја забележиме потребата. Една од најглавните работи на кои сме повикани е да се научиме на свест – свест за самите себеси и за состојбата на другиот, свест дека ќе застанеме на тестот на животот и смртта. Сиот живот во секој момент е крајна постапка.


Митрополит Антониј Сурожски


Извор: http://agapi.mk/antonij-surozhski-za-smrtta/#

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2051
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная