Спомен на свети Силуан Атонски (24.09.2015)
Господ ни Го даде Светиот Дух и ние ја научивме песната Господова, и од сладоста на љубовта Божја ја забораваме земјата.
Љубовта Господова е огнена и не ни дава да се сеќаваме на земјата.
Господ ни Го даде Светиот Дух и ние ја научивме песната Господова, и од сладоста на љубовта Божја ја забораваме земјата.
Љубовта Господова е огнена и не ни дава да се сеќаваме на земјата.
Преку својата пот, човекот се приближува кон Бога, затоа, ако сите негови мисли се за тоа, како повеќе да заработи – тој станува несреќен. Со тие мисли се хранат гордоста и егоизмот, а колку повеќе егоизам, толку човекот е понесреќен. Заради него ние и тонеме во осаменост. Луѓето се осамени во толпата, осамени во животот.
На 21.09.2015 година, кога го празнуваме раѓањето на Пресветата Богородица од неплодните, праведни Јоаким и Ана, во манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, беше отслужена Божествена Литургија.На литургијата богослужеше архимандритот Никола (Трајковски).
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Литургија во ставропигијалниот манастир Рождество на Пресвета Богородица во с. Калишта, Струга. Верниот народ, кој го имаше и од соседните држави, но и луѓе од друга вероисповед постојано доаѓаше да се поклони пред чудотворната икона на Мајката Божја, која оваа света обител ја чува уште од 14 век.
Да Ѝ благодариме на Пресвета Богородица што благоизволи да го обновиме овој преубав храм, кој е украс во овој крај и кој така хармонично се слеа во природните убавини што Бог ги дал овде. Да се помолиме да ни даде сили целосно да го завршиме, да го живописаме и најпосле осветиме, а за тоа ќе треба да придонесеме сите....
Неопходно е да водиме сметка за следното: да не, можеби, крстот и неподносливата болка произлегуваат од нашата сопствена злоба. Егоизмот, зависта, неправедноста, лагата, богатењето и пред сè, непокајанието, односно нашето свесно и цврсто врзување за злото, творат крст на којшто ние самите себе се распнуваме, а Бог да не го сака тоа. Човечката злоба, во секој свој облик, претставува смрт и мрак....
Во Новиот Завет, од отелотворувањето Христово, светите икони се почитуваат како свети сликовити свидетелства на преголемата тајна на вообличувањето на Бог Логосот во тело и обличје човечко; тие се Свето Писмо за неписмените; тие се место на присутност на благодатта Божја, заради што многубројни свети икони се и чудотворни и мироточиви.
Нашиот копнеж за средба со Воскреснатиот Господ и учеството во следење на Неговaта победа започнува од првиот ден во седмицата – понеделникот. Како што поминуваат деновите од седмицата, ние живееме со сеќавањето на изминатиот неделен ден, на изминатата мала Пасха, и во исчекување на денот недела што следува, во кој повторно ќе го живееме надминувањето на сопствената смрт и прeображението на својот сопствен живот во просторот на Царството Божјо.
Тој никогаш не сакаше да импровизира и да измислува некои нови работи за да импресионира или да создава свои следбеници и почитувачи. Секогаш се базираше врз светоотечкото предание, и ги имаше усвоено зборовите што своевремено преподобниот Јустин Поповиќ им ги кажал на своите духовни чеда: „Доколку ова што ви го кажувам е согласно со она што го кажуваат светите отци, тогаш прифатете го и следете го.
Севкупниот живот на овој избран сад Божји е невообичаен. Таа го добива името Марија, што значи испросена, односно, измолена од Бога. Нејзините родители, праведните Јоаким и Ана, ја раѓаат во стари години. Во години, кога според сите биолошки законитости, тие не можеле да имаат пород. Но, кога сака Бог ги победува природните законитости.
Со најнежна мајчинска љубов и со благодатта излеана од својот Син, Преблагословената и најсвета наша Мајка, онака како што може само Таа, таинствено ги покани и мајчински ги собра во Својот храм во с. Ростуше, Бигорскиот Старец, Архимандрит Партениј, заедно со браќата и сестрите од нашите Обители. Празничниот звук на камбаните ги донесе во храмот и благочестивите Ростушани,...
Денес сакам да ви говорам за молитвата. Молитвата - тоа е нашиот разговор со Бога. Во молитвата ние Го прославуваме Бога, Му благодариме и бараме од него се што ни е потребно. Молитвата е вистинска голема сила, со која се прават чуда. Треба да се молиме секој ден. Понекогаш ни е тешко да се молиме, немаме молитвена расположба, но во таков случај потребно е да се принудуваме на молитва....
Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства, една врвна убавина што ги разубавува и двата света, која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.”
Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските старци во Скитот, останал во пустината. А аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“.
На 20.09.2015 година, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Созонт; Светите апостоли Евод и Онисифор;светиот маченик Евпсихиј; свети Јован, архиепископ Новгородски; Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Ллитургија во храмот „Пресвета Богородица“ во с. Лешок - Тетово. На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Oвој страшен податок го објавил социологот Масимо Интровини – соработник на ОБСЕ уште во јуни 2011 г., проценувајќи дека секоја година во различни краишта од светот се убиваат не помалку од 105 илјади христијани само поради тоа што тие веруваат во Христа. Но, оваа бројка во последнава година драстично пораснала како последица на гонењата со кои се соочуваат христијаните на Блискиот Исток, каде секојдневно свирепо се убивани од војниците на „Исламската држава“,...
Затоа постојано служиме света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: “пак и пак…“, повторно и повторно. Зошто? Бидејќи сум човек. Како што велат некои – убаво ги зборуваш овие работи и додека зборуваш, сè е во ред, но кога ќе завршиш, започнува пак истото – ги заборавив твоите зборови. Повторно чекам да те слушнам и потоа пак заборавам.
Го праша авва Јован Евнух, кога беше помлад, старецот: „Како вие можевте со леснотија да го понесете делото Божјо, а ние ни со напор не можеме да го вршиме?“ А старецот му рече: „Ние можевме, зашто наше главно занимање беше делото Божјо, а на телесните потреби малку внимававме, а вам телесните потреби ви се главно занимање, а делото Божјо не го сметате за неопходно.
Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.
Наредниот ден, кога дојдоа бедуините и повторно ги побараа тенките гранки, ги собрав во купови сите тенки гранки и им ги дадов. Тогаш еден постар бедуин ми рече: „Ти си добар човек; ќе падне дожд.“ Навистина, кога се вратив во манастирот, почна да паѓа дожд и врнеше многу. Благословот на бедуините ги отвори небесата. Тогаш никому не му ја раскажав оваа случка.