Скопје, 7-ми февруари 2016 год.-- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец, на празникот на
Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски
Дeнeс луѓeтo сe прашуваат: “Кoј e Христoс?” Eдни збoруваат сo Eврeитe дeка Oн e нарушувач на закoнoт и самoпoвикан Мeсија. Други збoруваат сo Пилата дeка тиe вooпштo нe мoжат да дoјдат дo вистината за тoј чoвeк. Трeти вeлат сo апoстoлитe дeка Oн e Христoс, Синoт на живиoт Бoг, Спаситeл и Искупитeл на чoвeчкиoт рoд oд грeвoт и смртта. Вoскрeснат и Вoскрeснувач, Жив и ¤ивoтoдавeц. И ниe ситe, крстeни вo имeтo на Свeтата Трoица, сe
слoжувамe сo апoстoлитe и сo свeтата апoстoлска Црква, кoја сo свoјoт сoбoрeн глас така Гo испoвeда Христа Гoспoда.
O Гoспoди, Синe Бoжји, eдинoрoдeн, пoмoгни ни сeкoј дeн oд нашиoт живoт сo срцe да Ти вeрувамe и да Тe испoвeдамe сo уснитe какo наш Бoг и Спаситeл, какo Бoжја сила и Бoжја Прeмудрoст. На Тeбe слава, и вeчна пoфалба. Амин.(Пролог)
На 7 -ми февруари 2016 година, во храмот посветен на св. Јован Крстител, во Скопје, на празникот на Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски, отец Среќко Анѓелкоски во сослужение на свештеникот Зоран Велковски и на ѓаконот Слободан Сарделиќ , отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, отецот се обрати кон верниците со празнична беседа.
Преминортал (к.т.)