логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 svatanzim2016

„Ти си вистински бесмртен, како што тоа го кажува и твоето име (Атансиј), зашто ти со твојот збор си ги надминал дејствените (луѓе), победувајќи ги со својот строг живот и опитните говорници: и во двата погледа си ги надминал сите врвови. Затоа, откако болсна со неспоредлива добродетел, се здоби со бесмртен спомен во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на св. Атанасиј Велики).

 svatanzim2016 1

svatanzim2016 2

Како што пее и црковната песна, вечен им е споменот и бесмртен на оние кои секакви маки и страдања претрпеа во својот живот, но не поради свои причини, туку секогаш борејќи се за Вистината - за Христа. И по толку многу векови, Црквата не ги заборави Великите Атанасиј и Кирил, Александриските светила, кои и денес, со своите дела и животи, ни го осветлуваат патот кон вечниот и блажен живот. На овој свет ден, на 31.01.2016 година, кога го празнуваме споменот на двајцата Велики учители, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, игумените Гаврил и Григориј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон многубројниот верен народ, а игуменот Гаврил им подели нафора на верниците. Во продолжение, интегрално ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 svatanzim2016 3

Митрополит Тимотеј

 svatanzim2016 3

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Секој човек, во овој привремен живот, има разни непријатели. Некој повеќе, некој помалку. Некој големи, некој помали. И болестите, страдањата и жалостите се непријатели на човекот во текот на неговиот живот. Но, најголем и најстрашен непријател на секој човек е гревот. Додека сме во овој овоземен живот, со милоста Божја, разните непријатели може да ги снема. Болестите, со разни медикаменти и помош на лекарите, можат да се излекуваат. До колку, пак, се неизлечливи, настапува смртта и истите прекратуваат. Се преселува човекот во другиот живот. Онаму каде што нема ни болка, ни тага, ни воздишка, а има само вечен и бесконечен живот.


Секој еден човек кој доаѓа во овој свет, по незапирливиот закон, истиот свет и го напушта. Никој не е вечен освен Единиот Бог, Создателот и Промислителот на видливиот и на невидливиот свет. Ние, луѓето, кога го напуштаме овој живот и свет, преселувајќи се во идниот, во нашата вистинска вечна татковина, сè што имаме, слава, богатство, убавина, чест го оставаме тука. Со нас за вечност го носиме само гревот, престапот, или, пак, добрите дела, со кои ќе излеземе пред лицето Божјо, или за пофалба, или за осуда.


Нашиот Спасител Господ Исус Христос вели: „Без Мене не можете да направите ништо" (Јн. 15, 5). Добриот човек, сè што прави, го прави со помошта Божја, односно, со благодатта на Светиот Дух. Ако со сопствени сили не можеме да направиме ништо добро, тогаш уште помалку, без содејство Божјо, ќе можеме да ја спасиме нашата душа за бесконечна вечност. Но, за да ја испросиме милоста Божја, за Бог да ја излие Неговата благодат врз нас потребно е и наше искрено делување. Нашето делување ќе биде изразено преку добродетелен живот, со живот кој е угоден на Бога, со исполнување на редот и поредокот на Црквата, но не само формално, туку и суштински. Со таков живот, ќе можеме да се надеваме и да ја добиеме Божјата наклонетост. Ќе можеме да ја испросиме и да ја здобиеме Неговата поткрепа и сила, за да можеме да живееме угоден живот, исполнет со добродетели. Така живеејќи ќе ги победиме гревот и престапите кои нè оддалечуваат од Бога, од правдата, од вистината и од вечниот живот.


Дека сето тоа е можно, нашата света Црква, како грижлива мајка, постојано ни изнесува примери на коишто треба да се угледаме. Примери коишто ќе нè водат по вистинскиот пат, за да спечалиме вечност и блаженост во идниот живот. Таков пример имаме и во светиот Атанасиј Велики, чијшто спомен денеска го празнуваме. Провидението Божјо било такво што овој слуга Божји, уште од најрана младост го посветил својот живот на Бога. Се вели дека уште како мало дете играл со своите врсници игра во која тој ја имал улогата на архиереј. Светиот Александриски патријарх Александар, гледајќи ја оваа детска игра, со посебна љубов се однесувал кон Атанасиј, кој ја играл неговата улога. Тој го зел под своја закрила и на млади години го ракоположил за ѓакон, го школувал, воспитувал и го утврдувал во Христовата вистина. Бидејќи бил обдарен со бодар и виспрен дух ги изучил тогашните школи навлегувајќи длабоко во богословската мисла на IV век. Во 325 год., Атанасиј како млад ѓакон ќе го придружува својот духовен учител на Првиот вселенски собор во Никеја. За време на соборот Атанасиј ќе се пројави како голем богослов и бранител на Православието од аријанската ерес. Тој ќе биде оној што ќе го состави првиот дел од символот на верата. Ќе биде силен борец за вистинското учење, и поради тоа, подоцна, ќе биде назначен за наследник на св. Александар во Александрија. На александриската катедра ќе помине 47 години, од кои 15 во прогонство. Свети Атанасиј ќе претрпи големи маки и страдања од страна на аријаните. Ќе претрпи многу прогонства, но, секогаш ќе се пројавува како силен и непоколеблив исповедник на вистинската православна вера.


Неговиот свет и исправен живот го вбројува помеѓу големите учители и исповедници на нашата света Православна црква. Затоа и светата Црква му го дава епитетот Велики. Се стекнал со тој епитет бидејќи, со своето учење и со својот живот, се истакнал во заштитата и проширувањето на вистинската догма и учење на нашата света вера. И покрај тоа што имал многу надворешни и внатрешни непријатели, тој, со Божјата милост, и крепен од Божјата благодат, успеал сите да ги надвладее и да ги победи, зачувувајќи ја својата вера и спасувајќи ја својата душа во царството Божјо. Како угодник Божји, тој има смелост пред лицето Божјо и нам, кои сме во овоземната Црква, да ни помага, да измоли милост Божја и да ни ја зацврсти верата. Та да можеме да живееме според неа, правејќи добри дела и да се надеваме на вечен и блажен живот, сега и во сета вечност. Амин.

 svatanzim2016 5

svatanzim2016 6

svatanzim2016 7

 
Св. Атанасиј Велики
31. 01. 2016 год.
храм „Св. вмч. Ѓорѓи" Охрид

Извор: Дебарско- кичевска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

22/01/2025 - среда

Светиот маченик Полиевкт; Преподобен Евстратиј; Свети Филип, митрополит Московски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная