Скопје, храм на св. пророк Илија на празникот на Чесни вериги на Светиот апостол Петар
Во триесет и петата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Чесни вериги на Светиот апостол Петар, во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски во сослужение на ѓаконите Гоце Постолски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Чесни вериги на Светиот апостол Петар
Старец Паисиј Светогорец
Оние што не примаат забелешки од луѓето што ги љубат, а им даваат значење на потсмевите на луѓето што размислуваат световно, сепак крајно остануваат “криви дрва”. Исто така, штиците што не го примаат стругањето од Дрводелецот за да станат мебел, па завршуваат во бетонот или во скалите и биваат газени и валкани со кал сè додека не бидат уништени и не завршат во оган. На многу горделивиот, ако е особеник и избувлив, нема да му биде корисна дружбата со смирен човек, туку често станува уште побезобзирен. Значајно е да осознаете дека дури и ѓаволот исчезнува од смирението.
[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=UbH7Vo4_Fqk[/youtube]
Преминпортал (к.т.)