логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ог Мандино


Божјиот меморандум



За: Тебе

Од: Господ

Прими го мојот совет.

Го слушам твојот крик... Ти носам олеснување за твојата тага, бидејќи позната ми е причината за неа, и и го знам лекот...

... Слеп ли си? Изгрева и заоѓа сонцето, а ти тоа не го гледаш?

Не. Ти гледаш, а милионите рецептори што ти ги вградив во очите ти овозможуваат да уживаш во волшебната убавина на листовите, снегулките, езерата, орлите, децата, облаците, ѕвездите, розите и погледите полни со љубов. Запиши еден благослов.

Глув ли си? Може ли бебето да се смее или да плаче, а ти да не го чуеш?

Не. Ти слушаш, и дваесет и четирите илјади влакненца што ги вградив во твоето уво го слушаат ветерот на гранките, плимата што ги водени карпите, величенственоста на операта, детската игра... и зборовите 'те сакам'. Запиши уште еден благослов.

Нем ли си? Плунката е единственото нешто што излегува од твојата уста кога ќе ги придвижиш усните?

Не. Ти зборуваш како чудотворец, а твоите зборови можат да ги смират лутите, да ги расположат нерасположените, да ги поттикнат оние што ќе потклекнат, да ги разведрат несреќните, да им ја згреат душата на осамените, да ги пофалат оние што тоа го заслужуваат, да ги охрабрат поразените, да ги подучат оние што не знаат, и да речат 'те сакам'. Запиши уште еден благослов. Неподвижен си?

Не, ти се движиш. Не си дрво осудено да стоиш на мал простор на земјата додека ветриштата и светот со тебе прават што сакаат. Можеш да се истегнеш, да трчаш, да играш, да работиш, бидејќи ти дадов петстотини мускули, двесте коски, и петнаесет килограми нервни влакненца и сите ги синхронизирав да се покоруваат на твоите наредби. Запиши уште еден благослов.

Не си сакан и недостоен си за љубов? Дали осаменоста те гуши и дење и ноќе?

Не. Не повеќе. Сега знаеш дека љубовта е тајна, дека мораш без размислување да ја дадеш за да ја добиеш. Љубовта поради исполнетост, задоволство или гордост не е љубов. Љубовта е подарок кој не бара возвраќање. Сега знаеш, несебичната љубов сама по себе е награда. Дури и невозвратената љубов не е загуба, бидејќи самата ќе ти се врати и
ќе го омекне и ќе го исчисти твоето срце. Запиши уште еден благослов. Двапати запиши го.

Дали срцето ти е болно? Попушта, напорно му е да те одржи во живот?

Не. Твоето срце е силно. Допри ги градите и почувствувај го неговиот ритам, пулсирањето, денот и ноќта, триесет и шест милиони отчукувања секоја година. Година за година, било да си буден или спиеш, срцето пумпа крв низ повеќе од дваесет илјади километри вени, артерии и цевчиња, повеќе од два милиони литри секоја година. Човекот никогаш не измислил таква машина. Запиши уште еден благослов.

Кожата ти е болна? Ги вртат луѓето главите од тебе, вџашени се од твојот изглед?

Не. Твојата кожа е чиста, таа е чудо. Се што е потребно е сапун и млеко, перење и грижа. Со текот на времето и најјакиот челик ќе ја загуби својата цврстина и сјај, но твојата кожа нема. Секој метал со употреба се аби, се уништува, но не и наметката во којашто те сместив. Кожата постојано се обновува, новите клетки ги заменуваат старите. Запиши уште еден благослов.

Градите ти се воспалени. Се бориш за секое вдишување?

Не. Тие те одржуваат и во најзагадената средина, којашто самиот си ја создал, и постојано работат за да го привлечат кислородот, кој дава живот низ шесте милијарди џебови во ткивото ослободувајќи го твоето тело од отпадните гасови. Запиши уште еден благослов.

Крвта ти е затруена? Измешана е со вода и гној?

Не. Во твојата крв има околу дваесет и два трилиони крвни клетки, во секоја од нив има милиони молекули, а во секој молекул се наоѓа атом, којшто осцилира повеќе од десет милиони пати во секунда. Секоја секунда два милиони од твоите крвни клетки умираат, за да ги заменат два милиони нови, во воскреснувањето коешто постојано трае, од твоето раѓање. Секогаш било така во твојата внатрешност, а сега така ќе биде и во твојата надворешност. Запиши уште еден благослов.

Да не си малоумен? Не си во состојба да размислуваш?

Не. Твојот мозок е најкомлексната структура во универзумот. Јас го знам тоа. Неговиот еден килограм и триста грама просечна маса содржи околу триесет милијарди нервни клетки, а тоа е два и пол пати повеќе отколку што има луѓе на Зем-јата. За да ти помогнам да го запомниш секое внимание, звук, вкус, мирис и случување од дното на твоето раѓање, во твоите клетки вградив илјада милијарди протеински молекули. Сите случувања се тука, чекаат само да се присетиш на тоа. А за да му помогнам на мозокот да го контролира твоето тело, по него распространив милиони рецептори за болки, допир и температура. Златните резерви на една нација не се толку добро чувани како што си чуван ти.

Ти си моето најдобро дело. Во тебе има доволно атомска енергија за да разори кој било од големите градови во светот и повторно да го изгради...

... Сиромашен си? Немаш ниту сребро ниту злато?
   
Не. Ти си богат. Сега заедно ги набројавме сите богатства што ги поседуваш. Проучи го списокот. Повторно наброј ги. Треба да знаеш што имаш.

Не е сиромашен оној кој малку има, сиромашен е оној што многу бара...

...Ти ја дадов моќта за размислување.
Ти ја дадов моќта за љубов.
Ти ја дадов моќта за желба.
Ти ја дадов моќта за фантазија.
Ти ја дадов моќта за создавање.
Тија дадов моќта за планирање.
Ти ја дадов моќта за говор.
Ти ја дадов моќта за молитва...

 ... Прави се со љубов, сакај се себеси, сакај ги другите, и сакај Ме Мене.

Избриши ги солзите. Посегни по Мојата рака, фати Ме и исправи се.

Пушти Ме да го искинам тој мртовечки порив што те притиснал.

Денес Јас и ти дознаваме:

ТИ СИ НАЈГОЛЕМОТО ЧУДО НА СВЕТОТ.

Ог Мандино
(од книгата „Најголемото чудо на светот")

Ог Мандино е еден од најчитаните писатели на светот, со оглед на тоа дека: четириесет негови книги се преведени на осумнаесет јазици, а се продадени во повеќе од дваесет и пет милиони примероци. Меѓу неговите најпознати книги спаѓаат: Избор, Христово послание, Најголемото чудо на светот, Најголемата тајна на светот, Најголемиот трговец на светот, Акабаров дар, и други...

 

Извор: Премин бр.13/14



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная