логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT390.Isaak.Sirin

 

Свети Исаак Сирин

          Вистина е она што вели Господ, дека човек со љубов према светот не може да задобие љубов спрема Бога, дека општејќи со светот човек не може да општи со Бога, и дека грижејќи се за светот, не може да се грижи за Бога. Штом заради славољубие го напуштиме Божјото, а често и заради недостиг на она што е потребно за телото, многумина од нас се приклонуваат на другата страна. Некои се согласија да се залагаат за царството небесно, а не сеќавајќи се на ветувањето кое го искажа Господ (Мат. 6, 25-34): „но барајте го најнапред Царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето, на секој ден доволно му е неговото зло.“

               Господ се грижи за птиците без душа, ради нас создадени, зар нас ќе нѐ занемари? Тоа е невозможно. Кој се грижи за духовното или за нешто што служи на духовното, телесното му се дава без грижа за тоа колку и кога е потребно. Кој пак се грижи за телесното повеќе отколку што е потребно, тој и против своја волја отпаѓа од Бога. Ако се потрудиме да се грижиме за она што служи во слава на Името Господово, Господ по мерата на нашиот труд ќе се погрижи и за едното и за другото (т.е. и за духовното и за телесното). Меѓутоа, нема ни да се трудиме да го искушуваме Бога во телесното во замена за нашите душевни дела, туку сите наши дела ќе ги насочиме со надеж во идните блага. Кој што еднаш од љубов према својата душа се предал себе на добродетелите и посакал да ги стекни, тој после тоа нема да се грижи за теленсото, односно, дали има ова или она. Во овој поглед (т.е. телесен), Бог често допушта добродетелните луѓе да бидат искушувани со нешто такво (телесно) и допушта на нив од сите страни да надојдат искушенија: на нив, како на Јов, наведува телесни слабости, ги изложува на сиромаштво, прави луѓето да се откажат од нив, му нанесува загуби во она што го стекнале (ги лишува од имотот), но не допушта нешто да им наштети на нивните души. Невозможно е одејќи по патот на правдата да не сретнеме страдање, телото да не ни снемогни од болести и страдања, да остане непроменето, ако веќе сме засакале добродетелно да живееме. Ако пак човек води живот по сопствена волја или препуштајќи се на зависта, и губејќи ја својата душа или правејќи нешто друго што му нанесува штета, он живее ради осуда.

                    А кога ќе тргне по патот на правдата и зачекори кон Бога и кога со него се многумина слични на него, и кога ќе наиде на такво нешто (т.е. жалосно), не му доликува да се оттргни од својата патека, туку должен е тоа да го прифати радосно и без љубопитност, да заблагодари на Бога што му ја испратил таа благодат и што се удостоил ради Бога да падне во искушение, и во страдањата да постане заедничар со пророците, апостолите и другите светители, кои ради тој пат претрпиле страдање. На него ќе дојдат искушенија или од луѓето или од демоните, или од телото, така што тоа би му било поттик за праведност. Невозможно е Бог према оној кој посакал да пребива со Него, да му покаже благонаклонетост на некој друг начин, освен да му испрати искушение ради вистината, бидејќи човекот не може сам по себе, без благодатта Христова, да се удостои на тоа велико дело, т.е. да падне во искушение за овој божествен труд - и да се зарадува.

           За тоа сведочи и св Павле, бидејќи толку е големо ова дело, што светиот апостол отворено го нарекува дар, човековата подготвеност да пострада ради надежта во Бога. Апостол Павле вели дека ни е дарувано од Бога не само да веруваме во Него, туку и да страдаме за Него. (Фил. 1,29) Така и св. Петар напиша во своето Послание: „ако страдате ради правда, блажени сте. (1.Пет.3,14), бидејќи сте постанале заедничари на страдањата Христови.“ (в. Фил. 3,10)

             Најполсе, не треба да се радуваш кога живееш во раскош, а во страдањата да бидеш со тажно лице, сметајќи ги туѓите патиштата за Божји, зашто неговиот пат од века и од почетокот е поплочен со крст и смрт. Од каде ти е таа помисла, воопшто, (дека страдањата се туѓи на патот Божји)? Оттаму ќе дознаеш дека си излегол од патот Божји и дека се оддалечуваш од него.Сакаш ли да одиш по стапките на светиите, или намислуваш за себеси да изградиш поинаков, посебен пат и по него да чекориш без страдање­­?

Патот Божји е секојдневниот крст.

                  Никој не се вознел на небото живеејќи лагодно (односно повлекувајќи се во себе самиот). Ние знаеме каде завршува патот на лагодноста. На Бога не Му е угодно да биде безгрижен оној кој Му се предал со сето срце. Он мора да се грижи за вистината. А кога Бог непрестајно му испраќа страдање, по тоа ќе познае дека е под Божја промисла. Промислата никогаш не допушта оние кои живеат во искушенија да паднат во демонските раце, особено ако ги целиваат нозете на браќата , прикривајќи и премолчувајќи ја нивната вина, прифаќајќи ја како да е нивна сопствена. Кој сака во овој свет да нема грижи (т.е. да живее не подвизувајќи се за вистината) и сакајќи го тоа и да се усовршува во добродетелите, тој не е на нејзиниот пат, бидејќи праведните не се подвизуваат во добрите дела само по своја волја, туку и против својата волја, истрајуваат во силна борба со искушенијата за да го проверат своето трпение.

                   Душата која во себе има страв Божји, не се плаши од ништо што ќе и наштети телесно, бидејќи од сега и во вековите на вековите се надева на Бога. Амин.

 

Превод:

Сестринството на Слепченскиот Манастир

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/za-ljubovta-prema-svetot-sveti-isaak-sirin/?fbclid=IwAR2qoBRW1cGnqxVvLU6efzyNg8K-rXKRNkMzo2dSxwQ3Y7oJAySQHG-mEsc

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная