логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Плаошник, 4-ти февруари 2016 год.- на празникот на Светиот апостол Тимотеј

 

[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=k_ejq7MRTQc[/youtube]

 

На 04.02.2016 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј и на преп. маченик Анастасиј Персиец, како и по повод именденот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, игумените Гаврил и Григориј, протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Љупчо Бакрачески, протоѓаконите Сашо Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф се обрати пред верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ги причести оние кои со страв и побожност пристапија кон светиот Путир, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верниците.

Од името на свештенството и монаштвото, како и од сите верни чеда од нашата Епархија, му го честитаме именденот на нашиот духовен водач Митрополитот Тимотеј, со желби и молитви кон Господа, Он да го чува на сите патишта негови, та уште долги години да Му служи на Севишниот, а нас да нè води на вистинскиот пат, кој води до Царството Небесно.

На многаја лета, Високопреосвештени Владико!

Митрополит Кумановско-осоговски Јосиф

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Наоѓајќи се на брегот на Охридското езеро, под сводовите на храмот на светиот Климент Охридскиот чудотворец, на покана на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј, му благодариме за поканата и можноста да кажеме збор-два за денешниот празник, дозволувајќи остатокот да го надополни Благодатта Божја, која денес изобилно се излева на ова место.

Овде секој камен си го пронашол своето место и го изобразил ова духовно светилиште, кое со векови наназад, но и во вековите кои доаѓаат ќе зрачи со благодат и спокојство, спокојство и мир кои денес и тоа како му се потребни на светот. На светот, кој што заборавил што е тоа спокојство, и што е тоа мир.

Возљубени во Господа,

На секоја богослужба, а особено на светата литургија свештеникот многу често им се обраќа на верниците со зборовите: Мир на сите! Но, што значат овие зборови, и за каков мир ни говори Црквата?

Драги браќа и сестри,

Црквата нè потсетува за мирот за кој пееја ангелите во Витлеем. Ни го испраќа мирот, што им го остави Спасителот на апостолите. Црквата ни говори за мирот со кој им се обрати Спасителот на своите ученици по Воскресението. Мирот, што го остави Спасителот на земјата, не е мир со кој ќе се смират природните стихии, не е мир меѓу човек и човек, ниту мир меѓу царствата земни. Мирот Христов, пред се е помирувањето меѓу човекот и природата, помирувањето меѓу човекот и сето создание Божјо, помирување на човекот со Бога. Мирот Христов, е повик и благослов за мир во нашите срца, за мир во душите, и мир во совеста. Зашто мирот Христов, живее само во она срце, во кое не постои роптање на Бога. Не постои роптање, туку сè се прима како израз на волјата Божја. Тој мир, ја исполнува чистата душа во која нема лукавство, со тој мир се смири и светиот Симеон Богопримец, кога во рацете го држеше Христа. Таков мир ни испраќа Црквата, но и не повикува да го проповедаме, и да го сведочиме мирот Христов по целата земја.

Да го сведочиме мирот Христов, зашто Христос е единствената потпора и сигурното пристаниште за секој човек. Да го сведочиме мирот, со зборови и со дела, зашто голема сила има примерот.Ние, повеќе го следиме и го практикуваме тоа што го гледаме, отколку тоа што го слушаме или знаеме. Само со добриот пример, ќе Го прославиме и Отецот наш кој што е на небесата, ќе ја исповедаме и својата вера, и ќе ја потврдиме науката Христова што ја проповедаме. Зашто ни една проповед не е посилна од делата, и ни една проповед појасно не ја сведочи верата од делата. Така се гради, и така се чува Црквата, со зборови, со дела и со примери. Затоа, одговорноста, но и благословот пред се почиваат врз оние кои Црквата ги поставила да бидат светило за светот. Светило кое ќе зрачи, и со примери и со дела. А со такви примери и такви дела ни сведочи митрополитот Тимотеј. Делата и трудот негов, на нивата Господова, јасно се видливи и јасно сведочат за верата негова. Јасно сведочи и свештенството на оваа епархија, за својот пастир и архиереј. А сведоци, сме и сите ние.

Високопресвештен владико, гледајќи и знаејќи ги Вашите дела, чувствуваме особена радост, што сме денес овде во Охрид, заедно и со другите браќа архиереи за да ви го честитаме именденот. Радоста наша е особено голема што сме едно, и што го сведочиме единството, на начин кој нема алтернативи или супститути. Тоа единство, е единство во Евхаристијата, во едната чаша. Таквото единство е потврда на сета наша вера и надеж, и само тоа единство ќе остане и ќе трае, сега секогаш и во сите векови.
 
Честит именден и на многаја лета. Амин!

По Литургијата


04.02.2016 година

ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид

Преминпортал (к.т.)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

22/01/2025 - среда

Светиот маченик Полиевкт; Преподобен Евстратиј; Свети Филип, митрополит Московски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная