Предавање на проф. д-р Владета Јеротиќ: „Кога религиозноста станува психолошки проблем?“
На покана на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на 7 мај 2014 г. се одржи предавање на познатиот и европски признат психијатар и академик, проф. д-р Владета Јеротиќ. Предавањето се одржа на богословскиот факултет, во преполнетата сала „Архиепископ Доситеј“, и на истото присуствуваа Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, митрополитите г. Петар и г. Јосиф...