[youtube height="450" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=VH4eZou6wpc[/youtube]
Браќа, словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја. Зашто е напишано: „Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на разумните.” Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет? Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи со безумството на проповедта да ги спаси оние што веруваат. Оти и Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство; за повиканите, пак, како Јудејците, така и Елините, Христа како Божја сила и Божја премудрост.
1Кор. 1,18-24
Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/vozdvizhenie-na-krstot-gospodov/